Порше урна рекорд стар 35 години - Канал 5

Порше урна рекорд стар 35 години

Порше 919 ја мина легендарната патека во Нирнберг за рекордно време од 5:19.55 и го урна рекордот од 1983 година.

Порше урна рекорд стар 35 години

Тркачкиот автомобил Porsche 919 Hybrid Evo стана најбрз автомобил на патеката Нирбургринг , со резултат подобар за дури 52 секунди . По неколку обиди Тимо Бернхард успеа да го урне рекордот на кружната патека со време од 5 минути и 19,55 секунди , со што го урна рекордот од мај 1983 година од 6 минути 11,13 секунди , постигнат исто со Порше но со моделот 956 C.

Иако разликата во резултатот изгледа неверојатно голема , сепак од тимот на Порше уверуваат дека може да се помине кружната патека во Нирнберг и за помалку од 5 минути , одниосно пресметале дека кругот Нордшлајфе може да се помине за 4 минути и 51 секунда.

Porsche 919 Hybrid Evo , со кој што беше поставен рекордот има хибриден погон со речиси 1 200 коњским сили , а тежи само 849 килограми. За да се одржи на патеката , користи специјални Michelin гуми , кои имаат поголема сила на прилепување отколку кај Формула 1 болидите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велјановски: ЈО да истражи како СДС и ДУИ управувале со 1,3 милијарди евра за Коридорите 8 и 10д

Според ревизорскиот извештај на ДЗР, само 0,12% биле платени за градба, ЈО да истражи како СДС и ДУИ управувале со 1,3 милијарди евра за Коридорите 8 и 10д.

Велјановски: ЈО да истражи како СДС и ДУИ управувале со 1,3 милијарди евра за Коридорите 8 и 10д

За Коридорите 8 и 10Д, во должина од 108 километри и со проценета вредност од 1,3 милијарди евра, ДЗР утврдил дека заклучно со декември 2023 година само 0,12% од трошоците се однесувале на градба, што покажувало отстапување од планираната динамика.

Истовремено, ревизорите утврдиле сериозни слабости во управувањето со капиталните инвестиции и милионски провизии за неповлечени средства кај инфраструктурните проекти.

Затоа СДС и ДУИ мора да одговорат:

Како се управувало со проект вреден над 1,3 милијарди евра, ако до крајот на 2023 година само 0,12% од трошоците биле за градба? Каде и за што се трошеле парите? Зошто се доцнело со реализацијата? Кој бил задолжен да ја контролира динамиката и трошењето на средствата? И зошто државата плаќала милионски провизии додека средствата останувале неповлечени, а проектите доцнеле?

Ова се прашања на кои јавноста заслужува одговор. Особено денес, кога може да се направи јасна споредба.

Денес се гради на Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола. На Гостивар–Букојчани напредокот во 2026 година е речиси 60 проценти, а градежни активности има на околу 14 од 17,5 километри на Тетово–Гостивар.

Тоа покажува дека проектите можат да се реализираат кога институциите работат и кога има контрола врз реализацијата.

Но сегашната изградба не ја брише одговорноста за она што се случувало претходно.

Затоа бараме Јавното обвинителство да реагира и да го истражи ревизорскиот извештај на ДЗР.

Да ги испита договорите, исплатите, провизиите и динамиката на реализација, и да утврди кој носел одлуки и кој бил одговорен за управувањето и контролата на проектот.

Одговорност мора да има, рече Aлександар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC

Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога.

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за здравство Сашо Клековски денеска (10.09.2026) во Министерството за внатрешни работи остварија работна средба со шефот на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) во Скопје, Уктам Насиров.

Средбата се одржа на иницијатива на министерот Тошковски, со цел отворање дискусија за унапредување на досегашниот пристап во борбата против недозволената трговија со дрога и психотропни супстанции, како и за можностите за поголема ефикасност и подобра координација меѓу надлежните институции.

Во разговорите беа разгледани можностите за користење на експертските капацитети и искуството на UNODC, особено преку организирање јавни и стручни дебати, активности за подигнување на свеста за штетните последици од дрогата, како и размена на искуства и добри практики од други држави.

Посебно внимание беше посветено на можноста за унапредување на законската рамка и разгледување модели што се применуваат во други европски држави. Во тој контекст беше разговарано за пристап според кој, зависно од видот и количината на пронајдената дрога и околностите на конкретниот случај, одредени дејствија би добиле соодветен кривично-правен третман, наместо да се третираат исклучиво како прекршоци. Истовремено, беше нагласена потребата од механизми кои ќе овозможат соработка со правосудните органи, како и соодветен здравствен третман и поддршка за лицата со зависност.

Министрите Тошковски и Клековски ја истакнаа потребата борбата против дрогата да се води со координиран пристап во кој, покрај полициското и кривично-правното постапување, значајно место ќе имаат превенцијата, здравствената заштита и третманот на зависностите.

На средбата беше разговарано и за поддршка на Националната опсерваторија за дроги и зависности, како и за натамошно продлабочување на соработката со Агенцијата за дроги на Европската Унија.

Иницијативата беше позитивно прифатена од шефот на Канцеларијата на UNODC во Скопје, Уктам Насиров, при што беше изразена подготвеност за продолжување на разговорите, размена на експертски искуства и разгледување на најдобрите практики од регионот и пошироко.

Заеднички беше оценето дека справувањето со недозволената трговија со дрога бара истовремено силен институционален одговор кон криминалните структури, ефикасна превенција и соодветен здравствен пристап кон зависностите, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 58 случаи на западнонилска треска и прв во Свети Николе, 8 починати, хаосот продолжува

Во Македонија веќе се регистрирани 58 случаи на западнонилска треска, прв случај има во Свети Николе.

СДСМ: 58 случаи на западнонилска треска и прв во Свети Николе, 8 починати, хаосот продолжува

Бројот на заболени расте, а бројот на починати достигна осум. Не се ова само статистички бројки – ова се човечки животи.

Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената криза од западнонилска треска.

СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска.

Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните.

Владата нема капацитет навремено да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира откако кризата ќе ескалира.

Истиот модел на задоцнета реакција, институционален хаос и молк го гледаме и со здравствената криза во Гостивар.

Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата.

Прво се молчи, потоа институциите задоцнуваат, а на крај граѓаните ги плаќаат последиците.

Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без целосен извештај за водата во Гостивар.

Две здравствени кризи, ист модел на однесување – задоцнета реакција, недоволна превенција, институционален хаос, молк и никаква одговорност.

Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер