СветПортугалија прогласи вонредна состојба во областите што се најтешко погодени од пожарите Португалската влада денеска прогласи вонредна состојба во областите најтешко погодени од пожарите, вклучително и областа Авеиро, јужно од Порто.Во земјата моментално има повеќе од 100 пожари, а најмалку седум лица загинаа во Авеиро и Визеу, меѓу кои и пожарникари и цивили, објави цивилната одбрана. Авеиро беше меѓу најтешко погодените области, додека неколку големи пожари зафатија и други шумски области. Политичарот Дуарте Коста во вторникот вечерта изјави дека специјализиран тим за итни случаи од 230 шпански војници ќе биде распореден во Визеу. Властите допрва треба да соопштат податоци за материјалната штета и бројот на евакуирани. Португалскиот премиер Луис Монтенегро ги повика полициските инспектори да ги удвојат напорите за пронаоѓање на одговорните за подметнувањето на пожарите и вети помош за погодените. Останатите членки на Европската унија, Шпанија, Франција, Италија и Грција ангажираа по два канадери во Португалија, а помош во форма на четири противпожарни авиони пристигна од Мароко. Шпанската армија, исто така, испраќа 240 војници и возила од своите итни противпожарни баталјони во Португалија. Властите мобилизираа повеќе од 5.000 пожарникари, а уништени се десетици куќи и илјадници хектари шума. Португалската национална гарда соопшти дека од саботата уапсила седум лица осомничени за подметнување пожар во областите Леирија, Кастело Бранко, Порто и Брага. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНад сто илјади луѓе на вчерашните протести во Франција, регистрирани и инцидентиИлјадници граѓани излегоа на улиците низ Франција во текот на вчерашниот ден, барајќи подобри услови за живот, повисоки плати и поголеми инвестиции во образованието. Протестите на повеќе локации прераснаа во инциденти и судири со полицијата, а беа регистрирани и приведувања. Според податоците на полицијата, на демонстрациите учествувале повеќе од 100 илјади луѓе, од кои околу 24.000 во Париз. Синдикатот на младите, пак, изнесе повисока проценка, тврдејќи дека на протестите се приклучиле околу 200 илјади. Инциденти биле регистрирани во Париз, Лион, Бордо и Нант, каде што биле приведени над 120 луѓе. На демонстрациите биле ангажирани околу 70.000 полицајци, исто колку и за претходните три големи протести. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДСБројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли.Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ''економските експерти'' од СДС кои ги оставија со празни џебови додека Филипче и кланот Заеви се богатеа. Кога СДС и Филипче се повикуваат на ММФ, тогаш треба да ги прочитаат и целосните извештаи, а не да извлекуваат само податоци што ним им одговараат. Колку тоа и да не и се допаѓа на СДС, Македонија бележи највисок економски раст во регионот, меѓународните извештаи ги потврдуваат позитивните економски движења. Македонија е една од земјите со најниските стапки на инфлација во Европа каде достигна 4,0 % на годишно ниво во октомри 2026 година. Во време на СДС и ДУИ инфлацијата беше двоцофрена а Филипче и Заев се грижеа само за раст на сопствените бизниси и инвестиции во авиокомпании, плантажи и висококатници во Дубаи додека народот го осиромашија и го оставија на раб на егзистенција. Денес владата предводена од ВМРО ДПМНЕ од длабок минус во наследство од владеењето на СДС и ДУИ ја стабилизира економијата и ја води кон раст. Денес индустрискиот промет во Македонија бележи раст од над 5,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, што е охрабрувачки показател за економската активност. Имаме над 1,1 милион туристи и речиси три милиони ноќевања заклучно со септември. Кај туризмот во третиот квартал годинава, во споредба со истиот период минатата година, се регистрирани 35.000 туристи и 110.000 ноќевања повеќе, што претставува раст од над шест проценти кај двата показатели. Се градат автопати кои со децении тапкаа во место, се воведуваат нови авионски линии, Македонија се поврзува со регионот и светот, со цел да се олесни транспортот, да се привлечат странски инвестиции, да се развива туризмот и да се отворат нови економски можности. Се инвестира во инфраструктура, се работи на подобрување на условите за бизнис и се создаваат предуслови за економски развој. Никој не тврди дека економските проблеми се решени преку ноќ. Напротив, потребна е сериозна работа, инвестиции, продуктивност и подобар животен стандард што е приоритетна цел на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошциЗа сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.На 14/15.11.2026 во периодот од 22:00 до 07:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола, при што се констатирани 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 12 лица се лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно лице е лишено за безобѕирно управување моторно возило, три лица се лишени по член 204 од Кривичниот законик, а пет лица се приведени по член 4 и член 6 од ЗППЈРМ. Исто така, за време на активноста бе аизвршени контроли во неколку угостителски објект, при што во еден од нив беа затекнати седум малолетници кои консумираат алкохол. Додека, пак, забележано е дека тобако продава алкохол на малолетници, по што заедно со ДПИ се преземени мерки за санкционирање. Во истиот период, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје спроведоа контрола на настна техно журка, одржана во подземен паркинг Кресненско востание, при што 65 лица се легитимирани, а извршен е преглед на 13 возила, а е едно лице е лишено по член 215 од Кривичниот законик. За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.Тагови: Акциски контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter