ЗабаваПорно ѕвезда откри детали за ,,врската” со Доналд ТрампПорно ѕвездата Сторми Даниелс откри детали од врската со претседателот на САД , Доналд Трамп .Сторми Даниел , чие вистинско име е Стефани Клифорд тврди дека имала врска со Доналд Трамп во 2006 , само четири месеци откако неговата сопругаМеланија се породила . Тие се сретнале на прослава по повод шампионат во голф . Смешните анегдоти , вклучувајќи ги и циничните забелешки за сексуалната надареност на Трамп, беа објавени во списанието ,,US” следејќи ги препораките што Даниелс ги потпиша во договорот за тајност , во кој не смее да дава одредени изјави за медиумите. Минатата недела се појави информација дека наводно и биле исплатени 130.000 долари од адвокатот на Трамп непосредно пред изборите, за да молчи за врската со претседателот. Плаќањето било договорено во октомври 2016 година од страна на Мајкл Коен, врвен адвокат на компанијата ,, Трамп” пред повеќе од една година, пишува Wall Street Journal. Сепак, интервјуто објавено денеска било направено во 2011 година, пред да биде потпишан договорот за тајност . Таа тогаш за магазинот In Touch изјави : "Всушност, дури и не знам зошто го сторив тоа, но се сеќавам дека имавме секс, ми се причинуваше . Ве молам, не се обидувајте да ме потплатите . Тој постојано ме гледаше, а потоа завршивме заедно во иста голф- количка , рече таа, додавајќи дека подоцна и го побарал телефонскиот број. "Потоа ме праша дали сакам да вечерам со него . И јас прифатив ". Сепак, таа рече дека кога пристигнала во хотелската соба на Трамп,била поздравена од телохранител наречен Кит , а Трамп гледал телевизија облечен во спортски пижами. По сексот, Даниелс тврди, "Тој само велеше:Ќе те викам, јас ќе те викам. Морам повторно да те видам. Ти си неверојатна. " Даниелс додаде дека подоцна се сретнала со Трамп во неколку други прилики, вклучително и во неговиот приватен бунгалов во Лос Анџелес. Инаку Даниелс имала главна улога во над 150 порно филмови . Личниот адвокат на претседателот Трамп , Мајкл Коен , демантира дека тој имал било каква средба со Даниелс .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook