Породена докторката по своја волја ја напуштила инфективна клиника - Канал 5

Породена докторката по своја волја ја напуштила инфективна клиника

Бремена лекарката која криела дека свекорот и е позитивен на вирусот, а по продувањето и самата беше потврдена како позитивна, денеска ја напушта Инфективната болница. 

Породена докторката по своја волја ја напуштила инфективна клиника

Од таму велат дека родилката е во добра и стабилна здравствена состојба, но самата побара да си оди.

-Пациентката е стабилна, во добра здравствена состојба. На нејзино барање се испишува од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Информиран е и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Целото семејство ќе биде во самоизолација,- Инфективна клиника.

Родилката заврши на Инфекетивна, откако претходно се породила во приватна болница. Слулајот детално се истражува од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Досега е познато таа прво дошла во државната гинеколошка болница, но среде ноќ, откако се дознало дека била во контакт со заразен, решила да ја напушти клиниката, по што заминала во приватна болница среде породување. Таму кажала дека имала контакт со човек што имал респираторни проблеми, но не и дека е заболен.Од инсперкторатне исклчуваат има и кривична одговорност.

Синоќа се прошири информација и дека родилката можно е и воопшто да не била лекарка и лажно да се претставила, откако Лекарската комора соопшти дека нејизното име и призиме го нема во регистарот.Но, денеска беше објавено дека постојат податоци дека таа има завршено медицински факултет и веќе го подигнала увернието.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хари Кејн зборува отворено за „Златната топка“, Меси и Роналдо: „73 гола зборуваат сами за себе“

Напаѓачот на Баерн Минхен, капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, разговараше со шпанскиот весник „Марка“ за трката за „Златната топка“, за своите амбиции во Лигата на шампионите, за Жозе Мурињо и за Лионел Меси.

Хари Кејн зборува отворено за „Златната топка“, Меси и Роналдо: „73 гола зборуваат сами за себе“

Напаѓачот на Баерн Минхен, капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, разговараше со шпанскиот весник „Марка“ за трката за „Златната топка“, за своите амбиции во Лигата на шампионите, за Жозе Мурињо и за Лионел Меси, како и за факторите што му овозможуваат да напредува и покрај годините.

Иако зад себе ја има сезоната од соништата во која постигна 73 гола на 65 натпревари, Кејн останува скромен кога станува збор за индивидуалните признанија.

„Никогаш не сум сакал премногу да зборувам за себе. Можам само да кажам дека минатата сезона беше неверојатна, како на личен план, така и за тимот. Тоа несомнено беше најдобрата сезона во мојот живот. Фактот е дека 73 гола – втор најголем број во историјата – зборуваат сами за себе. Исклучително сум горд на тоа, но ’Златната топка‘ не зависи од мене; таа зависи од луѓето што гласаат“, изјави англискиот напаѓач, додавајќи дека евентуална церемонија за доделување на наградата во неговиот роден Лондон би имала посебно значење.

Кога станува збор за европската елита, Кејн отворено призна дека трофејот во Лигата на шампионите претставува најголем преостанат предизвик за Баварците по болната елиминација минатата сезона.

„Минатата сезона беше навистина добра за нас. Завршивме како втори во лигашката фаза и одигравме одлични натпревари против Аталанта, Реал Мадрид и ПСЖ. Бевме многу блиску; имаме самодоверба и вистински тренер. Се работи за тоа да се направи тој последен чекор“, изјави Кејн, кој во елитното натпреварување ќе се соочи со Атлетико Мадрид токму на стадионот каде што го загуби финалето со Тотенхем.

Зборувајќи за својата форма и физичка подготвеност во најдобрите играчки години, тој особено ја истакна соработката со спортскиот лекар Алехандро Елоријага – со кого соработува веќе шест и пол години – посочувајќи го како клучен фактор за одржување на неговите настапи на највисоко ниво.

Кејн со голема почит се наврати на периодот кога соработуваше со португалскиот тренер Жозе Мурињо во Тотенхем, истакнувајќи дека Мурињо му давал целосна слобода на теренот и совршено го разбирал секој детал од играта.

Тој исто така се осврна на можноста да ја освои својата трета „Златна копачка“ – успех со кој би им се придружил на Лионел Меси и Кристијано Роналдо – и се присети на емотивната средба со Аргентинецот по елиминацијата од Светското првенство.

„Меси и Роналдо доминираа во фудбалот цела една генерација. Да се ​​биде дел од тој разговор е нешто посебно. Чувствувам огромна почит кон Меси; тој е неверојатен играч и многу скромен човек кој секогаш го ставаше тимот пред себе“, изјави Англичанецот.

На крајот, напаѓачот истакна дека најважниот столб на неговата кариера е семејната стабилност што ја има со сопругата, родителите и најблиските, нагласувајќи дека среќата надвор од теренот директно се одразува на неговите настапи за Баерн и за националниот тим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна

Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење, подготовка на храна и послужување во јавни објекти, соопштија вчера попладне од Општина Струмица.

Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна

Одлуката е донесена од агенцијата за храна и ветеринарство, по спроведен вонреден инспекциски надзор.

Според информациите објавени од општината, при надзорот било утврдено отсуство на резидуален хлор, како и контаминација со бактерии кои се индикатори на фекално загадување.забраната не се однесува само на директно консумирање на водата.

Таа не смее да се користи ниту за подготовка на храна, како и за послужување во јавни објекти во засегнатите населени места.

Од Општина Струмица апелираат жителите на Рич, Попчево, Белотино и Вељуса строго да се придржуваат до изречената забрана.мерката ќе остане во сила сè додека надлежните институции не утврдат дека водата повторно е исправна и безбедна за употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешко повреден малолетник во тепачка во училиштен двор во Ѓорче Петров

Малолетник бил нападнат во школски двор во скопската населба Ѓорче Петров.

Тешко повреден малолетник во тепачка во училиштен двор во Ѓорче Петров

Во средата во 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дворот од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, малолетникот бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои едниот го познавал..

Во нападот, детето, чија возраст не е наведена во билтенот на МВР , се здобило со тешки телесни повреди.се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер