Порно ѕвезда има предлог како Оскарите да станат поинтересни:Еве идеја за нова категорија(ФОТО) - Канал 5

Порно ѕвезда има предлог како Оскарите да станат поинтересни:Еве идеја за нова категорија(ФОТО)

Поранешната тинејџерска ѕвезда Мејтланд Вард, која се прослави со улогата во хит серијата „Boy Meets World“, пред неколку години ја промени кариерата и се испроба во порно филмовите.

Порно ѕвезда има предлог како Оскарите да станат поинтересни:Еве идеја за нова категорија(ФОТО)

Всушност, сега успешната порно ѕвезда вели дека шоуто за награди на индустријата за филмови за возрасни, AVN, е далеку подобра од сѐ што нудат Оскарите.

Според TMZ, Вард тврди дека луѓето кои гласаат за тоа кој ќе ги добие Оскарите се „премногу стари и неуки за моменталната состојба во филмскиот свет“. Исто така, 46-годишната Мејтланд истакнува дека овогодинешните номинации „уште еднаш го покажуваат недостатокот на различност“.

Од друга страна, Мејтленд вели дека порното е полно со женски режисерки и актерки од сите сфери на животот и мисли дека наградите AVN се „подобра работа“ за подобро разбирање на состојбата во филмската индустрија и „номинирање на најзаслужните кандидати, без политика“.

Оскарите од година во година губат гледачи, а Мејтленд има идеја како Оскарите би можеле да се спасат и да привлечат многу повеќе гледачи - наградуваната порно ѕвезда има идеја за нова категорија, односно сака да види некој да освои Оскар „за секс пред камера“.

Инаку, Мејтланд освоила седум AVN награди откако се приклучила на порно индустријата во 2019 година, вклучувајќи ја и овогодинешната за најдобра актерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: НБА легендата Меџик Џонсон ужива во Црна Гора

Славниот НБА кошаркар Меџик Џонсон кој со својата јахта плови по Јадранот објави интересна фотка со еден подзаборавен хрватски кошаркар кој играше во најсилната светска лига.

Фото: НБА легендата Меџик Џонсон ужива во Црна Гора

Меџик Џонсон објави фотографија со поранешниот хрватски кошаркар Далибор Багариќ, за кого многумина заборавија дека играл во НБА.

66 годишниот Ирвинг Меџик Џонсон е еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА.

Тој е легенда на Лејкерси и човек кој освоил пет титули во најсилната лига во светот. Сака да патува низ Балканот и тоа не е тајна, но неговата најнова објава привлече големо внимание.

Објави фотографија од Црна Гора со поранешниот хрватски кошаркар – Далибор Багариќ (46).

„Беше многу убаво да се видам со мојот пријател и поранешен играч на Чикаго Булс, Далибор Багариќ. Како и со неговата сопруга Јасмина, синот Петар и ќерката Мена. Поминавме прекрасна вечер, со одлична вечера и разговор во Црна Гора“, напиша Џонсон.

Тој исто така објави серија фотографии од Тиват – како со Далибор и неговото семејство, така и со луѓето што работат во тој ресторан – и со тоа усреќи многумина. Воедно, ги потсети љубителите на кошарката на еден човек што многумина го беа заборавиле.

Далибор Багариќ е хрватски кошаркар роден во Минхен, кој по кратките игри во клубовите Карловац, Бенстон Загреб и Цибона замина во НБА.

Чикаго го избра како 24-ти пик на драфтот во 2000 година; на истиот драфт, од играчите од нашите простори, беа избрани и Марко Јариќ, Игор Ракочевиќ и Примож Брезец. Тој не се прослави во дресот на Булс – за три години одигра вкупно 95 натпревари со просек од 2,6 поени и 2,5 скока по натпревар. Потоа одлучи да се врати во Европа и настапуваше за Олимпијакос, Фортитудо Болоња, Џирона, Цибона, Маруси, Цедевита, Забок и многу други клубови. Негов последен клуб беше Бамберг во сезоната 2014/15.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Контролирано судство- Мицкоски го спаси Груевски за „Талир 2“ и го врати криминалниот имот

Судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го спаси Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзна криминалниот имот на ВМРО.

Кузеска: Контролирано судство- Мицкоски го спаси Груевски за „Талир 2“ и го врати криминалниот имот

“Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО.

Така изгледа кога криминална организација е на власт и го контролира судството, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од одговорност.

Реформи во правосудството нема. Правда нема! Има криминална власт.

Сега на сите граѓани им е јасно зошто ја тргнаa Ленче Ристовска, зошто и беа одземени овластувања, зошто таргет беа судии и обвинители, сите поврзани со предметите „Талир 1“ и „Талир 2“.

На сите им е јасно зошто беше поставена обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијаков, зошто се менуваат и се назначуваат судии блиски до Мицкоски.

Кога беа во опозиција, ВМРО постојано ја напаѓаше судијката што го водеше предметот и бараше нејзино разрешување, јавно вршејќи притисок. Како власт им успеа.

Прво се отстрани обвинителката која со години ги водеше предметите за незаконското финансирање и криминалниот имот на ВМРО.

Потоа се постави обвинителство по мерка на власта, на телефонска линија со Мицкоски.

Како што Мицкоски им диктираше насоки по телефон, како што им делеше задачи со чувства од собраниската говорница, од телевизија.

Ете така.

Сега Груевски – човекот кој избега во Унгарија и понатаму продолжува да ужива, без да се соочи со одговорноста само поради Христијан Мицкоски.

Мицкоски не бара негова екстрадиција, не ги испраќа документите кои со месеции патуваа од една до друга институциија и никогаш не беа испратени. Намерно.

Ова е свесна заштита на Никола Груевски, најголемиот симбол на криминалот и корупцијата во Македонија.

Вистината излегува на виделина.

Но, наскоро доаѓа времето на правдата и одговорноста.

Наскоро државата повторно ќе им припадне на граѓаните.

Фронтот за вистина и правда ќе се погрижи да одговара не само Груевски, туку и сите негови ученици и продолжувачи на неговото дело.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вонредна состојба во Лондон: Девет авиони го активираа кодот за итни случаи 7700

Девет авиони што се упатуваат кон аеродромот Гетвик прогласија вонредна состојба откако пистата беше блокирана преку ноќ.

Вонредна состојба во Лондон: Девет авиони го активираа кодот за итни случаи 7700

Авион на „Бритиш ервејс“ слета на лондонскиот аеродром и, според „Мирор“, предизвика хаос со блокирање на единствената оперативна писта. „Бритиш ервејс“ потврди дека имало техничка грешка со авионот, но не даде дополнителни детали.

Прекинот предизвика доцнења или пренасочувања на голем број летови до Гетвик преку ноќ. Девет авиони го активираа кодот за итни случаи 7700, најверојатно поради ниско ниво на гориво. Пет други летови беа пренасочени и кон други аеродроми.

Некои од нив беа пренасочени и надвор од Лондон.

Пистата беше повторно отворена непосредно пред 1:30 часот по локално време.

„Како и секогаш, безбедноста и сигурноста на нашите патници се наш врвен приоритет“, изјави портпаролот на лондонскиот аеродром Гетвик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер