ЗабаваПортугалецот веќе доби подарок под елкатаДевојката на Роналдо позираше во провокативно изданиеНапаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо и неговата избраничка Георгина Родригез предизвикуваат внимание во јавноста со своите потези. Некогаш и со самата фотографија, било кога се заедно или со некои индивидуални објави. Пример за тоа е последната слика што манекенката ја објави на својот профил, направена за маркетиншки цели. Имајќи предвид што носи, јасно е зошто се нижат коментари. Иако тоа не е првпат избраничката на Роналдо да се слика провокативно. Меѓудругото, и самиот Роналдо го прокоментирал нејзиниот изглед така што на Инстаграм напишал: „Мама миа“, порачувајќи и на неговата драга дека е задоволен од она што го гледа. Инаку, Георгина Родригез веќе со години мами воздишки на Инстаграм каде ја следат 21 милион луѓе и ужива голема популарност. View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПронајдени кокаин и марихуана при претреси на неколку локации во СкопјеЛицата се лишени од слобода, следуваат пријави по брза постапка.На 09.08.2026 во 01:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(42) од Скопје. При претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин и други прдмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. На 08.08.2026 околу 20:30 часот на ул.„Букурешка“ на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.М.(23), М.Ч.(23) и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје. При преземање службени дејствија од лицето Д.М се пронајдени и одземени поголема количина на марихуана и кокаин. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по брза постапка.Тагови: кокаин марихуана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија35 години независност – Приказната продолжува (ВИДЕО)На 8 септември се одбележуваат три и пол децении откако граѓаните во 1991 година ја донесоа историската одлука за суверена и самостојна држава.Прогласувањето на независноста не беше само формален политички чин, туку крунисување на вековниот стремеж за сопствена татковина. Овој јубилеј е потсетник за сите предизвици, успеси и клучни пресвртници кои го дефинираа македонскиот идентитет во изминатите 35 години. По тој повод е изработен и видео спот кој потсетува на сите значајни моменти во овие изминати 35 години, прогласувањето независност, воведувањето на денарот како македонска валута, спортските успеси, достигнувањата во кинематографијата, музиката и т.н. Видео спотот завршува со прекрасна порака: „Приказната продолжува, а најубавите страници допрва треба да ги испишеме.“ Видеото е изработено со цел да се промовира музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден!“, кој во повеќе градови треба да ја пренесе приказната за 35 години од независноста на Македонија. Тагови: Денот на независноста Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТајфун ќе ја погоди Кина: Властите преземаат меркиТајфунот Делфин се очекува да го погоди источниот брег на Кина во недела, со ветрови до 162 километри на час (100 милји на час), бидејќи повеќе од 500 бродови се евакуирани од пристаништето Јангшан во Шангај поради бурата.Тајфунот Делфин се очекува да го погоди источниот брег на Кина во недела попладне, со очекувани обилни дождови и ветрови, а пристаништето Јангшан во Шангај им нареди на повеќе од 500 бродови да се вратат во пристаништето, соопштија кинеските власти. Во очекување на тајфунот, властите во Кина ги преместија работниците што работат на брегот на безбедно место и ги засилија проверките на акумулациите, планинските потоци, областите склони кон лизгање на земјиштето, градилиштата и туристичките места, објави Ројтерс. Се очекува тајфунот да го погоди брегот во вечерните часови со постојани ветрови до 162 километри на час, пред да ослабне и да се движи кон внатрешноста, соопшти Националниот метеоролошки центар на Кина. Тајфунот Делфин веќе помина низ јужната јапонска префектура Окинава, каде што неговите удари повредија шест лица, а повеќе од 50.000 корисници останаа без електрична енергија. Фото: ВИТагови: Кина тајфун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook