НБАПортланд нов лидер на „Западот“Во најсилната светска кошаркарска лига ноќеска се одиграа девет натпревари по кои екипата на Портланд изби на врвот на табелата во Западната конференција. „Блејзерси“ ги искористија поразите на конкурентите Оклахома и Сан Антонио и со победата над Шарлот станаа нови лидери на „Запад“.Лошата вечер за фаворитите ја надополни шампионот Мајами кој го доживеа осмиот сезонски пораз. Постигнати резултати на синоќешните средби во НБА лигата: Кливленд - Орландо 87:81 (по продолжение), Мајами - Голден Стејт 114:123, Чикаго - Бостон 94:82, Оклахома Сити - Бруклин 93:95, Сан Антонио - Њујорк 101:105, Феникс - Мемфис 91:99, Јута - Милвоки 96:87, Портланд - Шарлот 134:104 и Сакраменто - Филаделфија 104:113. Пласман Источна конференција: Индијана 25-6 (победи-порази), Мајами 24-8, Атланта 18-14, Торонто 15-15, Вашингтон 14-15, Детроит 14-19, Чикаго 13-18, Шарлот 14-20,... Пласман Западна конференција: Портланд 26-7 (победи-порази), Оклахома Сити 25-7, Сан Антонио 25-8, Лос Анџелес Клиперс 22-12, Хјустон 21-13, Голден Стејт 21-13, Феникс 19-12, Далас 19-13,...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направенаИранската агенција „Мехр“ објави нова снимка на врховниот лидер на Иран, Модџтаба Хамнеи, во момент кога сè погласни се шпекулациите за неговата здравствена состојба.На краткото видео, кое „Мехр“ го објави на „Телеграм“ и на својата официјална веб-страница, Хамнеи разговара со група луѓе. Агенцијата не соопшти кога и каде е направена снимката, ниту пак ги идентификуваше лицата кои се појавуваат со него. Снимката е објавена откако во медиумите и на социјалните мрежи се појавија тврдења дека Хамнеи бил хоспитализиран и дека неговата здравствена состојба е сериозна. Хамнеи беше избран за врховен лидер во март годинава, откако во воздушен удар беше убиен неговиот татко и неколку членови на семејството, а од тогаш воопшто не се појавил во јавност. State Media Video of Khamenei Backfires, Heightening Health Rumors Iranian state outlets released a video titled "First Images of the Leader" showing the Supreme Leader addressing students, following reports of his critical hospitalization. However, Iranian social media users… pic.twitter.com/9sIAQ8IvWa — ME24 - Middle East 24 (@MiddleEast_24) August 8, 2026 Тагови: Моџтаба Хамнеи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДо 13 часот активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива Паланка и Гостивар, соопшти ЦУК15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
До 13 часот активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива Паланка и Гостивар, соопшти ЦУК15:08
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и бројките - или како да се лаже со статистика додека фрижидерот е празенВМРО-ОКГ денеска повторно се фали со „бројки“ и тврди дека СДСМ ширел паника за инфлацијата.Ајде да ги видиме тие „деманти“: 27 март – Филипче вели: цените на храната растат секој ден. Реалност: инфлацијата во април достигна 5,7%. Граѓаните плаќаат повеќе за леб, масло, млеко и месо. На граѓаните не им треба статистика - им треба полн фрижидер. 22 април – Филипче предупредува, спиралата на поскапувања е започната. Реалност: Бензинот беше 70 денари - денес 91 денари за литар. Дизелот беше 65 денари - денес 100 денари за литар. Треба ли уште објаснување? 21 јуни - Филипче вели дека Владата потфрли и дека растот на цените е огромен. Реалност: откако сè веќе поскапе, сега се фалат дека поскапувањето забавило. Класика. ВМРО вели: „Ама просекот е понизок од 2022 година!“ Реалност: споредуваат со една од најтешките светски кризи - пост-ковид, почеток на војната во Украина и енергетската криза. А не споредуваат што граѓаните можат да купат денеска со истата минимална плата од околу 400 евра. Ете како ВМРО ја пласира својата статистика. 14 јули - Филипче повторно укажува на пад на стандардот и нова спирала на поскапувања поради горивата. Реалност: дизелот е 100 денари, минималната плата во Македонија е најниска во Европа. И ако ВМРО сака да ја споредува 2022 година со денес, тогаш да споредиме и цени: • Млеко - поскапено околу 50% • Леб - поскапен околу 60% • Ориз - поскапен околу 70% • Јајца - поскапени околу 60% • Месо - поскапено меѓу 50 и 70% И што сега, ВМРО? Морате да сфатите дека бројките што Мицкоски ги црта по табла како Вучиќ, и соопштенијата што ви ги пишуваат Манасиевски и Петрушев, повеќе не поминуваат. Ова е истата логика како и досега: • Трета економија во Европа, а луѓето немаат за леб, • Најголема куповна моќ, а фрижидерите се празни, • Буџетот е во одлична кондиција, а секоја недела ново задолжување (државата ја задолжија со 2,5 милијарди евра за две години), • Инфлацијата е под контрола, а сè што се јаде и пие чини повеќе, Бројките на Мицкоски живеат во презентации. Граѓаните живеат во продавница. И таму статистиката е јасна: паричникот е потенок, а сметките се подебели. Продолжете да се фалите со проценти. Народот веќе одамна ве мери со празни кеси. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДо 13 часот активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива Паланка и Гостивар, соопшти ЦУК15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
До 13 часот активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива Паланка и Гостивар, соопшти ЦУК15:08
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
КултураВечерва во Драчево продолжува киното на отворено со филмот „Трето полувреме“Откако вчеравечер филмскиот викенд започна со култниот „Бал-Кан-Кан“, киното на отворено во Драчево продолжува и вечерва. Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, ги поканува граѓаните на уште една филмска вечер во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево. Вечерва, 09.08.2026 (недела), со почеток во 20:00 часот, на големото платно ќе се прикаже „Трето полувреме“, уште едно извонредно остварување на режисерот Дарко Митревски. Присутните ќе имаат можност да погледнат филмска приказна инспирирана од вистински настани, во која ќе можат да уживаат во одличните улоги на Катарина Ивановска, Сашко Коцев, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апостоловски, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Тони Михајловски и други. Влезот за сите посетители е слободен.Тагови: Драчево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter