3Дали измените на законот за спречување семејно насилство ќе дадат резултат, што покажуваат искуствата во Европа?
КултураПортрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“Со портрети на добитниците на наградите денеска продолжува програмата на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“.Со портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ за германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова денеска продолжува програмата на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“. Во рамки на програмата предвидени се и поетски читања на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, промоција на преведеното издание на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци" за 2023 година и на Антологијата „Од поети за поети“, чествување на годишнините на петмина македонски поети, како и поетско кафе „Версополис“. Фестивалот продолжува утре со поетски читања во манастирскиот комплекс „Калишта“, поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот поезија, како и претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2023 година и традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ во црквата „Света Софија“ во Охрид. Манифестацијата почна вчера со традиционалното садење дрво на добитникот на „Златен венец“ истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон во Паркот на поезијата. Официјално синоќа ја отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, по традиционалното читање на Константиновата Т`га за југ од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. Покрај ресорниот министер на свеченото отворање присуствуваше и претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова. - Струшките вечери на поезијата сведочат за културните вредности што се создаваат на македонските простори и на светските меридијани. Тие се динамична и жива антологија на светската поезија и најголем промотор на македонската и современата светска поезија, истакна Љутков. Манифестацијата, според него, има глобално значење, почитувана е и верификувана од светска културна јавност. - Континуирано, веќе шеесет и три години, поети од целиот свет, овде, во Струга, ја пренесуваат убавината на пишаниот збор и во единствен, хармоничен глас, испраќаат јасна порака до светот – дека не постојат мали и големи јазици, мали и големи култури. Над реката Дрим, Струшките вечери на поезијата ги сплотуваат стиховите на јазикот на цивилизациското разбирање, јазикот кој сите ние мораме да го зборуваме и да го почитуваме, рече Љутков. Изрази задоволство што за францускиот поет Жан-Пјер Симеон, Струга и Македонија ќе бидат инспирација за многу нови стихови, како слики и пејзажи од срцето на Балканот. Вети дека Министерството за култура и туризам, со поддршка од Владата, ќе продолжи да ги промовира универзалните цивилизациски и културни вредности. - Ќе останеме доследни на заложбите заеднички да ги прославуваме неодминливите успеси на овој фестивал со космополитски и универзален концепт, да градиме нераскинливи културни врски меѓу народите и да ја негуваме традицијата на обединување на светот низ поетскиот збор. Уште многу години творечкиот дух нека говори од Мостовите на Струга, порача Љутков. Поетската порака од Фестивалот ја испрати македонскиот поет Веле Смилевски, според кој, Струшките вечери на поезијата во изминатите децении одиграа значајна улога во одржувањето на чувството за потреба од пораките на поетите од сите меридијани, во мисија за запознавање и зближување на народите, литературите и културите од светот. Смилевски забележа дека поезијата е потисната во, како што кажа, овој бескрупулозен свет оптоварен со ужаси, страв и неизвесност за својата иднина. - Но факт е дека силата на поезијата е во проникливата и истрајна потрага по смислата на животот. А токму во тоа е надежта која е жива и животворна, оти поетите се во постојана мисија на патот кон новиот поредок во кој ќе владеат слободата и љубовта. Затоа поезијата, како вечна свежина, на патот кон, на изглед, невозможното, му е потребна на овој уморен и суров свет, истакна Смилевски во поетското послание. Фестивалот завршува в недела на манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ на годинашните лауреати Жан Пјер Симеон, Катрин Пиц, Катица Ќулафкова и Филипа Сара Попова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаМицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само растИндустриското производство бележи позитивни движења.Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во Движење ЗНАМПовеќе од 30 членови на ОО СДСМ - Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. Овој чекор е уште една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните. Состојба во која се наоѓа СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓаните се дел од причините поради кои членството ја напушта партијата. Новите сопартијци ги пречекаа Генералниот секретар на Движење ЗНАМ, Горан Минчев и претседателот на ОО Движење ЗНАМ - Ѓорче Петров, Славољуб Тотиќ. ЗНАМ продолжува да ги отвора вратите за сите чесни, искрени и принципиелни луѓе кои сакаат да придонесат за поинаква, одговорна и достоинствена политика. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДали измените на законот за спречување семејно насилство ќе дадат резултат, што покажуваат искуствата во Европа? Ниту еден случај на фемицид, ова според светските медиуми е билансот во Шпанија, по воведувањето на мерката електронска нараквица за следење на потенцијалните насилници воведена во 2009 година. Од тогаш под заштита биле ставени над 20 илјади жени, а користени биле речиси пет илјади активни уреди. Според искуствата во Шпанија и Португалија, Електронската алка меѓудруогото создала силен психолошки ефект врз насилникот, а постојаното чувство на надзор го одвраќа од прекршување на забраните. Од друга стана, на жртвата ѝ обезбедува поголемо чувство на сигурност. Како Ваквиот модел во најава ќе се одрази во Македонија, преку новите законски измени. Психолозите сметаат дека ваквата мерка може да има само позитивен ефект. ,,Сигурно дека ќе се чувствуваат побезбедно ако знаат дека оној којшто го врши насилството е под контрола и дека може да направи нешто што никој не знае. Мислам дека е добра мерка затоа што ние имаме голем број во Македонија каде насилството се повторува повеќе пати, после првите пријави никогаш не запира. Се надевам дека со оваа токму ова мерка дека ќе се намали бројот на можни повторувања на насилството,, – психолог Мирјана Предложените измени предвидуваат и побрза полициска интервенција. При сериозна опасност, полицијата ќе може да го отстрани насилникот од домот на 48 часа, а судот да ја продолжи мерката до 30 дена. Потребата од дополнителна заштита ја потврдуваат и бројките на МВР – за десет месеци годинава се регистрирани 1.897 пријавени настани поврзани со семејно насилство, дури 70 проценти повеќе од лани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter