Порше од 9 милиони евра: Има само шест примероци, а сега се продава на аукција (ФОТО) - Канал 5

Порше од 9 милиони евра: Има само шест примероци, а сега се продава на аукција (ФОТО)

Ова Porsche 962 од 1985 година ќе се најде на аукција на 9-ти јуни и може да достигне цена од 9 милиони евра.

Порше од 9 милиони евра: Има само шест примероци, а сега се продава на аукција (ФОТО)

Во светот има само шест примероци, а тие беа поттикнати од имиња од светската класа.

Моделот 962 постигнал вкупно 19 победи на легендарната трка. Пред создавањето на групата Ц, производителот од Штутгарт победи 6 пати на Ле Ман. Откако ја започна групата Ц, со 956 и 962 како главни возила, компанијата успеа да го подигне бројот на победи на 13 во 1994 година.

Направени се само шест примероци и овој 962 C е од 1985 година со број на шасија 004. Тој е еден од трите примероци доделени на фабричкиот тим на Ротманс Порше за сезоните на шампионатот за издржливост во 1985 и 1986 година. Неговото деби се случило на изданието на 24 часа Ле Ман во 1985 година, каде што го возеле Џон Вотсон, Верн Шупан и Ал Холберт, иако механички дефект го спречило да ја заврши трката.

Подоцна истата година, 962 C го возат Џеки Икс и Јохан Маас на 1000 км Хокенхајм. За сезоната 1987 година, автомобилот го смени тимот во „Joest Racing“ со возачите Дерек Бел и Ханс-Јоаким Стак зад воланот. Последниот официјален настап на 24 часа Ле Ман беше во 1988 година со возачите Дејвид Хобс, Дидие Теис и Франц Конрад. Севкупно, тој го освои петтото место.

Автомобилот подоцна бил продаден на колекционер во САД, а неговиот сегашен сопственик го купил во 2004 година на Фестивалот на брзина или „Класик на Силверстоун“. Во 2018 година добил целосна реставрација.

Сега RM Sotheby's ќе биде задолжен за неговата аукција, на настан што ќе се одржи во Ле Ман, Франција на 9 јуни. Тоа ќе биде еден од скапоцените камења на аукцијата, чија продажна цена се проценува меѓу 6 и 9 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Глодари ги вознемирија жителите кај ТЦ „Буњаковец“ и ООУ „Песталоци“

Глувци и стаорци среде центарот на Скопје, во непосредна близина на училиште – жителите на Буњаковец алармираат за зголемено присуство на глодари и бараат итна реакција. 

Глодари ги вознемирија жителите кај ТЦ „Буњаковец“ и ООУ „Песталоци“

Проблемот повторно се појавил на општинскиот паркинг меѓу Трговскиот центар „Буњаковец“ и основното училиште „Ј. Х. Песталоци“, а за него алармираа од Граѓанската иницијатива „Во одбрана на Буњаковец“.

Загриженоста е поголема бидејќи станува збор за фреквентна локација, веднаш до основно училиште и во близина на станбени објекти. Граѓаните што ги анкетиравме велат дека проблемот мора да се решава навреме и бараат почесто одржување на хигиената на јавните површини.

По новите реакции, од Општина Центар најавуваат нова вонредна дератизација веќе во понеделник. Ова ќе биде повторна интервенција откако, и покрај акцијата спроведена пред само еден месец, повторно било регистрирано зголемено присуство на глодари.

Со дератизацијата ќе бидат опфатени шахтите, просторот околу контејнерите, како и други ризични точки каде што има пријави или е забележано присуство на глодари.

Но, градоначалникот Горан Герасимовски во објава на социјланите мрежи оцени дека само дератизацијата не е доволна, а како еден од главните проблеми ги наведува нередовното чистење на контејнерите и натрупувањето отпад, кои создаваат услови за повторно појавување на глодарите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова од Софија: Ако навистина ја сакате Македонија во ЕУ, покажете го тоа со дела – испорачајте мерлива поддршка

Зајкова порача дека по повеќе од две децении европски ветувања, на Западниот Балкан повеќе не му се потребни нови декларации за европска перспектива, туку конкретни одлуки што ќе покажат дека реформите и исполнетите обврски носат реален напредок.

Зајкова од Софија: Ако навистина ја сакате Македонија во ЕУ, покажете го тоа со дела – испорачајте мерлива поддршка

„Љубовта се покажува со дела. Ако навистина сакате да ја видите Македонија во Европската Унија, се надевам дека тоа ќе го покажеме така што заедно ќе чекориме напред – со поддршка“, порача претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова во Софија, непосредно пред своето обраќање, реагирајќи на излагањето на европратеникот Андреј Ковачев кој рече дека Бугарија гледа на Македонија со љубов навистина сака да ја види Македонија како членка на ЕУ.

Зајкова порача дека по повеќе од две децении европски ветувања, на Западниот Балкан повеќе не му се потребни нови декларации за европска перспектива, туку конкретни одлуки што ќе покажат дека реформите и исполнетите обврски носат реален напредок.

„Во Солун во 2003 година Западниот Балкан доби јасна европска перспектива. Детето родено тогаш денес има 23 години. Цела една генерација порасна слушајќи: Европа е вашата иднина. Не сакам повеќе да зборуваме за тоа што Европа ќе направи еден ден во иднина. Сакам да зборуваме за тоа што можеме да направиме денес“, истакна Зајкова.

Таа нагласи дека граѓаните на Македонија бараат процес во кој по секоја исполнета обврска доаѓања заслуженото придвижување воопшто ќе се случи, и додаде: „Нашите граѓани не се уморни од реформите. Уморни се од реформи без резултати. Ако од нив бараме тешки одлуки, реформи и компромиси, тогаш имаме обврска да покажеме дека исполнувањето на условите носи видлив напредок.”

“Во спротивно, страда довербата“, рече Зајкова.

Според неа, Балканот мора конечно да ја напушти политичката логика „кој кого може да блокира“ и да почне да размислува како успехот на една држава може да придонесе за успехот и безбедноста на соседите и на цела Европа.

„Наместо постојано да прашуваме кој кого може да блокира, да почнеме да прашуваме: како можеме да си помогнеме едни на други да станеме посилни? Како успехот на Бугарија може да ѝ помогне на Македонија и како успехот на Македонија може да ги направи Бугарија, Балканот и Европа посилни? Просперитетна, демократска и европска Македонија е во интерес на Бугарија, исто како што просперитетна и успешна Бугарија е во наш интерес“, порача Зајкова.

Таа посочи дека најголемата стратешка грешка за регионот би била државите да продолжат да го доживуваат напредокот на соседот како сопствен пораз.

„Можеме да бидеме емотивни. Можеме различно да гледаме на делови од минатото. Но не смееме разликите за минатото да ни ја одземат можноста заедно да изградиме подобра сегашност.“ нагласи Зајкова.

Во своето обраќање таа предложи и три конкретни чекори со кои европската интеграција би станала видлива уште пред формалното членство: структурирано итно учество без право на глас на пратеници од земјите кандидатки во релевантните комисии на Европскиот парламент во преодна фаза, посилен парламентарен надзор врз исполнувањето на обврските од постепената интеграција и принцип на автоматизам според кој исполнувањето на однапред јасно утврдени критериуми ќе носи однапред јасно утврдени придобивки.

„Ако критериумите се јасни и се исполнети, мора да следува резултат. Не реформа денес, а пет години подоцна повторно политичка дебата дали ќе ја добиеме придобивката што ни била ветена. Европа мора повторно да ја воспостави врската меѓу заслугата и напредокот“, рече Зајкова.

Како претседателка на либералното движење на Југоисточна Европа, Зајкова истакна дека регионалната соработка ѝ покажала дека успехот на соседот не е закана, туку можност.

„Кога некој од моите колеги како Илхан, Влад, Дан Барна и други во регионот успеваат, јас во нив не гледам конкурент. Гледам партнер. Замислете само ако тоа стане политички инстинкт на целиот Балкан – наместо да инвестираме енергија во тоа како да се сопреме едни со други, да инвестираме во тоа како заедно да напредуваме“, додава Зајкова.

„Балканот има енергија, талент и амбиција да биде еден од најдинамичните региони во Европа. Да ја споиме таа балканска енергија со европски правила, функционални институции и кредибилно исполнување на преземените обврски. Тогаш на нашите граѓани нема да мораме уште еднаш да им кажуваме дека Европа е нивната иднина – тие конечно ќе можат да ја видат Европа во својата сегашност“, заклучи Зајкова.

Со почит,

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фон дер Лајен во октомври го посетува Скопје: Планот за раст и новата стратегија на ЕУ во фокусот

Планот за раст и напредокот на земјите кандидатки ќе биде во фоксуот на посетата на шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен за време на три дневната балканска турнеја. 

Фон дер Лајен во октомври го посетува Скопје: Планот за раст и новата стратегија на ЕУ во фокусот

Европската Комисија потврди дека Лајен од 30-ти септември тргнува во посета на Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија. Според најавената агендата, Скопје најверојатно ќе го посети на втори октомври.

-Таа ќе се фокусира на следните чекори од европскиот пат на нашите партнери и на актуелниот напредок за постепена интеграција, помогнат од планот за раст за Западен Балкан. , изјави Ариана Подеста, портпаролка на ЕК.

Посетата на Лајен во регионот, во чии рамки нема да ги посети Белград и Сараево поради како што појаснија изборната кампања таму, ќе се совпадне со периодот кога Европската Комисија ќе ја објави новата стратегија за проширување, предвидена за 30-ти септември. Хрватскиот европратеник и известувач за Србија, Тонино Пицула открива дека на маса се дури 12 нон пејпери, од кои до 30-ти септември треба да произлезе еден конкретен документ.

-Тогаш ќе видиме дали оние најави за некои иновации во политиката на проширување, дали новите членки на ЕУ на почетокот ќе бидат лишени од правото на вето на заедничките одлучи кои се веќе донесени. Ќе бидат ли тие фиксирани во некаков конкретен предлог. Тоа нема да биде прв пат, се сеќавам на 2019-та година кога Македонија уште еднаш, поради францускиот притисок заобиколена, а потоа Комисијата по шест месеци излезе со новата методологија на преговарање со кластери, изјави Тонино Пицула, европратеник од Хрватска.

Она што е сосема извесно е дека документот ќе содржи три суштински работи – постепено членство, со пристап до европскиот пазар, нова методологија и построга контрола на земјите кандидатки. Она што најмногу ги плаши поддржувачите на проширувањето е од помпезно најавуваната реформата да произлезе членство во ЕУ од втор ред.

-Тоа би изгледало како „ве каниме на роденден, но не смеете да ја пробате тортата. Значи не можете некого да поканите, а да не смее ништо да каже. , изјави Сунчана Главаш, европратеничка од Хрватска.

Еврокомесарката Марта Кос вчера го повтори ставот на Брисел дека Македонија мора да ги спроведе уставните измени, а дека потоа очекува да биде поддржана од Бугарија во преговарачкиот процес. И додека Европската Унија ја живее најдолгата пауза без проширување од основањето, Канада преку ноќ доби отворена врата да стане првата придружна членка на Унијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер