Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа
1Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа
ЗдравјеПортокалова фаза во целата држава - препораки од Комисијата за следење на ефектите од високите температури Согласно добиените информации од метео-алармот на УХМР,во следните седум дена почнувајќи од денеска, територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза.Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза. Министерството за здравство врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови ги донесе следните препораки: 1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се - бремените жени и лицата на возраст над 60 години. 2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. 3. Се препорачува сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници 4. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат проактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници согласно предвидените активности во Акциониот план. 5. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Потсетуваме дека населението во целиот летен период потребно е да ги почитува следните општи мерки за заштита на здравјето како што се: 1. Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка. 2. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. 3. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна. 4. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. 5. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри. 6. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари. Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува: 1. Задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба. 2. Термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиус, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени. 3. Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови. Информираме дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури. Исто така, по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици, посебно за најранливата категорија на граѓани во деновите кои доаѓаат, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКлековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоаМинистерот за здравство, Сашо Клековски денеска изјави дека бегството на Ива Михајлова во соседна Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум во Македонија, кој по проверката на нејзините наводи, вели, ќе утврдеа дека таму нема здравствен сл-Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум, тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеја работите на виделина какви се. Јас патувам во Софија, ќе разговарам секако со нивното Министерство за тоа, бидејќи во основа таму нема здравствен случај – вели Клековски. Инаку, против Ива Михајлова се води судски процес во Судот во Кочани за сообраќајна несреќа, со смртни последици. Во моментов македонските власти имаат распишано меѓународни потерници и по Ива Михајлова и по Симеон Михаилов.Тагови: Сашо Клекоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
СветНови експлозии во Ријад: Саудиска Арабија повторно во состојба на готовност поради воздушни нападиЖителите на Ријад повторно слушнаа експлозии во средата, откако саудиската служба за цивилна заштита издаде предупредување за воздушен напад за главниот град и за покраината Ал-Карџ, пренесува Асошиејтед прес (АП). Жителите разговараа со АП под услов да останат анонимни од безбедносни причини. Еден жител, кој живее во северниот дел на Ријад, изјави дека експлозиите се слушале во близина на областа каде што се наоѓа Меѓународниот аеродром „Крал Калид“. Сè уште не е познато од каде потекнуваат експлозиите. Во провинцијата Ал-Карџ, југоисточно од Ријад, се наоѓаат државната Корпорација за воена индустрија и воздухопловната база „Принц Султан“, што ја прави оваа област значаен воен центар. Во текот на изминатата недела, аеродромот во Ријад повеќепати беше цел на смртоносни напади за кои одговорност презедоа јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран. Како што ескалира конфликтот со Иран, Хутите постојано ги напаѓаат саудиските аеродроми, воените објекти и нафтената инфраструктура. Во вторникот избувна пожар во административна зграда во објект со кој управува „Сауди Арамко“, една од најголемите светски нафтени компании. Овој инцидент претставува најнов напад врз Саудиска Арабија, водечкиот светски извозник на нафта. Хутите однапред најавуваат напади врз аеродромите и нафтените постројки, што ги натера авиокомпаниите да ги суспендираат летовите и да ги повлечат своите авиони за да го минимизираат ризикот. Сè поинтензивните напади ги истакнаа тешкотиите со кои се соочува Саудиска Арабија во пресретнувањето на ракетите и беспилотните летала на Хутите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретседателот Гаши на Европска конференција на претседатели на парламенти во РимПретседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти, која на 15 и 16 октомври 2026 година ќе се одржи во Рим, Италија. Конференцијата се одржува под покровителство на Парламентарното собрание на Советот на Европа и одбележува 50 години од одржувањето на првиот ваков собир во Рим, во 1975 година. На овој форум на високо ниво, претседателите на парламентите ќе разменат мислења за предизвиците со кои се соочуваат демократските институции, влијанието на технолошкиот развој врз општествата и пазарите на трудот, како и за улогата на парламентите во зајакнувањето на меѓународната соработка и изнаоѓањето одговори на современите кризи. Во рамките на Конференцијата ќе се одржи и посебен состанок на генералните секретари на парламентите, на кој ќе учествува и Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието. Дневниот ред на состанокот предвидува дискусија за транспарентноста, интегритетот и етиката како клучни предуслови за обновување и зајакнување на довербата на граѓаните во парламентите. Европската конференција на претседатели на парламенти се одржува на секои две години и на неа учествуваат претседатели на парламентите од 46-те земји членки на Советот на Европа, како и делегации од државите со статус на партнери и набљудувачи, како и претставници на меѓународните парламентарни собранија. Педесет години по првиот собир во Рим, Конференцијата ќе биде можност повторно да се потврди суштинската улога на парламентите во зачувувањето на демократијата, обезбедувањето отчетност, справувањето со новите предизвици и зајакнувањето на меѓународната соработка од која зависат мирот, стабилноста и владеењето на правото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook