Портрет на Ацо Шопов во списанието „ Ел Нуево Хералд“ во Мајами - Канал 5

Портрет на Ацо Шопов во списанието „ Ел Нуево Хералд“ во Мајами

По повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, дневниот весник „Ел Нуево Хералд“ од Мајами, САД, еден од најчитаните американски весници на шпански јазик, во денешниот број објави опширен напис посветен на нашиот поет.

Портрет на Ацо Шопов во списанието „ Ел Нуево Хералд“ во Мајами

Во објавата за Шопов се вели дека нему „македонскиот јазик практично му го должи својот влез во светот на литературата“.

Како што потенцира француско-кубанскиот писател Вилијам Наварет, станува збор „за исклучителен пример на јазик кој се афирмира преку литературата, a особено преку поезијата, жанр што Шопов го негувал сиот свој живот“.

-Нудејќи една сеопфатна слика за македонскиот поет, од родниот дом во Штип до неговиот виртуелен „Лирски дом“ (acosopov.com), преку неговото партизанување, неговата дејност како издавач и неговата дипломатска мисија во Сенегал, статијата им посветува посебно внимание на двете збирки на Шопов објавени на шпански јазик: Lector de cenizas (Гледач во пепелта), објавена во Мексико, во 1987 год., во препев на Аурора Марија Сааведра, и Sol negro (Црно сонце), објавена во Буенос Аирес, во 2011 год., во препев на Луиса Футорански. Но текстот се осврнува и на збирки објавени на македонски, како „Стихови за маката и радоста“, „Слеј се со тишината“ и „Небиднина“, информира Министерството за култура.

„Под плаштот на едноставноста“, пишува Наварет, „неговите зборови клокотат, проречуваат, ечат, интригираат. Љубов, гнев, вчудовиденост пред мистеријата на животот, болка, болештија? Поетот никогаш до крај не го трга мистериозниот превез над неговите најинтимни мисли, а неговата филозофска перцепција за смртта и за животот, односно за сè она необјасниво но и бестелесно што нè надминува нас како луѓе, ја пушта само по суптилни врвици да излезе на виделина.“ За песната „Небиднина“, Наварет смета дека таа го „сумира вознемирувачкиот и понекогаш непробоен поетски универзум на Шопов“.

Статијата на Вилијам Наварет се осврнува и на чествувањето на Ацо Шопов во УНЕСКО, на 21 март годинава, што се одржа во рамки на „Годината во чест на Ацо Шопов“, под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, во соработка со Министерството за култура.

-Весникот најавува и некои од следните моменти на „Годината во чест на Ацо Шопов“, како фестивалот на анимиран филм Флипбук во Скопје и Струшките вечери на поезијата. Објавена е во печатената како и на интернетската страница на Ел Нуево Хералд (https://bit.ly/3HquC9z), во која статијата може да с слушне и во аудио верзија, наведува Министерството за култура.

Основан како додаток на „Мајами Хералд“ во 1977 година, а независен од 1998 година, „Ел Нуево Хералд“ е еден од двата највисоко тиражни весника на шпански јазик во САД и покрива вести од цела Латинска Америка, соопшти Министерството за култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа

Бегството на Ива Михајлова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивно на декларираните заложби за развој на добрососедските односи – реагираа од МНР...

МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа

-Приемот на високо ниво на лице против кое се води судска постапка испраќа сериозно погрешна порака. Националната припадност и поседувањето друго државјанство не смеат да служат како заштита од одговорност пред надлежните институции. Секој има право на правично судење. Никој нема право на изземање од законите.

Од Република Бугарија, како членка на Европската унија, очекуваме постапување во согласност со основните европски принципи: почитување на судските постапки, соработка меѓу надлежните институции и еднаквост пред законот. Постапките што создаваат впечаток на институционална заштита од судска одговорност се неспоиви со тие принципи. Владеењето на правото не смее да биде селективно, ниту да зависи од националната припадност на поединецот. – реагирааат о МНР и велат дека за развојот на случајот, ќе ги информираат меѓународните партнери, особено институциите на Европската унија и Советот на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прекината блокадата на депонијата „Краста“, почнува изнесувањето на ѓубрето од Куманово

Жителите на селата Студена бара и Пчиња утринава ја прекинаа блокадата на депонијата „Краста“, откако пожарот беше изгаснат, а сметот затрупан со земја во голема акција на тешка механизација и камиони од приватни фирми.

Прекината блокадата на депонијата „Краста“, почнува изнесувањето на ѓубрето од Куманово

Жителите синоќа се сретнале со кризниот штаб, при што биле договорени натамошните активности.

Тие бараат во иднина сметот да се депонира на начин што нема да доведе до ново палење, односно по секој слој смет, да се става слој на земја...

Блокадата на депонијата „Краста“ траеше шест дена, а два дена ѓубрето се носеше на скопската депонија „Дрисла“..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп и Рубио размислуваат за смена на амбасадорката на САД во Грција по низа извештаи за недолично однесување

Претседателот Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио размислуваат да ја разрешат американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, по низата извештаи за несоодветно и можно незаконско однесување .

Трамп и Рубио размислуваат за смена на амбасадорката на САД во Грција по низа извештаи за недолично однесување

Претседателот Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио размислуваат да ја разрешат американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, по низата извештаи за несоодветно и можно незаконско однесување пред и за време на нејзиниот мандат во Атина.

Висок американски функционер изјави дека Трамп и Рубио биле многу лути поради наводите за однесувањето на Гилфојл и дека веројатно оваа недела ќе одлучат какви чекори ќе преземат.

Во серија написи, „Вол стрит џурнал“ извести за проблематичното однесување на Гилфојл, што вклучувло наводна закана кон грчки функционер, прифаќање несоодветни подароци и услуги и понуда да го искористи своето влијание во администрацијата во замена за плаќање висока сметка од кредитна картичка.

Гилфојл не се осврна директно на извештаите, но нејзините адвокати негираа дека таа сторила нешто недозволено и тврдеа дека парите што ги побарала од донатор на Трамп претставувале исплата за ангажмани кои претходно не ѝ биле платени.

Друг американски функционер изјави дека генералниот инспектор на Стејт департментот ги истражува наводите, кои првпат се појавија во „Вол стрит џурнал“ кон крајот на минатиот месец и оттогаш се намножија.

Додека Рубио беше во Атина минатата недела, „Вол стрит џурнал“ објави дека Гилфојл побарала од донатор и поддржувач на Трамп да плати сметка од кредитна картичка од 100.000 долари, ветувајќи му пристап до претставници на американската влада.

Самото назначување на Гилфојл за амбасадорка беше проследено со контроверзи, бидејќи таа е поранешна свршеница на синот на Трамп, Доналд Јуниор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер