3Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
2Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
ЖивотПортрет на Џон Кенеди - најурнебесниот меѓу политичарите: Како еден сенатор го чува Уставот и како во Вашингтон да докажеш дека не си глупавКако еден американски сенатор го чува Уставот со „сакам да купам базука“ и „дали мажот може да дои бебе“.Портрет на ЏОН КЕНЕДИ – НАЈУРНЕБЕСНИОТ МЕЃУ ПОЛИТИЧАРИТЕ Како еден американски сенатор го чува Уставот со „сакам да купам базука“ и „дали мажот може да дои бебе“. „Сакам да купам базука, најдов една поволна понуда во Европа. Може ли да ја купам, да ја поседувам и да користам овде во Америка?“. Вака 74-годишниот републикански сенатор Џон Кенеди го провери идниот американски судија Ендру Дејвис за тоа како ќе си ја врши својата работа. Испрашување на идните судии со апсурди Кенеди веќе подолго време гради препознатлив стил на сослушувања во Сенатот: кратки, често апсурдни хипотетички сценарија со кои ги турка кандидатите во правни и вредносни агли. Проверува дали тие се ставаат во одбрана на граѓаните, нивната слобода и правото на приватна сопственост или пак, на страната на бирократијата. Од друга страна го тестира нивното правничко знаење (и самиот е правник кој студирал право на дури три универзитети): што ќе одберат уставен амандман или пак, федерален закон и зошто. Сепак, зад хуморот стои јасна стратегија – поедноставување на комплексни правни прашања. Хуморот како политичко оружје „Сенаторот што сака да купи базука“ е последното вирално видео на Кенеди во кое тој всушност ја реотвара дебатата за Вториот амандман – дозвола да се носи оружје за самоодбрана наспроти забраните од Националниот закон за огнено оружје. Но, не и единствено... Во ера кога вниманието е ограничен ресурс, Кенеди ја разбира логиката на дигиталната публика: кратко, остро и забавно. Она со што најмногу привлекува е уникатниот хумор, говори полни со народни метафори. Сенаторот користи јужначки акцент, суров е и директен кон соговорниците, без лажна политичка коректност. Периодов во фокусот му се миграциските прашања. Минатата недела на седница на Сенатот најави дека ќе ги брка своите колеги-сенатори „како да му го украле Божик“ само за да прифатат закон за идентификација на гласачите на избори со американско државјанство и лична карта со фотографија. Во негов стил, мртов-сериозен на крај се шегува со неколку сенатори демек им го греши името, со цел да ги прозве за гласање. „Дали е тоа во ред за тебе, Макс? Ооо, ти не си Макс. Ти си Бред. Во ред“, вели републиканецот. Со вакви потези, тој успева да го задржи вниманието – и на јавноста, и на политичката сцена. Инаку, колку за информација на обичниот македонски гласач кој остава отпечаток од прст при гласање, а претходно беше прскан итн, во САД сега може да се гласа без лична карта. Меѓу сатира и стратегија Кенеди отворено се залага за фискална дисциплина, редовно критикувајќи ги федералните агенции дека трошат „како пијан морнар“ – со забелешка дека „пијаниот морнар барем троши свои пари, додека Вашингтон ги троши парите на даночните обврзници“. Со вакви формулации, тој ја поедноставува комплексната буџетска политика во јасна, лесно пренослива порака за јавноста. Неговите метафори често одат и чекор понатаму. Кога сака да дискредитира експерти или функционери кои, според него, нудат некомпетентни ставови, знае да каже дека тоа е „како да прашате калуѓерка за секс“ – контроверзна, но медиумски ефективна споредба. „Да или не?“ Покрај „испрашувањето на судиите“, Кенеди посебно е урнебесен кога ги сослушува експертите што се повикани во комитетите, а кои доаѓаат од таборот на демократите. Често се повикува на уставните амадмани, но ги предизвикува соговорниците со апсурдни примери со цел да ја прикаже нивната контрадикторност. При тоа, за да не се избега од поентата, Кенеди често вели: „Не ми терај говори. Одговори: да или не?“. На крај си дава и заклучоци, па наместо да заклучи политички коректно: „Не ја зборувате вистината“, коментира: „Готов(а) си како пржена кокошка“. Заборавете на политичка коректност Пред две недели пак, Кенеди успеа за нецели 8 минути да изигра симулатнка и да победи дури тројца соговорници – експерти блиски до демократите на тема: илегалните мигранти. Кенеди сака да покаже дека демокртатските експерти често ги преувеличуваат антимигрантските политики на Трамп со користење на термини како етничко чистење, но дека всушност тие не се борци за човекови права туку во мигрантите само гледаат нови гласачи. Најостро помина Дејвид Биер, демократски експерт, близок на претходната администрација на Бајден, познат по неговите анализи во Като институтот кои се сметаат за најрелевантни во одбрана на државната помош за илегалните мигранти. Накусо дел од дебатата: Кенеди: Не мислите ли дека вашите преувеличени изјави ја поткопуваат вашата кредибилност? Биер: Која преувеличенa изјава сум ja дал? Кенеди: Рековте, цитирам: „Ако пресудите против агендата на Трамп за чистење на населението...“ — тамам без хипербола тука — „националистите ќе ве обележат, ќе ви се закануваат и ќе тргнат по вас.“ Биер: Кога зборувам за „чистење на населението“, мислам на тоа дека се обидуваат да депортираат луѓе родени во САД. Луѓе родени тука. Се обидуваат и нив да ги депортираат... Кенеди: Од која планета паднавте? Ми го предизвикувате нагонот за повраќање. Бестселер автор Продемократските медиуми го критикуваат како карикатура во политиката, прорепубликанските пак, како народен политичар. На социјалните медиуми тој е омилениот сенатор за урнебесни видеа од негови говори од Сенатот и коментари. Анкетите пак, редовно го издвојуваат како еден од најпопуларните сентори во САД. На локално ниво, во Лузијана - од каде и доаѓа, според последната анкета на Морнинг Консалт дури 55 отсто од граѓаните ја поддржале неговата работа во Сентатот. Од пред неколку месеци, според Њујорк тајмс сенаторот Кенеди е и бестселер автор со книгата „Како да докажеш дека не си глуп: И зошто Вашингтон никогаш нема да го постигне тоа“ (“How to Test Negative for Stupid: And Why Washington Never Will”). Се работи за политички сведоштва на Кенеди од Сенатот, но со многу хумор и сатира на приликите во Вашингтон, како продолжение на култниот предизборен спот во кој застанат на бела позадина коментира: „Луѓето велат дека сум премногу директен. Точно е. Имам право да молчам — само немам способност за тоа. Јас сум едноставно тоа што сум, Џон Кенеди. Луѓе, никогаш нема целосно да се вклопам кај сите тие вашингтонски инсајдери и елитисти на кои им ги повредувам чувствата. Еве ви еден бесплатен совет: купете си пони за емоционална поддршка, затоа што јас нема да замолчам. И уште нешто — секогаш бидете свои... освен ако сте ептен катастрофа“. Не мора да бидете будала за да ве изберат во Сенатот, таму со задоволство ќе ве направат таков Еве уште еден сегмнет од неговиот урнебесен, но крајно интелигентен хумор. На прашањето дали американскиот Сенат е толку глупав како што изгледа однадвор: -Па, дозволете ми да кажам вака. Не мора да бидете будала за да бидете избран во Сенатот на Соединетите Држави. Внатре, со задоволство ќе ве обучат да бидете будала. Знаете, Конгресот е непопуларен. Разбирам зошто. Секоја анкета што ја видов, покажува дека ние сме популарни колку што се популарни габичните инфекции на ноктите на нозете. Постои причина за тоа. Мислам дека дел од тоа генерално, тоа што Американците денес, американските луѓе имаат многу помала доверба во своите институции. И тоа е, искрено, вина на двете партии. И тоа се случува во подолг временски период. Единствената институција што ја знам, можеби има и други во кои американскиот народ изгледа има доверба е војската, но освен тоа, бројките се намалени. Делумно, дозволете ми да го кажам ова, и ако бидам предолг, прекинете ме, делумно причината е што многу луѓе се жалат дека Сенатот не прави ништо. И знаете, стара е шегата дека да не се прави ништо е тешко. Зошто, Затоа што никогаш не знаете кога ќе завршите. Но, делумно, Сенатот постои токму затоа. Од друга страна, околу половина од мојата работа е да промовирам добри идеи. Другата половина од мојата работа е да убивам лоши идеи. И тоа, во голема мера објаснува зошто Сенатот се движи толку бавно. Мислам дека и нашите основачи го имале тоа на ум, односно сакале Сенатот токму така да функционира. Може ли мажот да дои бебе? Во интервју за Фокс Њуз, пак, на забелешката дека анкетите покажуваат водство на демократите пред републиканците кога станува збор за економската состојба во САД, Кенеди вели: -Слушајте, мислам дека анкетата е точна. Кога мајките и татковците лежат будни навечер и не можат да спијат, тие не лежат таму грижејќи се – како што понекогаш мислат демократите – дали мажот може да дои бебе. Тие се загрижени за трошоците за живот. Уморни се од тоа што мора да продаваат крвна плазма само за да купат намирници. Исцрпени се од растечките трошоци за домување и повисоките премии за осигурување. Би можела да продолжам да редам без престан. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
ЖивотСкандал ! Поранешната Мис на Швајцарија го обвини Трамп за силување, Белата куќа со итна реакцијаПоранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година.Поранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година, се наведува во извештајот објавен во понеделникот од страна на демократите во Претставничкиот дом. Кеул претходно, во октомври 2024 година, тврдеше дека Трамп ја допрел без нејзина согласност за време на истиот инцидент, но тогаш изјави дека нападот не отишол подалеку, пренесува „Телеграф“. Во разговорите со вработените во демократските комисии, таа сега излезе со тврдења дека Трамп ја силувал, наведувајќи дека ѝ го скинал фустанот и ја повредил, а потоа ѝ се заканил за да ја принуди на молк. Според нејзиното сведочење, Кеул го запознала Трамп кога имала 24 години, на прес-конференција за натпревар за доделување награди во хотелот „Плаза“, кој во тоа време бил во негова сопственост. Таа изјави дека Трамп ѝ ветил помош околу добивањето виза и запишувањето на Универзитетот во Њујорк, а дека по нивниот разговор, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин ѝ пристапил и ја поканил на забава во резиденцијата на Трамп, „Мар-а-Лаго“. Белата куќа ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги обид на демократите да го одвлечат вниманието од достигнувањата на администрацијата на Трамп. Трамп претходно негираше дека сторил нешто лошо поврзано со Епштајн и тврдеше дека го прекинал пријателството со него долго пред да се појават сомневања за неговите криминални активности. Што содржи извештајот? Извештајот на демократите, исто така, вклучува изјави од уште четири жени кои го обвинија Трамп за силување или сексуален напад. И сто така, се тврди дека Трамп, Епштајн и други наводно го користеле натпреварот во хотелот Плаза за да пронајдат ранливи млади жени и девојки. Членот на Комитетот, Џејми Раскин, рече дека пет жени директно го обвиниле Трамп за силување или сексуален напад во друштво или присуство на Епштајн, додека други тврдат дека Епштајн или неговата соработничка Џилијан Максвел се обиделе да ги предадат на Трамп. Раскин, исто така, го обвини Министерството за правда на САД за прикривање злосторства за да го заштити претседателот. Белата куќа ги отфрли обвинувањата во извештајот.Тагови: Доналд Трамп Епстин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија17-та Школа за млади лидери на Претседателот Иванов: „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам.“Вчера започна 17-тата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, која годинава се одржува под темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам.“ Програмата се реализира од 26 октомври до 7 ноември 2026 година, во комбиниран формат, со онлајн сесии од 26 до 29 октомври и со програма со физичко присуство од 31 октомври до 7 ноември во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид. Школата традиционално беше отворена со обраќање на нејзиниот основач, претседателот Ѓорге Иванов, по што следеа обраќањата на Берти Ахерн, поранешен премиер на Ирска (1997–2008) и еден од главните архитекти на Договорот од Велики петок од 1998 година, и Рик Хатавеј, коосновач на Global Learning Lab International. Модератор беше Иван Иванов од Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“. Во своето воведно обраќање, претседателот Иванов ја разработи годинашната тема, осврнувајќи се на промените во современиот свет и на одговорноста на младите да учествуваат во нивното обликување. Тој го истакна концептот на „креативно малцинство“ како двигател на цивилизациските промени – луѓе кои размислуваат самостојно, преземаат иницијатива и создаваат решенија, наместо да очекуваат тие да дојдат од другите. Говорејќи за новиот прагматизам, Иванов се осврна на искуството на Сингапур, истакнувајќи ги меритократијата, прагматизмот и чесноста како принципи на неговиот развој. Ја нагласи потребата знаењето и идеите да се поврзат со практична мудрост, разбирање на контекстот и способност да се одговори на реалните предизвици, при што чесноста останува основа на одговорното лидерство. Посебно внимание посвети на „когнитивниот суверенитет“ – зачувувањето на самостојноста на сопственото мислење во услови на дигитална преоптовареност и надворешни влијанија. Тој ги поттикна учесниците да одвојуваат време за дигитален детокс, читање книги и саморефлексија, развивајќи ја способноста критички да ги преиспитуваат информациите и да донесуваат сопствени, промислени одлуки. Осврнувајќи се на кризата на либералната демократија и либералниот економски модел, Иванов истакна дека на новите лидери им е потребна не само карта, туку и компас — вредносна ориентација и расудување што ќе им помогнат да се движат низ неизвесноста. Во таа насока ја постави и мисијата на Школата: да ги поттикне младите да развиваат независно мислење, практична мудрост и одговорност за сопственото дејствување. Со завршната порака младите да не чекаат нов свет, туку активно да го создаваат, тој ја отвори 17-тата Школа за млади лидери. Поранешниот премиер на Ирска, Берти Ахерн, во своето обраќање истакна дека лидерството подразбира одговорност, внимателно расудување и подготвеност за донесување тешки одлуки. Споделувајќи искуства од мировниот процес во Северна Ирска и постигнувањето на Договорот од Велики петок, ја нагласи важноста на дијалогот, трпението и градењето доверба, посочувајќи дека компромисот не е слабост, туку чин на храброст. На младите лидери им порача да слушаат внимателно, да бидат отворени кон различни перспективи и секогаш да ги ставаат луѓето во средиштето на своето дејствување. Ахерн ја истакна и неопходноста од меѓународна соработка, нагласувајќи дека ниту една држава не може сама да одговори на современите глобални предизвици. Рик Хатавеј, во своето обраќање за лидерството со општествено влијание, истакна дека успехот на лидерите се мери според нивниот придонес кон заедницата, повикувајќи на премин од стремежот да се биде „најдобар во светот“ кон стремежот да се биде „најдобар за светот“. Тој нагласи дека идеалите и посветеноста треба да се преточат во конкретни, мерливи резултати преку прагматичен пристап и ефикасно дејствување. Како клучни насоки ги издвои соработката меѓу приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор, градењето одржливи системи што ќе им служат и на идните генерации и внимателното слушање на вистинските потреби на луѓето. На младите лидери им порача да ги користат своите знаења, истрајност и влијание за суштински општествен напредок и за поддршка на следната генерација лидери. Заедничка порака од обраќањата беше дека лидерството се потврдува преку интегритет, одговорност и конкретни резултати што го подобруваат животот на луѓето и заедниците. Годинашната програма на Школата ги става во фокус одговорното расудување, етичкото одлучување и примената на знаењето во решавањето на современите предизвици. Особено внимание ќе биде посветено на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз начинот на кој учиме, работиме и водиме, како и на човечките вредности и одговорноста во користењето на новите технологии. На годинашната Школа учествуваат 40 млади од осум држави – Македонија, САД, Азербејџан, Турција, Египет, Јапонија, Непал и Авганистан. Со различни образовни и професионални профили, учесниците се обединети од интересот за лидерство, личен развој и општествен ангажман. Меѓународниот состав овозможува размена на различни перспективи и искуства и создавање врски за идна соработка. Програмата обединува менторство, предавања, интерактивни работилници, дискусии и групни проекти, со учество на триесетина предавачи од земјата и од странство. Учесниците ќе имаат можност да ги развиваат своите лидерски и комуникациски вештини, да работат на заеднички решенија и да разменуваат искуства со предавачи и млади луѓе од различни професионални и културни средини. Предвидени се и проектни задачи со практична примена на вештачката интелигенција, ораторска вечер, еколошка акција и запознавање со културното и историското наследство на Охрид. Меѓу годинашните предавачи и говорници се Рза Алиев, генерален секретар на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“; д-р Рашела Мизрахи, пратеничка во Собранието; Кордел Картер, основач и извршен директор на Project on Belonging; проф. Колин Снајдер од Универзитетот на Тексас во Тајлер; Мајк Коб, стратег за иновации и организациска извонредност; и Зоран Јолевски, поранешен министер за одбрана и поранешен амбасадор во САД. Своето знаење и искуство ќе го споделат и Филип Нелковски, стипендист на Stanford CDDRL; Емануел Штадлер, коосновач и извршен директор на Optimentum; Јакуб Поплухар, обучувач и консултант за вештачка интелигенција; Војдан Карапетковски, извршен директор на Kara5; Илија Тоневски, извршен директор на Delfino Mobility Group; и Стојче Стаменковски, посебен советник за комуникации во Кабинетот на министерот за надворешни работи и надворешна трговија. Предавања и работилници во рамките на програмата ќе одржат и Сања Митровска, основачка и извршна директорка на Networker и креаторка и водителка на The Founder Games™; Ана Секуловска, програмска директорка на Startup Club Skopje; Зоран Костовски, директор на „Мотива“; Ранко Безар, консултант за менаџмент; м-р Ивана Хаџиванова, психолог и психотерапевт; како и Анастасија Илиевска, претседателка на Алумни асоцијацијата „Иванов Школа за лидери“ (ISLAA) и специјалист за јавен настап и говор на телото. Посебен дел од програмата е сесијата со светски познатиот економист проф. д-р Џефри Сакс, директор на Центарот за одржлив развој при Универзитетот Колумбија и претседател на Мрежата на ОН за решенија за одржлив развој. Неговата работа е посветена на глобалниот развој, намалувањето на сиромаштијата и одржливоста, а неговото учество ќе им овозможи на младите да се запознаат со перспективите на еден од најистакнатите светски експерти во овие области. Програмата ги опфаќа и панел-дискусијата „250 години од американскиот експеримент: лидерство, демократија и преосмислување“ и посебната сесија „Лидерство во свет што не чека“ со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој е и алумнист на Школата. Во рамките на сесијата со членови на Алумни асоцијацијата ISLAA, претставници од различни генерации ќе ги споделат своите професионални искуства и развојниот пат по учеството на Школата. Втора година по ред, во рамките на Школата се реализираше и менторска програма, која започна во средината на септември и заврши пред отворањето на Школата. Во неа се вклучија 13 ментори од претходните генерации, а обуката на менторите и целата програма ги предводеа алумнистите Даниел Ѓоќески и Весна Трајковска. Преку отворен разговор, размена на искуства и индивидуална поддршка, менторите придонесоа кон личниот и професионалниот развој на учесниците, зајакнувајќи ја поврзаноста меѓу генерациите на Школата. Организатори на Школата се Кабинетот на поранешниот претседател д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ (ICAC) и Алумни асоцијацијата „Иванов Школа за лидери“ (ISLAA). Реализацијата на Школата е овозможена со поддршка од спонзорите и поддржувачите: Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Хотел „Инекс Олгица“ Охрид, ТАВ Македонија, EVN, Микросам, Алкалоид АД Скопје, Витаминка АД Прилеп, Delfino Mobility Group, Петрол Оил Компани, Еко флуид, HalkBank, Скопска Пивара, Езимит, Туркиш Ерлајнс, Костал, Обединета македонска дијаспора и МОТИВА. Школата за млади лидери е иницијатива на претседателот Иванов, започната во 2010 година. Во претходните 16 изданија, програмата ја завршија 625 млади од Македонија и од над 40 други земји, а своето знаење и искуство го споделија околу 450 истакнати предавачи и говорници од земјата и од светот. Со своето 17-то издание, Школата ја продолжува посветеноста кон развојот на млади лидери кои со знаење, интегритет и општествена одговорност ќе придонесуваат во своите заедници и пошироко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Брисел одржан првиот парламентарен состанок со Северноатлантскиот совет на НАТО Во заедничка организација на Парламентарното собрание на НАТО и НАТО, во Брисел на 26 октомври 2026 година за прв пат се одржа парламентарен состанок со Северноатлантскиот совет на НАТО/NAC.Во заедничка организација на Парламентарното собрание на НАТО и НАТО, во Брисел на 26 октомври 2026 година за прв пат се одржа парламентарен состанок со Северноатлантскиот совет на НАТО/NAC, на кој беа поканети шефовите на делегациите во ПС НАТО и претседателите на националните комисии за одбрана. Состанокот имаше за цел да ја нагласи ја суштинската улога што ја играат сојузничките парламенти во рамките на Алијансата во спроведувањето на клучните цели договорени на Самитот на НАТО во Хаг во 2025 година и на Самитот на НАТО во Анкара во 2026 година. Од Собранието на Република Македонија на состанокот учествуваа пратениците: Драган Ковачки, шеф на делегацијата на Собранието во ПС НАТО и Павле Арсоски, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност. Состанокот претставуваше единствена платформа на која пратениците разменија мислења со Маркос Перестрело, Претседател на Парламентарното собрание на НАТО, Марк Руте, Генерален секретар на НАТО, Ник Кацарас и Тарја Јакола, помошници на Генералниот секретар на НАТО и со своите колеги од парламентите на земјите членки на НАТО. Споделени беа клучни пораки што парламентарците треба да ги пренесат на своите национални парламенти за да помогнат во забрзувањето на спроведувањето на приоритетите на Алијансата и да продолжат да градат посилна Европа во посилно НАТО. Заклучено беше дека само со заедничка акција на парламентите може да се преточат обврските на Алијансата во национални акции и планови во областите на инвестиции во одбраната, развој на капацитети, набавки и отпорност. Воедно, беа дискутирани модалитетите на соработка меѓу комисиите за одбрана во сојузничките парламенти, Парламентарното собрание на НАТО и НАТО. Претставниците на НАТО нагласија дека кредибилното одвраќање се потпира на сојузничката кохезија, одржливите инвестиции и брзата испорака на капацитети за одбрана. Трансатлантската врска останува камен-темелник на Алијансата, додека европските сојузници го зголемуваат својот придонес во конвенционалната одбрана и ги засилуваат напорите за исполнување на барањата за развој на капацитетите. Разменети беа најдобри национални практики во спроведувањето на 5% од Хашката обврска за одбрана, истовремено мобилизирајќи ги сојузничките парламенти за да се обезбеди НАТО да има одржлива политичка поддршка и ресурси што му се потребни за да одврати и да се брани од каква било закана на долг рок. Состанокот ја нагласи улогата што Парламентарното собрание на НАТО и националните парламенти ја имаат во поддршката на приоритетите на Алијансата и обезбедувањето на нивно навремено спроведување и ја истакна улогата на парламентарната дипломатија во подобрувањето на трансатлантските односи и градењето стратешко заедништво меѓу сојузниците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter