3Превентивни активности за спречување пожари и имотни деликти, како и за безбедно учество во сообраќајот
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
1Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
Други спортовиПораз за македонските кик боксери во денешните борби на ЕПМакедонските претставници кои денеска се појавија на Европското кик бокс првенство во Билбао, Шпанија доживеаја порази. Загубија, во своето деби Ненад Манојловски во категоријата -67кг лоу кик и Далибор Огњанов во категоријата -75кг К1.( фото: илустрација) И двајцата ги завршија настапите на Европското првенство. Манојловски иако по првите две рунди водеше, неговиот противник Дачиќ од Црна Гора во третата рунда доминираше и на крајот победи. Огњанов се сретна со претставникот на Русија Дашиев. Во првата рунда македонскиот кик-боксер се здоби со повреда на ложата на задната десна нога и во третата рунда поради болки не можеше да продолжи, односно по третото броење судијата го прекина мечот и му ја додели победата на Русинот. Денеска од Македонците ќе настапат Димитар Ѓорѓеив -81кг лоу кик, Александар Најовски -86кг лоу кик и Мики Ивановски -81кг К1. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возењеВо текот на вчерашнит ден (05.08.2026) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 222 возачи. Од нив, 186 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, сите возеле без возачка дозвола, а 14 мотоцикли се одземени. За време на контролата санкционирани се и 197 други видови на сообраќајни прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мотоцикли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени. Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.Тагови: Сончево и топло Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаПревентивни активности за спречување пожари и имотни деликти, како и за безбедно учество во сообраќајотНа подрачје на Неготино, Битола и Скопје, полициски службеници од ОВР Неготино, СВР Битола и СВР Скопје реализираа превентивни активности за превенција од имотни деликти.Денеска (06.08.2026) во Велес, полициски службеници од ПС БПС Велес реализираа превентивна активност од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата „Не користи мобилен телефон додека возиш“, при што возачите беа запознаени со последиците што можат да настанат од користење мобилен телефон при управување возила. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и ПО БПС Кавадарци, на подрачје на Скопје и Кавадарци, реализираа превентивна активност „Користи сигурносен појас“. Преку непосредна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи, со цел зголемување на личната безбедност. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, како и од СВР Штип, во Куманово, Свети Николе, Виница и Кочани спроведоа превентивни активности наменети за возачите на мотоцикли и електрични тротинети и новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со акцент на тоа дека електричен тротинет може да управува само лице кои има наполнето 18 години. За време на активноста, граѓаните беа запознаени и со другите измени на Законот, а им беа делени и летоци со едукативна содржина. Полициските службеници од ПО Ропотово при СВР Битола, пак, во с.Дебреште со најмладите жители реализираа едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот при што ги запознаа со основните правила во сообраќајот, со цел развивање на безбедносна култура кај најмладите. Полициски службеници од ПС Берово во Берово реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година. На подрачје на Неготино, Битола и Скопје, полициски службеници од ОВР Неготино, СВР Битола и СВР Скопје реализираа превентивни активности за превенција од имотни деликти.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter