АХВ: Земени нови мостри од повеќе локации во Гостивар, додека забраната за користење на водата останува во сила
2АХВ: Земени нови мостри од повеќе локации во Гостивар, додека забраната за користење на водата останува во сила
3Герасимовски: Ги повикуваме младите да аплицираат, досега е исплатена 71 субвенција за возачка дозвола во Центар
ФудбалПортугалија без Роналдо против Мексико и САДФудбалерот на саудиски Ал Наср, Кристијано Роналдо, кој се повреди на крајот на февруари, го нема на списокот играчи повикани во репрезентацијата на Португалија за пријателските натпревари против Мексико и САД, јавија денеска светските агенции.Петкратниот освојувач на „Златната топка“ ја повреди тетивата на натпреварот од саудиското првенство против Ал-Фајах на 28 февруари. Португалскиот селектор Роберто Мартинез претходно оваа недела изјави за локалните медиуми дека Роналдо има „лесна повреда“. Португалија ќе игра против Мексико на 28 март и против САД на 31 март во Атланта, подготвувајќи се за Светското првенство во кое ќе биде во група со Колумбија и Узбекистан, како и победникот од плејофот меѓу Нова Каледонија, Јамајка и Демократска Република Конго. Тагови: Мексико Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Пејачка во секси бикини кое едвај ги покри силиконите Атрактивната и популарна пејачка Сандра Африка уште еднаш ја оправда титулата на една од најубавите српски пејачки и буквално ги вжешти социјалните мрежи со својата најнова објава.Сексапилната пејачка ги почести своите следбеници на социјалните мрежи со провокативно селфи од луксузната јахта на која ужива во жешките летни денови. Во преден план на фотките секако е нејзиниот провокативен црн костим за капење со необични отвори и ленти, кој совршено ги истакна нејзините силикони и извајана фигура. Сандра го комплетираше целиот морски изглед со брендирани очила за сонце, лента за коса со украс и впечатливи обетки во форма на морска ѕвезда. Сандра инаку редовни ги воодушевува своите фанови на социјалните мрежи со фотки на кое таа најчесто позира во минијатурно бикини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваЛегендарната фотографија на Меси и бебето Јамал станува колекционерски примерокЛегендарните фотографии од времето кога најдобриот светски фудбалер Лео Меси го држи бебето Ламин во рацете добива специјално издание, откако нивната приказна повторно го освои светот.„Topps“ го најави издавањето на специјална колекционерска картичка инспирирана од една од најпознатите фотографии во историјата на модерниот фудбал – моментот кога Лионел Меси во рацете го држеше тогаш уште бебето Ламин Јамал. Фотографијата е направена за време на престојот на Меси во Барселона, како дел од хуманитарна кампања на УНИЦЕФ. Она што првично претставуваше симпатичен промотивен момент, со текот на годините доби речиси филмска симболика, бидејќи момчето од фотографијата прерасна во една од најголемите млади ѕвезди на светскиот фудбал и стандарден првотимец на каталонскиот гигант. Интересот за оваа фотографија нагло порасна по финалето на Светското првенство, во кое Јамал и шпанската репрезентација ги победија Меси и Аргентина со тесен резултат од 1:0. Многумина го опишаа натпреварот како симболично предавање на палката, со оглед на тоа што лесно можеше да биде последен настап на 39-годишниот Аргентинец на светската сцена. Токму поради моќната приказна што ги поврзува овие две фудбалски епохи, компанијата „Topps“ одлучи да ја овековечи култната фотографија на ексклузивна колекционерска картичка, која сигурно ќе привлече големо внимание кај колекционерите и фудбалските фанови ширум светот. Почнувајќи од 2031 година, Topps ќе стане и официјален партнер на ФИФА за производство на колекционерски сликички, преземајќи ја таа улога од реномираната компанија Panini по долги години. Topps работи во рамките на Fanatics – компанија што во последниве години значително го проширува своето присуство на пазарот за спортски колекционерски предмети.Тагови: Ламин Јамал Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЗидан конечно седна на клупата на Франција Она што беше најавено уште во ноември, сега е официјално потврдено – Зинедин Зидан стана новиот селектор на Франција.Оваа вест ја објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, откривајќи нешто што беше одамна познато, бидејќи Дешам веќе го беше најавил своето заминување од селекторската позиција по Светското првенство. Легендарниот фудбалер и поранешен тренер на Реал Мадрид го наследи Дидие Дешам на чело на „триколорите“, со што стави крај на една од најдолгите и најуспешните селекторски ери во модерниот фудбал. Дешам ја предводеше Франција 14 години. Својот најголем успех го постигна со освојувањето на Светското првенство во 2018 година, а со националниот тим ја освои и Лигата на нации во 2021 година. Под негово водство, Французите играа во финалињата на Европското првенство во 2016 година и на Светското првенство во 2022 година, а стигнаа и до полуфиналињата на ЕУРО 2024 и на Светското првенство во 2026 година. Зидан ја помина целата своја сениорска тренерска кариера во Реал Мадрид, кој го предводеше во два мандата. За време на првиот, од 2016 до 2018 година, освои три последователни титули во Лигата на шампионите, како и Ла Лига, шпанскиот Суперкуп, два Суперкупа на УЕФА и две Светски клупски првенства.Тагови: Зинедин Зидан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter