Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
1Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
АвтомобилизамПорше има нов ексклузивен модел- 911 Spirit 70 за најбрзите 1.500 купувачи (ФОТО)Porsche претставува ограничено издание од само 1.500 примероци од 911 Spirit 70, кабриолет кој го оживува духот на 1970-тите и почетокот на 1980-тите.Ова специјално издание, претставено на Шангајскиот саем за автомобили, е третиот модел од стратегијата „Heritage Design“ на „Порше“. Најновото издание на 911 Spirit 70 доаѓа во ексклузивна маслинесто зелена боја „Olive Neo“ со контрастни бронзени детали, историски инспирирани декоративни графички елементи и ретро дезен во ентериерот. Хибридни перформанси Техничката основа е актуелниот 911 Carrera GTS Cabriolet со хибриден погон кој комбинира новоразвиен 3,6-литарски боксер мотор, eTurbo и електричен мотор во новиот PDK менувач. Овој модел има 541 КС и 610 Nm вртежен момент. Уникатноста на овој модел се рефлектира во внимателно одбрани детали како што се црните декоративни ленти на капакот на моторот што потсетуваат на безбедносни налепници од 1970-тите, грбот на Порше што е речиси идентичен со историскиот грб од 1963 година и ентериерот со шара што потсетува на развеано карирано знаме. Заедно со автомобилот, Porsche создаде ексклузивен хронограф и посебна колекција производи за животен стил. Овој колекционерски предмет може да се нарача веднаш, а се очекува да се најде во европските салони веќе во текот на мај. Апликација за патување низ времето За љубителите на виртуелното искуство, Porsche претставува и иновативна апликација за Apple Vision Pro која им овозможува на корисниците да патуваат низ времето во 70-тите години и интерактивно, чекор по чекор, самостојно да го дизајнираат својот автомобил од соништата со детален преглед на стиловите на дизајнирање од тоа време. Тагови: модели Порше Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаССК го одржа годишното собраниеСојузот на стопански комори попладнево го одржа годишното собрание на кое беа сумирани активностите и резултатите од работењето во изминатиот период.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканОд март се враќа задолжителниот воен рок во Србија, најави ВучиќПретседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека во март следната година повторно ќе се воведе задолжителниот воен рок.Претходно, актуелната власт најави враќање на задолжителното служење на воениот рок во Србија во траење од 75 дена за мажи до 30 години. Армијата на Србија, со одлука на претходните власти, официјално стана професионална војска на 1 јануари 2011 година, кога стапи на сила собраниската одлука за укинување на обврската за служење воен рок. Редовното служење на воената обврска тогаш беше заменето со доброволно служење, а војската почна да се пополнува со професионални војници и офицери.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД и Иран се договориле да го прекинат последниот бран судири и да се вратат на преговарачка масаИран и Соединетите американски држави постигнале договор за прекин на последниот бран меѓусебни судири во Персискиот заливИран и Соединетите американски држави постигнале договор за прекин на последниот бран меѓусебни судири во Персискиот залив и да ги продолжат разговорите согласно меморандумот за разбирање што неодамна го потпишаа двете страни, потврдил американски функционер за неколку светски медиуми. Веста за постигната согласност за прекин на непријателствата, како што наведуваат медиумите, ги зголемува надежите дека привремениот мировен договор меѓу Вашингтон и Техеран може да опстане и покрај меѓусебните вооружени судири во последните денови. Американскиот новински портал „Аксиос“, повикувајќи се на неименуван висок американски функционер, објави дека разговорите меѓу претставиците на Вашингтон и Техеран треба да продолжат утре, во главниот град на Катар, Доха. Засега не е познат ставот на Техеран во врска со наводите кои доаѓаат од страна на извори од американската администрација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook