Португалија, Бразил, Хрватска и Египет во четвртфиналето на Светското во ракомет - Канал 5

Португалија, Бразил, Хрватска и Египет во четвртфиналето на Светското во ракомет

 Португалија, Бразил, Хрватска и Египет го комплетираа четвртфиналето на Светското првенство во ракомет за мажи.

Португалија, Бразил, Хрватска и Египет во четвртфиналето на Светското во ракомет

Иберијците продолжија со импресивниот настап по убедливата победа од 46:28 (22:17) над аутсајдерот Чиле во последниот натпревар од групата 3 од главната фаза на натпреварувањето и завршија на првото место со 9 бода.

Така Португалија за првпат во својата историја ќе игра во четвртфинале на едно Светско првенство, каде противник на избраниците на Пауло Фидалго ќе биде Германија.

Јужноамериканскиот првак Бразил се зацврсти на второто место со 8 бода по победата над Шпанија со 26:25 (14:13). Ла Роха, бронзена од претходниот Мундијал, заврши на петтото место во групата со 3 бода и е елиминирана од борбата за почести.

Норвешка го доби скандинавското дерби против Шведска со 29:24 (16:11), но тоа беше мала утеха за домаќините, кои останаа третопласирани во групата со 6 бода и завршија десетти во конечниот пласман.

Во групата 4, Хрватска заврши на првото место со 8 бода по победата во последното коло над Словенија со 29:26 (15:15). Со иста бодовна предност, африканскиот шампион Египет остана втор, откако ги совлада Зеленортски Острови со 31:24 (14:13) во последниот натпревар од главната фаза.

Исланд исто така собра 8 бода по победата од 30:21 (15:10) над Аргентина, но заврши на третото место во групата поради послаб дополнителен учинок и беше елиминиран.

Двојки за четвртфинале:

Франција - Египет

Хрватска - Унгарија

Данска - Бразил

Португалија - Германија. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Техеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на Иран

Иран изврши серија ракетни и напади со беспилотни летала врз американски цели во Јордан, Кувајт, Ирак и Бахреин, како одговор на американските напади врз Исламската Република.

Техеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на Иран

Јорданските вооружени сили соопштија дека пресретнале 13 балистички ракети, од кои 10 биле уништени, додека три паднале во оддалечени области. Иранските медиуми претходно објавија за интензивни напади врз јужен Иран по должината на брегот, како и дека најмалку четворица цивили биле убиени за време на свадба во градот Сирик, по нападите на американските сили во близина на Ормутскиот Теснец. Вашингтон негираше дека воено интервенирал врз цивилни цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористи

Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев.

Путин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористи

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев и дека жестоко ќе одговори доколку биде загрозена безбедноста на руското цивилно воздухопловство, како што се закани украинскиот претседател Зеленски.

Зборувајќи пред новинарите по самитот на шангајската организација за соработка тој реториката на Зеленски ја нарече чин на државен тероризам и оцени дека барањата на киев за директни преговори се апсурдни во моменти кога украинската страна таргетира транспортни правци. Зеленски претходно се закани дека ќе ги нападне руските цивилни аеродроми и ги повика меѓународните авиокомпании да се повлечат од руските коридори тој рече дека рускиот воздушен простор ќе стане небезбеден и дека бројот на беспилотни летала на руското небо ќе се зголеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лекарската комора почна процедура за избор на ново раководство

Во тензична атмосфера и зад затворени врати, Лекарската комора одржа собрание, на кое беше одлучено процедурата за избор на ново раководство да продолжи на 7 октомври.

Лекарската комора почна процедура за избор на ново раководство

Мандатот на актуелната претседателка Калина Гривчева Старделова е истечен од 1 јули, а дел од делегатите ја обвинија дека намерно го опстриура и одложува изборниот процес.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер