Португалците бесни по поразот од Германија: Можеби не ги разбирам правилата - Канал 5

Португалците бесни по поразот од Германија: Можеби не ги разбирам правилата

Германија ја победи Португалија со 32:30 во напнат натпревар од првото коло од Групата I од второто коло на Европското првенство во ракомет. 

Португалците бесни по поразот од Германија: Можеби не ги разбирам правилата

Португалците се многу незадоволни од одлуките на судискиот пар, Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик, на крајот од натпреварот.

Португалските играчи и тренерот Пауло Переира, кои во првата фаза од турнирот сензационално го победија првиот фаворит на турнирот, Данска, не го криеја својот гнев кон судиите. Во последните моменти од натпреварот, додека Португалците се обидуваа да постигнат израмнување, она што го сметаат за голем пропуст од страна на судијата.

„Можеби не ги разбирам правилата“

Португалците појаснија дека причина за нивното незадоволство е фактот што барем еден германски играч бил на нивната половина од теренот во моментот кога судијата свирнал за продолжување на играта. Играчот Руи Силва ја опиша контроверзната ситуација.

„Проблемот е што пред свирежот на судијата, на ниту еден германски играч не му е дозволено да биде на нашата половина. А имаше двајца. Јулијан Шлуроф беше на линијата од девет метри. Можеби не ги разбирам правилата“, изјави Силва за TV2 Sport.

Португалскиот селектор Пауло Переира, исто така, го изрази своето мислење. „Во моментот на свирежот, барем еден играч беше на другата страна. Тоа е грешка. Судијата мораше да ја запре играта и да ја рестартира. Така постигнаа нерегуларен гол“, рече Переира.

Важноста на гол-разликата

Переира објасни дека нивното незадоволство произлегува од потенцијалната важност на гол-разликата, која може да биде одлучувачка ако неколку екипи завршат со ист број бодови.

Доколку Португалија изгубеше со еден гол, ќе беа во подобра позиција ако Германија, Португалија и Данска завршеа со ист број бодови. „Никогаш не знаеме дали ќе го промашиме тој гол. Ако Данска ја победи Германија, ние сме еднакви по бодови“, заклучи Переира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот четири ја одбележа најуспешната година на Влатко и Златко Миладиноски

Четири турнеи на 4 континенти, четири големи солистички концерти, четири значајни награди и признанија, а наскоро и четврти солистички албум – бројот четири на необичен начин ја одбележа изминатата година во кариерата на Влатко и Златко Миладиноски

Бројот четири ја одбележа најуспешната година на Влатко и Златко Миладиноски

Во изминатиот период, македонската музика ја претставија пред публиката во Америка и Канада, Европа, Азија и Австралија. Четирите меѓународни турнеи ја потврдија нивната сè поголема популарност меѓу македонската дијаспора, но и посветеноста со која ја промовираат македонската песна надвор од границите на земјата.

Истовремено, зад нив се и четири солистички концерти одржани на некои од најзначајните концертни сцени во Македонија – Македонската опера и балет во Скопје, Античкиот театар во Охрид, арената „Борис Трајковски“ во Скопје и античкиот локалитет Хераклеа во Битола.

Секој од концертите понуди различно музичко и сценско доживување, но сите ги обединија препознатливиот звук на Миладиноски, македонската традиција и силната поврзаност со публиката.

Успешната година беше заокружена и со четири награди и признанија. Влатко Миладиноски ја доби наградата „Фолк концерт на годината“ на „Златна бубамара на популарноста“, како и признанието „Фолк пејач на годината“ на „Лазаров Awards“. Од Општина Кисела Вода му беше доделен „Златен клуч“ и признанието „Заслужен граѓанин“, додека македонскиот бренд RVR му подари специјално уметнички изработени патики, создадени во само еден примерок, како признание за неговиот досегашен труд и придонес.

Симболиката на бројот четири продолжува и во приватниот и во професионалниот живот на пејачот. Влатко се наоѓа во четвртата деценија од својот живот, а во подготовка е и неговиот четврти солистички албум. До неговото целосно комплетирање недостасуваат уште само четири песни.

„Дури сега, кога ги сумиравме сите активности и успеси од изминатата година, забележавме колку често се повторува бројот четири. Не знаеме дали е случајност, симболика или предзнак, но сакаме да веруваме дека најголемите успеси допрва доаѓаат. Благодарни сме ѝ на публиката што постојано е со нас и заедно со нас го живее ова музичко движење“, велат Влатко и Златко Миладиноски.

Дали „четворката“ е само интересна случајност или најава за ново големо поглавје во нивната кариера, ќе покаже времето. Засега е сигурно дека подготовките за новиот албум продолжуваат, а публиката наскоро може да очекува нови песни и музички проекти од Влатко и Златко Миладиноски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанскиот премиер Санчез ги распиша предвремени избори за 29 ноември

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез распиша предвремени парламентарни избори за 29 ноември, објави тој утрово во вонредно свикана институционална изјава од палатата Монклоа.

Шпанскиот премиер Санчез ги распиша предвремени избори за 29 ноември

Одлуката доаѓа само три дена по големиот пораз на неговата малцинска влада во парламентот, каде што пратениците отфрлија два клучни декрети со кои владата на Санчез се обиде да одговори на продлабочувањето на кризата со домувањето.

Ова ќе го заврши сегашниот шпански законодавен дом околу девет месеци пред предвиденото.

Непосредната причина за одлуката беше гласањето одржано во петокот. Конгресот на пратениците ги отфрли двата владини декрети за домувањето.

Првиот пакет не успеа со 172 гласа „за“ и 178 „против“, додека вториот доби 166 гласа „за“ и 184 „против“. Конзервативната ПП, крајно десничарската Вокс и каталонските Хунтс гласаа против двата пакета. ПНВ и Коалисион Канарија беа исто така против вториот декрет.

Особено важен за малцинската влада на Санчез беше потегот на Хунтс, партијата на Карлес Пуџдемон, чии гласови од почетокот на овој мандат беа клучни за усвојувањето на голем број закони. објавува Журнал.мк

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈПКХС: Во текот на септември подигнати и транспортирани 14 320 тони комунален отпад

Во текот на месецот септември, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 320 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

ЈПКХС: Во текот на септември подигнати и транспортирани 14 320 тони комунален отпад

Во истиот период се отстранети и 3040 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини. Најголемо количество отпад од диви депонии -545 кубни метри- е подигнато во општината Чаир.

Во текот на минатиот месец, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 24 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти што биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота.

ЈП Комунална хигиена-Скопје преку рачно и машинско метење и миење секојдневно ја одржува и јавната хигиена на скопските булевари и улици, како и плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода" и целокупниот простор на Старата скопска чаршија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер