Поразително истражување: Научивме да живееме без вистинската љубов!

Студија спроведена на 2 000 испитаници покажува дека секоја седма личност не живее со љубовта на својот живот. 46% изјавиле дека се спремни да го остават сопружникот ако најдат вистинска љубов.

Од оние кои не живеат со човекот или жената на својот живот, 73% изјавиле дека се со актуелниот партнер бидејќи вистинската љубов „им се лизнала“ од раце.

Четвртина од испитаниците рекле дека во еден период биле вљубени во две личности во исто време.

17% ја запознале вистинската љубов кога биле во врска или брак со друг. Мажите се полојални партнери од жените и кога не ги сакаат - 37% рекле дека не би ја напуштиле партнерката иако знаат дека не е вистинската - пишуваат британските медиуми.

Студијата спроведена во британија покажала дека луѓето во просек се вљубуваат два пати, а речиси на сите еднаш им било скршено срцето. Секој 20ти имал 5 или повеќе пати во животот скршено срце.

Љубовта е основа на животот, но голем дел од луѓето прават компромиси и за жал, живеат без неа!


Чави по победата над Валенсија: Задоволен сум од нашиот став

Тренерот на Барселона, Чави изрази задоволство од триумфот (3:2) на неговиот тим синоќа против Валенсија во 33. коло на Шпанското фудбалско првенство.

- Не попречија скоковите на Валенсија. Овој тим практикува ваква игра, тоа е нивен клучен елемент. Ја имаа потребната подготовка и на тој начин создадоа четири-пет шанси. Среќен сум и задоволен од нашиот однос. Имавме индивидуални грешки, но демонстриравме добра организација во офанзива. На следните средби треба да играме посмирено, изјави Чави за „DAZN“.

Барселона со 73 бода се искачи на второто место во Ла Лига. Валенсија е осма во поредокот со 47 бодови. Лидер е Реал Мадрид со 84 бода.

До крајот на првенството остануваат уште пет кола.

Девет жртви во уривање на воен хеликоптер во Колумбија

Воен хеликоптер се урна во северна Колумбија при што загинаа сите девет патници во него, соопшти армијата на јужноамериканската земја.

Хеликоптерот Ми-17 се урнал во близина на градот Аренал дел Сур во департманот Боливар во северна Колумбија, соопшти војската.

- Жалам за смртта на деветмината војници во воениот хеликоптер што требаше да ги снабди војниците во борбата против кланот дел Голфо на југот на Боливар, напиша колумбискиот претседател Густаво Петро на Х.

Кланот дел Голфо (Заливски клан) е најмоќната криминална организација во Колумбија. Криминалниот синдикат ги регрутира своите членови главно од поранешните десничарски паравојски и се претпоставува дека има околу 6.000 вооружени мажи.

Покрај трговијата со дрога, организацијата се занимава со илегални ископувања и рекет за заштита и е одговорна за бројни убиства и одземање на имот. Минатата година, поранешниот шеф на картелот, Даиро Антонио Усуга, попознат како Отониел, беше осуден на 45 години затвор во САД.

Санкционирани 125 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење..

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер