Порно ѕвезда се вљубила во колега за на снимање - сега имаат бебе! - Канал 5

Порно ѕвезда се вљубила во колега за на снимање - сега имаат бебе!

28 годишната Кајден Крос во интервју за Њујорк Тајмс раскажа зошто станала порно актерка, како се вљубила во свој колега и како поднесува денеска нејзиниот вереник со кој има дете и натаму да снима порно со други жени...

Порно ѕвезда се вљубила во колега за на снимање - сега имаат бебе!
Кога мајка и на Кајден забременила по втор пат, нејзиниот сопруг ја напуштил. Ја оставил одвај да преживува со две деца. Семејството на Кајден со самохраната мајка имало големи финансиски проблеми. Поради тоа Кајден на почетокот од студиитепочнала да се занимава со стриптиз. Заработката пораснала кога почнала да снима порно. Се откажала од студирањето.

- На еден сет го запознав Мануел Ферара, а потоа уште еднаш снимавме заедно. Сексот не беше пресуден за нашата љубов, туку неговиот бакнеж - вели Кајден.

Почнале врска и Мануел и забранил да снима порно, но потоа и дозволил да снима филмови само со девојки и со него. Тој сепак продолжил да снима порно филмови со други жени.

- Се прашувам често - дали таа е посексапилна од мене, попаметна, подобра во кревет... Но ни една жена не може да биде се, а Мануел нема да има втора жена - вели Кајден која сепак признава дека најголемиот страв и е да не се повтори минатото - таа да не остане сама без пари и без диплома со деца, како нејзината мајка.

Кајден и Мануел имаат 8 месечна ќерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Олимпискиот дух во училиштето: МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“

Македонскиот олимписки комитет (МОК), во соработка со ООУ „Владо Тасевски“ од општина Карпош, денеска го одбележа Светскиот ден на детето со програма посветена на играта, дружењето и олимписките вредности.

Олимпискиот дух во училиштето: МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“

По тој повод, претседателот на МОК, Даниел Димевски и Петар Спасеновски, раководител на Секторот за спорт и спортски прашања при МОК, ги посетија учениците, кои им приредија пречек пред училиштето. Средбата беше одбележана и со симболична размена на подароци меѓу Димевски и директорот на училиштето.

Во свечениот дел беа претставени ликовната изложба „Олимписки вредности низ очите на децата“ и расказ на тема спорт, олимпизам, етика и фер-плеј, кој го прочитаа ученици. Преку интерактивен дел, учениците се запознаа со олимписките вредности – пријателство, почит и извонредност. Спортските активности свечено беа отворени со пуштање балони во олимписките бои.

„Олимпизмот не е само за врвни спортисти што се натпреваруваат пред целиот свет. Олимпизмот е начин на живот“, порача претседателот Димевски пред учениците. Тој ги потсети дека вистинската вредност е во трудот, упорноста и желбата да бидеме подобри од денес, а не од другите.„Не ме интересира кој ќе победи, туку кој ќе ужива, кој ќе му помогне на другарот и кој ќе покаже фер-плеј“, додаде Димевски.

Потоа следеа спортски натпревари – одбојка во мешани екипи од 6. до 9. одделение и мини-турнир во фудбал, додека помладите ученици учествуваа во штафетни трки и други спортски игри. МОК му донираше на училиштето спортска опрема – топки за фудбал, кошарка и одбојка.

Со ваквите активности, МОК ги доближува олимписките вредности до најмладите и го поттикнува спортот како дел од секојдневниот живот на децата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски во посета на ОБ Кочани: Со поддршака на Амбасадата на Полска обезбедена нова медицинска опрема

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска ја посети Општа болница во Кочани, по повод донацијата на „Polish Aid“, реализирана преку Амбасадата на Република Полска.

Клековски во посета на ОБ Кочани: Со поддршака на Амбасадата на Полска обезбедена нова медицинска опрема

Станува збор за медицинска опрема наменета за оперативната сала, во вкупна вредност од 47 илјади евра, како што се: најсовремен операционен стол, компатибилен хистероскоп, операционо светло и друга хируршка опрема.

Од болницата информираат дека благодарение на новата опрема, во текот на вчерашниот ден биле извршени три операции.

Покрај ова, во ОБ Кочани се реализираат и други активности за унапредување на здравствената инфраструктура и услугите. Набавен е нов дигитален рендген-апарат, чија инсталација се очекува во наредниот период, а за одделот за физикална терапија е обезбедена современа медицинска опрема.

Исто така, на гинеколошко-акушерскиот оддел, со новите гинеколози е забележан значаен пораст на бројот на породувања. Дополнително, службата за итна медицинска помош е зајакната со две нови амбулантни возила.

-Модернизацијата на ОБ Кочани ќе ја анализираме заедно со Клиничката болница Штип. Источниот регион треба да се планира како целина – што се развива во Кочани, што во Штип и како двете болници меѓусебно се надополнуваат, наместо да се планира болница по болница, истакна министерот Клековски.

Министерот изрази благодарност до „Polish Aid“ и Амбасадата на Република Полска за поддршката, како и до Општина Кочани и целиот тим на Општата болница Кочани за нивната посветеност и ангажман во унапредувањето на здравствената заштита, соопштуваат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 14. состанок на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес, учествуваше на 14. состанок на началниците на Генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative).

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 14. состанок на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес, учествуваше на 14. состанок на началниците на Генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative), кој се одржа во Тирана, Република Албанија. На состанокот, покрај началниците на Генералштабовите на земјите учеснички, присуствуваа и високи воени претставници на НАТО и Европската Унија, меѓу кои заменик-командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, командантот на мултинационалните копнени сили, командантот на КФОР и командантот на ЕУФОР.

Состанокот беше посветен на актуелните безбедносни предизвици, продлабочувањето на регионалната одбранбена соработка, унапредувањето на интероперабилноста и зајакнувањето на заедничките одбранбени капацитети.

Во воведното обраќање, генералот Лафчиски ја истакна важноста на зајакнувањето на одбранбената соработка, интероперабилноста и регионалната безбедност, нагласувајќи дека иницијативата DECI и италијанскиот концепт ITA-FNC создаваат значајни можности за продлабочување на партнерството, развој на одбранбените способности, обуката и оперативната подготвеност во рамки на НАТО и Европската Унија, во интерес на стабилноста и безбедноста на регионот. Во продолжение на состанокот, генералот Лафчиски се обрати на панел-дискусиите посветени на регионалната безбедност и стабилност, воената соработка, како и улогата и вклученоста на DECI во меѓународните организации. Преку своите излагања, тој ги сподели согледувањата за значењето на регионалното партнерство, заедничкиот пристап кон безбедносните предизвици и унапредувањето на одбранбената соработка. Притоа, ја нагласи важноста на координираните активности, меѓусебната доверба и заедничкиот придонес на земјите учеснички кон регионалната стабилност и колективната безбедност.

На состанокот беа разгледани и насоките за понатамошно унапредување на соработката и реализација на идните активности во рамки на иницијативата DECI, со цел продлабочување на партнерството и заеднички придонес во справувањето со современите безбедносни предизвици.

Учеството на началникот на Генералштабот на Армијата на овој состанок ја потврдува активната улога на Армијата во регионалните иницијативи и посветеноста на нашата држава кон развојот на партнерските односи, зајакнувањето на одбранбените способности и колективната безбедност.

Иницијативата DECI, на која се приклучивме во 2023 година, е формирана во 2012 година под покровителство на Италија, претставува регионален механизам за одбранбена соработка меѓу земјите од Јадранскиот и Балканскиот регион, насочен кон развој на партнерството, размена на искуства и унапредување на заедничките одбранбени капацитети.

Канцеларија за воени односи со јавноста

Генералштаб на Армијата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер