МакедонијаПоројните дождови направија проблеми на повеќе местаПаднати дрвја, поплавени улици и одрони. Дождот кој врнеше изминатото деноноќе во поголем дел од Македонија, предизвика одредени проблеми во некои места.Утринава е избегната несреќа, откако две дрвја паднале во близина на основното училиште Киро Глигоров во Општина Центар. Во моментот кога екипата на Канал 5 беше на терен, работници ја расчистуваа улицата, која неколку часа беше блокирана. За среќа, не била причинета поголема штета и нема повредени лица. Исто така, дождот предизвика одрон на автопатот Скопје-Велес, поради што се случија и две сообраќајни незгоди во кои нема повредени лица. Оболните дождиви поплавиле и подвозник во Тетово. Таму заглавил автомобил, а возачот бил навреме спасен откако на лице место интервенирале екипи на СВР Тетово и ТППЕ Тетово, со две противпожарни возила и четворица пожарникари. Ваквото нестабилно време ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, најавуваат од УХМР, а веќе од среда ќе следи стабилизирање со пониски темпетатури. Од друга страна пак, врнежите од дожд се добредојдени во овој период за земјоделците, сметаат дел од агрометеоролозите. Овие временски услови, нагласуваат тие, се поволни за сеидбата на есенските култури, која е во тек. Дождовите, велат агрометеоролозите, ја надополнуваат влагата во почвата и ги снабдуваaт земјоделските култури со потребното количество вода. Тагови: одрон сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПомалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот. Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот. Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник. Извор:Б92Тагови: часовник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружјеНајмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС. Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“. „Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството. Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес. Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.Тагови: оружје русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во Центар.На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната брогада и МВР. Се уште не е познато како настанал пожарот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter