Шоу бизПорно ѕвездата Сторми Даниелс ќе соработува со обвинителите во истрагата против ТрампОваа вест ја соопшти нејзиниот адвокат - истиот ден кога Коен, во врска со истиот случај, сведочеше пред поротата во Њујорк. Неговото сослушување започна вчера.Порно ѕвездата Сторми Даниелс денеска се сретна со обвинителите во врска со обидите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ја принуди да молчи со плаќања извршени преку поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен. Оваа вест ја соопшти нејзиниот адвокат - истиот ден кога Коен, во врска со истиот случај, сведочеше пред поротата во Њујорк. Неговото сослушување започна вчера. Сума од 130.000 долари беше платена на Сторми Даниелс во 2016 година, за време на последните недели од првата претседателска кампања на Трамп. Во тоа време, таа преговараше за нејзиното појавување на телевизија за да ги објави своите тврдења за сексуалната врска што ја имала со Трамп една деценија порано. Плаќањата оделе преку Коен, кој на сличен начин исплатил и друга жена - по инструкции на Трамп, тврди неговиот поранешен адвокат. Сторми Даниелс се сретна со обвинителите од Менхетен, одговори на нивните прашања и е подготвена да сведочи, објави нејзиниот адвокат Кларк Брустер на Твитер. Таа му се заблагодари, исто така преку Твитер, што и помогна „во нашата постојана борба за вистина и правда“. Окружното обвинителство на Менхетен одби да ги коментира овие информации. Коен по денешниот, веројатно последен ден од сведочењето, рече дека ќе продолжи да им дава на обвинителите „секакви информации и соработка што ќе им бидат потребни“. Иако ги прекина односите со Трамп, Коен рече дека ова не го прави од одмазда. Сторми Даниелс изјави дека во 2006 година имала сексуален однос со Трамп, кој не го сакала, но не се противела, а Трамп тврди дека тоа никогаш не се случило. Неговиот сегашен адвокат вели дека Трамп е повикан да сведочи пред големата порота во Њујорк, но не планира да го стори тоа. Во 2018 година, федералните обвинители го обвинија Коен за прекршување на финансирањето на кампањата поврзани со плаќањата на Сторми Даниелс и моделот на списанието Плејбој, Карен Мекдугал. Карен Мекдугал добила 150.000 долари, а тврдела дека имала афера со Трамп во 2006 и 2007 година додека тој бил во брак. Трамп го негираше тоа. Коен се изјасни за виновен, одлежа затворска казна и беше исфрлен од адвокатската комора. Федералните обвинители не поднесоа никакви обвиненија против Трамп. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисГолеми изненадувања во Монтреал! Шок по шок во Монтреал! Големи изненадувања го одбележаа второто коло на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монтреал.Мастерсот во Монтреал уште во второто кола остана без првиот и четвртиот ностле. Првиот и четвртиот носител, Александар Зверев и Данил Медведев, се елиминирани од холандски тенисери, а натпреварувањето го заврши и Тејлор Фриц. Третиот тенисер во светот, Александар Зверев, го одигра својот прв меч по поразот од Јаник Синер во финалето на Вимблдон, но веднаш го заврши своето учество во Канада. Германецот беше поразен од Талон Грикспор со резултат 6:7 (3:7), 6:2, 6:4. Холанѓанецот, кој моментално е 69-ти на АТП-листата, пристигна во Канада со само една победа од претходните осум меча на АТП-турнејата, но успеа да ја забележи својата трета победа во кариерата против Зверев. Престојот во Канада заврши и за четвртиот носител, Данил Медведев. Рускиот тенисер во 2 коло загуби од Ботик ван де Зандшулп со 6:3, 7:6 (7:5), со што Холанѓанецот ја оствари својата прва победа во нивните меѓусебни дуели.Тагови: Зверев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски повеќе не може да се брани со лаги - сега праќа тепачиМицкоски повеќе не може да ги скрие неуспесите.Не му помагаат ниту 40% од Орбановите медиуми, ниту фармите на тролови, ниту бот-платформите наследени од сестринската СНС. Народот ги прочита. Катастрофалната економија, постојаното задолжување и труењето на цела Македонија повеќе не се кријат зад пропаганда. Затоа сега ја увезува и медиумска машинерија на Вучиќ - Ало групацијата (вклучувајќи го озлогласениот Информeр и други). Се увезува лиценца за Еуроњуз што треба да ја води Ивона Талевска. Целата мрежа под команда на „Началникот“ Латас - човек поврзан со српските служби. Треба да почнат во септември. Целта е јасна: медиумски мрак по модел на Вучиќ. А додека мрежата уште не е целосно активирана, веќе ја презеде и техниката на Вучиќ на напад и тепање на неистомисленици кои сакаат да се слушне нивниот глас. Во Србија удираат по неистомисленици, повеќе од една година. Кај нас почна од вчера вечерта. Синоќа во Ново Село беа нападнати млади активисти на СДСМ. Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена. Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе. Еден од нив е возачот градоначалникот на Струмица, извесен Наско Димитриев. Ова не смее да остане неказнето. Мицкоски ја премина секоја граница. Бараме од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат. Уште денеска да ги идентификуваат напаѓачите и да ги лишат од слобода. Сите до еден. Нема да дозволиме и ова да помине неказнето. Фашистички методи нема да дозволиме. Доволно е што Латас спроведува Гебелсови техники во медиумите, нема да дозволиме тоа да се случува и на улица. Младите не се плашат. Народот е буден. А стравот веќе не им е сојузник! Скопје, 06.08.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПациенти од онкологија ќе протестираат пред Министерството за здравство поради недостиг на терапијаПациенти од Клиниката за онкологија и радиотерапија денеска ќе протестираат пред Министерството за здравство поради недостиг на терапија. Од Клиниката велат дека станува збор за краткотрајно доцнење и дека најголем дел од лековите веќе се испорачани. Неколку пациентки денеска симболично ќе излезат пред Министерството за повторно да предупредат на честите прекини во снабдувањето со потребните лекови. Од клиниката, пак, соопштија дека кај мал дел од препаратите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување било евидентирано „краткотрајно доцнење во испораката“, кое го поврзуваат со повеќе фактори – зголемена потрошувачка, поголем број пациенти, периодот меѓу две јавни набавки и делумен недостиг кај дистрибутерите.Најголемиот дел од потребните препарати веќе се обезбедени и доставени на клиниката, додека преостанатите количини се очекува да бидат достапни во текот на оваа недела“, соопштија од установата.Тагови: Клиниката за онкологија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter