Поригорозни санкции за прекршоци во сообраќајот од следната година, ќе се конфискуваат и возила - Канал 5

Поригорозни санкции за прекршоци во сообраќајот од следната година, ќе се конфискуваат и возила

За стоп на дивеењето по улиците, безобзирното возење и тешките сообраќајни прекршоци од 1 јануари идната година државата размислува да конфискува возила – најавува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Поригорозни санкции за прекршоци во сообраќајот од следната година, ќе се конфискуваат и возила

.За ставање на системот Безбеден град во фукција, но и разграничување на казнивоста во сообраќајот министерот информира дека започната е постапка за менување на неколку закони. Тој вели дека иако има напредок, се уште не е задоволен од фактичката состојба со сообраќајот во Македонија, па очекува овие промени да дадат видливи резултати.

-Кривичниот законик не е дирекнто поврзан со системот, но неговата измена и разграничување што е кривично дело, а што прекршок е клучна за да можеме да делуваме превентивно и во насока на она што сакаме да го оствариме, а тоа е намалување на бројот на собраќајни незгоди и намалување на бројот на човечки загуби. Бидејќи граѓаните треба да бидат свесни дека во иднина во однос на оние кои сообено безобзирно управуваат со моторни возила надвор од секаков разум ќе се оди со поригорозни мерки, односно ќе се оди и со конфискација на самото возило,- Панче Тошковски – министер за внатрешни работи.

На денешниот отчет за првата година од мандатот Тошковски уште еднаш порача дека мора да има одговорност за најголемата трагедија во поновата македонска историја, пожарот во дискотеката „Пулс“. Тој потсети дека истрагата резултирала со кривични пријави против десетици сторители меѓу кои и актуелни и поранешни носители на функции..

- За разлика од минатото кога по такви трагични настани немало ниту една кривична пријава поднесено од МВР сега МВР почна најголема истрага досега која резултираше со поднесување на повеќе кривичи пријави против десетици сторители меѓу коишто има и поранешни и актуелни министри, директори, градоначалници, раководители на институции, полициски службеници и други носители на функции. Одговорност мора да има,- Панче Тошковски – министер за внатрешни работи.

Тошковски порача и дека корупцијата и криминалот и натаму се предизвици во земјава. Тој информираше дека изминатата година МВР разбило 14 организирани криминални групи со над 200 сторители, меѓу кои и криминална група вмешана во девет убиства, изнуди и напади врз полицијата. Поднесени се и кривични пријави против 107 физички и 18 правни лица за корупција, а во борбата против дрогата се окриени 860 кривични дела и запленети 430 килограми наркотици.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер