Платформа за родова еднаквост: Кога државата го брише родот од образованието, ја брише и сопствената одговорност за родовата нееднаквост
1Платформа за родова еднаквост: Кога државата го брише родот од образованието, ја брише и сопствената одговорност за родовата нееднаквост
СветПортпаролката на Белата куќа: Трамп е подготвен да употреби смртоносна сила во Иран доколку е потребноПрвата опција на американскиот претседател Доналд Трамп во справувањето со Техеран е секогаш дипломатија, но тој е подготвен да употреби смртоносна сила доколку е потребно.Првата опција на американскиот претседател Доналд Трамп во справувањето со Техеран е секогаш дипломатија, но тој е подготвен да употреби смртоносна сила доколку е потребно, изјави денеска неговата портпаролка, додека државниот секретар се подготвува да ги информира врвните конгресни лидери за Иран подоцна во текот на денот. „Првата опција на претседателот Трамп е секогаш дипломатија. Но, како што покажа, тој е подготвен да ја употреби смртоносната сила на американската војска доколку е потребно“, изјави Каролин Ливит пред новинарите во Белата куќа. „Претседателот е секогаш оној кој ги донесува конечните одлуки“, додаде таа. Американскиот државен секретар, Марко Рубио, подоцна денеска треба да ги информира врвните конгресни лидери познати како „Бандата на осуммината“ во Белата куќа, наведе американскиот Стејт департмент. Се очекува Рубио да ги информира пратениците за Иран, изјави извор запознаен со ова прашање. САД распоредија огромна поморска сила во близина на брегот на Иран пред можни напади врз Исламската Република. Трамп пред пет дена изјави дека му дава на Техеран 10 до 15 дена да постигне договор. Трамп, вечерва, во својот говор за состојбата на нацијата, може да се осврне и на нападот врз Иран со кој се заканува поради неговата нуклеарна програма.Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаПлатформа за родова еднаквост: Кога државата го брише родот од образованието, ја брише и сопствената одговорност за родовата нееднаквостПлатформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“.Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, и од неа да ги отстрани поимите род и родова еднаквост. Со тоа учениците ќе учат за насилство, стереотипи и дискриминација, но без клучниот поим што ги објаснува нивните причини – родово-базираното насилство и родовите нееднаквости. Оваа одлука не ја гледаме како изолиран случај, ниту како обична промена на терминологија. Таа е уште еден чекор во загрижувачкиот тренд на институционално потиснување на родовата еднаквост од јавните политики и законодавството, кој го следиме во последните години. По отстранувањето на поимите род, родова еднаквост, и се поврзано со сексуалноста, хомофобијата и заштита од дискриминација и насилство од законските измени во образованието, блокирањето на Законот за родова еднаквост и сè почестото доведување во прашање на веќе стекнатите права, сега сведочиме и на обид родовата нееднаквост да стане невидлива во училниците. Но, родовата нееднаквост не исчезнува со бришење на зборот „род“. Девојчињата и понатаму ќе се соочуваат со сексизам, сексуално вознемирување, притисоци и насилство. Момчињата и понатаму ќе растат под притисок на штетните очекувања за машкоста, моќта и доминацијата. Младите и понатаму ќе се соочуваат со дискриминација поради тоа кои се или затоа што не се вклопуваат во наметнатите општествени норми. Ако образовниот систем не ги именува овие појави и не им помогне на младите да ги разберат нивните причини, тогаш не придонесува за нивно надминување, туку за нивно премолчување. Особено е поразително што ваквите одлуки се носат во држава во која насилството врз жените и девојчињата останува сериозен општествен проблем, а институциите постојано зборуваат за потребата од превенција. Според податоците на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, во текот на 2025 година се евидентирани 6 убиства на жени и 4 обиди за убиство, додека само во првите девет месеци од 2026 година се евидентирани 7 убиени жени и 2 обиди. Дополнително, во очекување на правосилноста на пресудата во случајот со серискиот убиец од Куманово, треба да се има предвид дека станува збор за уште четири убиства на жени, кои би можеле дополнително да ја зголемат оваа алармантна статистика. Овие податоци уште еднаш потврдуваат дека превенцијата на насилството врз жените и девојчињата не смее да остане само декларативна заложба, туку мора да биде проследена со конкретни, доследни и системски мерки. Каква превенција градиме ако не сакаме да зборуваме за родовите стереотипи што го оправдуваат насилството? Каква еднаквост промовираме ако избегнуваме да ги именуваме причините за нееднаквоста? И како очекуваме младите да препознаваат родово-базирано насилство ако образовниот систем го избегнува самиот поим? Државата не може да се обврзува дека ќе се бори против родово-базираното насилство, а истовремено да го отстранува родот од образованието. Тоа е противречна и неодговорна јавна политика. Дополнително загрижува контекстот во кој се случуваат овие промени. Првичната програма беше повлечена во септември, само неколку дена по отвореното писмо од верски кругови од 6 септември 2026 година и по јавните критики од верски и конзервативни кругови. Ова отвора сериозни прашања за независноста на институциите и за начинот на кој се носат образовните политики. Во секуларна држава верските заедници имаат право на свои ставови, но не смеат да станат арбитри за тоа кои научни поими се прифатливи во јавното образование. Доколку надлежните институции ги приспособуваат наставните програми на верски и идеолошки барања, се отвора сериозно прашање за почитувањето на уставниот принцип на одвоеност на верските заедници од државата (член 19 од Уставот). Прашањето е многу поголемо од една наставна програма: кој денес ги креира јавните политики во Северна Македонија – надлежните институции и стручната јавност или организираните групи што водат кампањи против родовата еднаквост? Со ваквиот пристап се создава опасен преседан. Се испраќа порака дека со доволно гласен притисок можат да се менуваат образовни стандарди, да се потиснува научна терминологија и да се доведуваат во прашање политики насочени кон еднаквоста и човековите права. Ова не е само проблем за организациите што работат на родова еднаквост. Ова е прашање за демократското управување, институционалната независност и способноста на државата да ги штити правата на сите граѓани, особено на децата и младите. Потсетуваме дека родовата еднаквост не е прашање на политичка наклонетост или идеолошки избор на власта. Таа е уставна вредност (член 9 од Уставот), законска обврска и составен дел од меѓународните обврски што државата ги има преземено, вклучително и преку ратификацијата на Истанбулската конвенција. Затоа, Платформата за родова еднаквост бара од Владата и Министерството за образование и наука јавно да одговорат: Зошто родовата терминологија систематски се отстранува од образовните политики; врз основа на кои стручни аргументи се направени последните измени; и како тие се усогласени со обврските на државата за унапредување на родовата еднаквост и спречување на насилството. Бараме програмата да биде ревидирана пред нејзината примена, и покрај изјавата на Министерството од 2 ноември дека станува збор за конечно решение. Бараме во програмата да се вратат научно заснованите поими и содржини и да се воспостават јасни гаранции дека образовните политики нема да се менуваат под притисок на групи што ги оспоруваат еднаквоста и човековите права. Не прифаќаме родовата еднаквост да биде предмет на политичко пазарење. Не прифаќаме девојчињата и младите да ја плаќаат цената на институционалното повлекување пред антидемократски и антиправни притисоци. Држава што го брише родот од образованието не ја брише нееднаквоста. Таа само покажува дека не е подготвена да се соочи со неа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
СудбинаВидео: Несреќа на Монт Еверест: Хеликоптери се судрија при слетувањеИндиски државјанин загина, а државјанин на Нов Зеланд е повреден откако два хеликоптера се судрија при подготовка за слетување во регионот на Монт Еверест во Непал.„Инцидентот се случи во областа на Базниот камп на Монт Еверест. Државјанинот на Нов Зеланд е спасен“, изјави за Ројтерс Каман Синг Тапа Магар, главниот претставник на округот Солукхумбу. Хеликоптерите им припаѓале на приватните компании „Фиштаил ер“ (Fishtail Air) и „Дајнасти ер“ (Dynasty Air), пренесува Б92. Индискиот државјанин кој загина и Новозеланѓанецот кој беше повреден биле туристи, соопштија од компанијата. LIVE UPDATE FROM EVEREST: Helicopter Collision in Pheriche. Two helicopters collided at the helipad. More news coming up : #Pheriche #PhericheHelipad #NepalNews #HimalayanNews #BreakingNews https://t.co/ReLrzuc1eR — Daniel Mazur (@danielmazur) November 3, 2026 Претставник на компанијата „Дајнасти ер“ (Dynasty Air) изјави дека нивниот хеликоптер превезувал само товар. Несреќата се случила за време на шпицот на сезоната за пешачење и планинарење во Непал – период кога хеликоптерите во регионот превезуваат планинари и алпинисти, пренесува Ројтерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во Германија се сретна со Вуст: Продолжуваме да градиме силни партнерстваПремиерот Христијан Мицкоски оствари работна средба со Хендрик Вуст, премиер на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија.„Во рамки на посетата на Германија, остварив работна средба со Хендрик Вуст, премиер на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Заедно со владиниот тим, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, разговаравме за досегашната успешна соработка, поддршката и можностите за нејзино понатамошно продлабочување, особено во делот на економијата и инвестициите. Германските компании како „Костал“, „Кромберг и Шуберт“, „ВИК“, „Гересхајмер“ и други реномирани инвеститори кои веќе успешно работат во Македонија се одличен пример за потенцијалот за привлекување нови инвестиции од Северна Рајна-Вестфалија. На средбата го истакнавме и задоволството од спроведувањето на заедничката Декларација за намери за соработка, која опфаќа повеќе значајни области: економија, инвестиции, образование, култура, здравство, како и поддршка за европската интеграција на Македонија. Особено значајна е подготвеноста на премиерот Вуст да ја посети Македонија, што ќе претставува дополнителна можност за унапредување на партнерството и отворање нови перспективи за соработка. Продолжуваме да градиме силни партнерства, да привлекуваме нови инвестиции и да ги отвораме вратите за економски развој и нови можности за нашата држава.“- објави Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00