Власта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ
1Власта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ
Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
2Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
ЖивотПорцелански сад е продаден на аукција за над 25 милиони долари Деликатен порцелански сад, со дијаметар од околу 10 сантиметри, е продаден за повеќе од 25 милиони долари на аукцијата на кинеска уметност во Хонг Конг.Според аукциската куќа Сотби, која организира повеќедневна аукција минатата недела, садот припаѓал на ретки примероци на керамика украсени во царските работилници во Пекинг во 18 век. Садот бил произведен за време на владеењето на императорот Јонгџенг, кој владеел со Кина од 1722 до 1735 година, иако емајлот најверојатно бил насликан по неговата смрт. На чинијата се прикажани две ластовички, расцветана кајсија и врба. Дизајнот содржи и извадок од песна за која се верува дека е нарачана од претходникот на династијата Минг на Јонгџенг, императорот Ванли. Во аукцискиот каталог, експертот за керамика Регина Крал рече дека мотивите на птиците и цвеќињата биле популарни во периодот Јонгженг. Таа, исто така, го опишала садот како дел од мала група предмети кои го претставуваат „врвот на сликањето на порцелан, вештина која никогаш не била надмината“. Повеќето од преостанатите примероци се чуваат во музеј во Тајван. Некогаш дел од пар, садот за прв пат е снимен во колекцијата на трговскиот морепловец од Шангај, капетанот Чарлс Освалд Лидел кон крајот на 19 век. Двете чинии биле разделени во 1929 година, кога биле продадени за по 150 фунти. „Близнакот“ од чинијата, продадена во саботата се чува во Британскиот музеј во Лондон, според Sotheby's.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеОд јануари догодина Здравствениот дом во Делчево добива мамограф Од јануари догодина Здравстевниот дом во Делчево ќе добие мамограф, со што пациентките нема да мора повеќе за овој преглед да патуваат до Кочани. Ова го најави министерот за здравство Сашо Клековски при денешната посета во Делчево, при што најави и дека итната медицинска помош во оваа општина ќе добие две нови амбулантни возила. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравјеСпецијализираната геријатриска болница традиционално ја продолжува бесплатната и конкретна скрининг кампања за превентивни контролни прегледи за машкото здравје пред се преку ехо преглед.Специјализираната геријатриска болница традиционално ја продолжува бесплатната и конкретна скрининг кампања за превентивни контролни прегледи за машкото здравје пред се преку ехо преглед и консултативен преглед со претходно изготвени ПСА резултати со уролог специјалист кој доаѓа од ГОБ 8 Септември. Лани во рамките на ваквиот преглед биле навреме откриени 3 карцинома на простата кој за среќа биле во почетна фаза заради што укажуваат дека за оваа болест секој ден порано е значаен. Превентивата е иднината на медицината ососбено за ракот на простата кој е 4 по смртност во светски рамки а кој најчесто нема симптоми додека не дојде во крајна фаза. Ноември е месецот на машкото здравје но тоа не значи само да се пуштат бркови туку да се појде на превентивен преглед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
МакедонијаВласта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ Нови задолжувања или враќање на старите долгови од претходната влада- премиерот Мицкоски и лидерот на СДСМ Филипче со меѓусебни обвинувања кој е виновен за парите кои допрва треба да се враќаат. Според Мицкоски владата има добар економски план кој досега се покажал како успешен, како што вели, и покрај последиците од политиките на владата на СДСМ по која требало да се отплатат долгови од 5 милијарди евра во следните две години. За критките од опозицијата за лоши резултати во капиталните инвестиции, премиерот одговори дека досега за годинава има реализација од 70 проценти. „ Со несмалена динамика продолжуваме и следната година. Она кое треба да го знаат граѓаните е дека за 2027 и 2028 година, за да ги платиме каматите на заемите на претходната влада, истите да ги рефинансираме, да ги рефинансираме домашните заеми, да го рефинансираме буџетскиот дефицит којшто генерално е содржан во рамките на капиталните инвестиции, ни се потребни околу 5 милијарди евра, толку пари треба да обезбедиме за следните две години. Со толку практично тие ги задолжиле неродените генерации. “ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Наспроти Мицкоски, претседателот на СДСМ Филипче вели дека долговите не се стари туку креирани од актуелната влада. Со предлог-буџетот за 2027 година нема да има капитални проекти и повисоки плати, ниту повеќе пари за здравството, образованието и земјоделството, изјави Филипче. -На целата таа лоша економска политика, лоша структура на буџетот, дополнителните лаги на премиерот е дека се задолжува да враќа стари долгови. Чиста лага... Ако навистина се задолжуваше државата да ги врати старите долгови, тогаш вкупниот долг немаше да расте, а порасна од 8,5, па 11 а ќе биде 12 милијарди евра. Најголем историски долг во историјата на државата. Христијан Мицкоски при репрограмирањето, враќањето на старите долгови, се задолжува дупло – еден дел за стари долгови, уште толку за нивни проекти коишто не се капитални туку за трошење пари,- Венко Филипче - претседател на СДСМ. Со предлог-буџетот за следната година се предвидени вкупни приходи од 6,43 милијарди евра, расходи 7,16 милијарди евра, а буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари или 3,5 отсто од БДП. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08