3Општина Кисела Вода обезбедува бесплатни униформи за сите 5500 ученици од основните училишта од овој дел на градот
ЖивотПортугалија ги забранува бурките на јавни места. Казни до 3.000 евраПортугалија усвои закон со кој се забранува покривање на лицето на јавни места, а за прекршување на одредбите се предвидени парични казни кои се движат од 150 до 3.000 евра.Новите прописи – кои локалните медиуми ги нарекоа „закон за бурка“ – забрануваат носење облека што го крие лицето или оневозможува идентификација, пренесува „Еуроњуз“ (Euronews). Законот исто така забранува принудување на други лица да го покриваат лицето врз основа на пол, религија, возраст или потекло. „Лицето мора да се смета за централен елемент на човечкиот идентитет и комуникацијата“, изјави португалскиот претседател Антонио Хозе Сегуро, признавајќи дека ова прашање вклучува „голема општествена и културна чувствителност“. Исклучоци од забраната се предвидени за покривање на лицето од здравствени, професионални или уметнички причини, како и поради временските услови. Забраната не важи ниту за верски објекти, дипломатски претставништва или воздухоплови. Законот беше усвоен во парламентот во јули со поддршка на владејачката десничарска коалиција и екстремно десничарските партии, додека левичарските партии гласаа против него. Предлогот, поднесен од десничарската партија „Чега“, наиде на негативни мислења од Португалската адвокатска комора, Високиот совет на Јавното обвинителство и Португалското здружение на адвокатки. Експертите исто така изразија загриженост дека законот би можел да биде неуставен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо Љутков, и екс-министерот Салиу стана национален координатор Шабан Салиу, поранешниот министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на стратегијата за инклузија на Ромите, доби нова владина функција - Национален координатор за следење на стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030.Салиу ја добива оваа функција истовремено со Зоран Љутков кој беше назначен за Национален координатор за култура. И двајцата за време на реконструкцијата на владата беа разрешени како министри - едниот без ресор, а другиот за култура. Салиу, инаку, е на обвинителна клупа во големиот предмет за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Тој е еден од обвинетите поранешни директори на дирекцијата за заштита и спасување, институција со која раководел во периодот од 2012 до 2017 година и која, според обвинението, не извршила ниту една инспекција во дивата дискотека.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче се одморил на јахтата на Заев, но не одмора од кажување на лагиФилипче се одморил на јахтата на Заев, но не одмора од кажување на лаги, човекот кому му се запали модуларна болница треба да одговара, а не да држи прес-конференции .РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Филипче се врати од Паљури, откако фатил боичка сончајќи се на луксузната скапа јахта на Заев и се појави на прес-конференција да лаже и да манипулира. Човекот кој е директно виновен за не поставување на минимум техничка спецификација за модуларната болница која се запали во Тетово и во која загинаа 14 лица, треба да одговара, а не да држи прес-конференции. Но, бидејќи се уште се најголема опозициска партија на хартија, да им одговориме на прозивките. За Гостивар, граѓаните веќе знаат кој ја реши ситуацијата, поради неспособноста на Валбон Лимани, кадарот на Филипче, Ахмети и Таравари. Додека Филипче се сончаше на јахтата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја среди ситуацијата со водата, и истата е достапна и за техничка употреба но и за пиење. Во следниот период, надлежните органи треба да се позанимаваат со тоа кој е виновник за оваа криза, но и за над 400 негативни испитувања кои биле криени од Филипче за Гостивар, додека тој бил министер за здравство. Во однос за просечната плата, во периодот од јули 2024 до мај 2026 година просечната плата се зголемила за 8.583 денари, или просечно за 373 денари месечно, додека пак од 2017 година до 2024 година кога власта ја предводеше СДС таа се зголемила за 18.444 денари или околу 220 денари месечно. Да резимираме, бројките кои СДС ги постигнала за 7 години владеење, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира за еден мандат. Во однос на просечната старосна пензија, истата во периодот од 2017 година до 2024 година кога СДС владееше со државата, се зголемила за 7.664 денари или за 84 месеци влада, истата месечно се зголемувала за 91 денар. Од друга страна, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за само година и пол, пензијата ја зголеми за 7.000 денари, или во просек месечно за близу 300 денари. Тоа што СДС го направил за 7 години власт, ВМРО-ДПМНЕ го реализираше за 18 месеци. Јавниот долг пак, се зголемил од 47,7% во 2017 од БДП, и стигнал до 61,4% од БДП во 2024 година, односно власта на СДС. Последните две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да го намали на 58,8%, односно за приближно 3% помалку. И секако омилената тема на СДС, а таа е инфлацијата, само кратко. Во времето на СДС, поточно јули 2022 година, Македонија имаше просечна инфлација од 16% и таа беше во првите три највисоки во поширокиот регион и Европа, а денес, јули 2026 година, истата изнесува 2,3% и е една од најниските стапки на инфлација, во поширокиот регион и Европа. Успешните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ, Венко Менгеле не може да ги побие со држење на прес-конференции за кои и блиските околу него не му веруваат. Сепак ако Филипче смета дека граѓаните му веруваат на него, а не на ВМРО-ДПМНЕ, секако дека може да повика на избори, па да видиме граѓаните што мислат. Но, стравот од можно изборно соочување се виде во очите на Филипче. И самиот е свесен дека ќе доживее таков дебакл, а по тој дебакл ќе треба да си замине засекогаш од политиката. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаОпштина Кисела Вода обезбедува бесплатни униформи за сите 5500 ученици од основните училишта од овој дел на градотОбезбедени се бесплатни училишни униформи за секој ученик во сите основни училишта на територија на општината, опфаќајќи 5500 ученици.Во пресрет на новата учебна година, Општина Кисела Вода ја потврдува својата силна поддршка за семејствата со деца во основното образование. Обезбедени се бесплатни училишни униформи за секој ученик во сите основни училишта на територија на општината, опфаќајќи 5500 ученици. Дополнително, секое прваче кое оваа есен за првпат ќе седне во училишните клупи, од Општина Кисела Вода ќе добие бесплатно ранче опремено со неопходниот училишен прибор. Овие мерки претставуваат директна институционална поддршка за значително олеснување на семејните буџети. -Децата се нашата најисплатлива инвестиција. Со обезбедувањето на бесплатни униформи за сите 5500 основци од нашите основни училишта, како и комплетно опремени ранчиња за нашите првачиња, ние директно го штитиме и олеснуваме семејниот буџет. Преку овие системски чекори се креира образовен амбиент ослободен од социјални разлики, во кој единствениот фокус на учениците останува воспитно-образовниот процес и нивната лична надградба. Сакаме родителите да бидат спокојни, а секое дете да се чувствува подеднакво вреднувано, достоинствено и прифатено. Општина Кисела Вода останува стабилен партнер на секое семејство, континуирано креирајќи мерки кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите наши жители- изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19