Портпаролката на грчко МНР: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи - Канал 5

Портпаролката на грчко МНР: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи

Самитот се одржа на 22 октомври, од Министерството за надворешни работи на Грција на Икс, тогаш објавија фотографии од средбите на Герапетритис, меѓу кои и со премиерот Мицкоски.

Портпаролката на грчко МНР: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи

На многу добрата клима во билатералните односи, како што посочи портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, се осврнале премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис на средбата на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан пред две седмици во Лондон.

Самитот се одржа на 22 октомври, од Министерството за надворешни работи на Грција на Икс, тогаш објавија фотографии од средбите на Герапетритис, меѓу кои и со премиерот Мицкоски, а на денешниот редовен брифинг со новинарите Зохиу рече дека разговарале за она што беше на агендата на средбата на шефот на грчката дипломатија со Тимчо Муцунски пред нешто повеќе од три месеци во Атина.

- Во однос на средбата на маргините она на што се осврнаа беше многу добрата клима во билатералните односи, она што всушност беше споменато и за време на посетата на министерот за надворешни работи во јули годинава, односно на темите поврзани со продлабочување на соработката во секторот на трговијата и инвестициите, рече портпаролката на МНР на прашањето на МИА за темите за кои разговарале Мицкоски и Герапетритис.

Говорејќи за Самитот во Лондон за Западен Балкан, Зохиу повтори дека шефот на грчката дипломатија за време на неговото учество „ја повтори поддршката на Грција за пристапната перспектива на Западен Балка“, но и дека интеграцијата треба да се реализира со целосно почитување на европското законодавство, на меѓународното право, демократските принципи и на владеењето на правото, како и на добрососедските односи и регионалната соработка.

-Министерот секако истакна дека треба да им се даде визија на народите на Западен Балкан за да се забрза овој процес што започна со грчката иницијатива пред 22 години со Солунската агенда, посочи Зохиу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица

Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг.

Пакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица

Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг, објавија кинеските државни медиуми во саботата.

Првиот странски посетител на вселенската станица ќе учествува во мисијата како специјалист за товар, објави CCTV, повикувајќи се на Кинеската агенција за вселенски летови со екипаж.

Идентитетот е непознат

Кина не го откри идентитетот на астронаутите, но функционер во вселенската агенција на Пакистан изјави за Ројтерс во септември дека пилотите Зишан Али и Курам Дауд поминале месеци обука во Кинескиот центар за истражување и обука на астронаути во Пекинг, подготвувајќи се за мисијата.

Пекинг сè уште не го објавил датумот на мисијата.

Историското значење на летот

CCTV известува дека астронаутот, по завршувањето на краткорочниот лет во орбитата, ќе се врати на Земјата со вселенското летало Шенжоу-23.

Ова е првиот заеднички вселенски лет во кој учествуваат кинески и странски астронаути во историјата на кинеската програма за вселенски летови со екипаж, и сè се одвива во рамките на „вселенската дипломатија“ на Пекинг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Со Дреново и Возарци ги заокружуваме средбите со граѓаните во урбаните и месните заедници

Последните средби на терен ги посветивме на разговори со жителите на овие две населени места, нивните потреби, предлози и конкретни иницијативи за подобрување на секојдневното живеење. 

Јанчев: Со Дреново и Возарци ги заокружуваме средбите со граѓаните во урбаните и месните заедници

Со завршувањето на посетите, добиваме јасна слика за приоритетите во сите урбани и месни заедници, кои ќе бидат земени предвид при креирањето на Програмата за работа за 2027 година.

Нашата определба останува иста – развој со јасна визија, конкретни планови и еднаков пристап кон секое населено место.

Кавадарци го градиме заедно, со граѓаните и за граѓаните, објави на ФБ градоначалникот на кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина руски функционери се во делегацијата за преговори за Украина во Абу Даби

Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин.

Петмина руски функционери се во делегацијата за преговори за Украина во Абу Даби

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин, како и претставници на Генералштабот Игор Костјуков и Јуриј Жигарловски.

Тие присуствуваа на состанокот на рускиот претседател Владимир Путин со постојаните членови на Советот за безбедност во петокот, на кој разговараа за претстојните разговори закажани за вторник, објави Интерфакс.

Песков потврди дека споменатите функционери ќе учествуваат во разговорите, додека помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, кој исто така присуствуваше на состанокот, ќе ги надгледува преговорите во својство на помошник на Путин за меѓународни работи.

Путин претходно изјави дека ги поканил на состанокот функционерите кои ќе учествуваат во претстојните трилатерални разговори, кои вчера објави дека ќе се одржат на 10 ноември во Абу Даби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер