ТенисПораз во три сета во финалето во Букурешт за ЃорческаМакедонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби финалето на W 75 турнирот што се играше денеска во Букурешт, за награден фонд од 60.000 долари. Поуспешна од неа беше актуелната јуниорска шампионка на Ролан Гарос Лили Тагер од Австрија со 2-1 во сетовСо овој пораз прекината е низата од девет победи на македонската тенисерка, а на последните 20 меча Ѓорческа има 17 победи. Финалниот меч траеше 2 часа и 35 минути. Ова за Ѓорческа беше петто финале во 2025 година или вкупно 40. во кариерата, а има две турнирски победи во 2025 и вкупно 15 во кариерата. За пласманот во финалето на турнирот во Букурешт Лина Ѓорческа освои 49 поени и со 343 поени утре треба да се пробие на 207. место на ВТА ранг-листата. Следната недела македонската тенисерка ќе настапи на турнир во Куршумлијска Бања.Тагови: Лина Ѓорческа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПротест во Истанбул- уапсени се над 150 луѓе поради поддршка на ЛГБТ заедницата (ВИДЕО)Турската полиција приведе најмалку 150 лица откако интервенираше во протестот пред судот во Чаглајан во Истанбул. Собраните сакаа да го изразат своето незадоволство од неодамнешните апсења насочени против ЛГБТ+ активисти. Апсењата се најновиот чекор во она што организациите за човекови права и опозициските политичари го нарекуваат сè поширока кампања против ЛГБТ+ заедницата, како дел од која властите спроведоа рации, блокираа веб-страници и затворија осомничени во неколку провинции во изминатата недела, пишува Ројтерс. Групата се собра за да даде изјава за медиумите, но полицијата ги спречи да го сторат тоа пред судот. Додека траеше полициската интервенција, демонстрантите скандираа: „Живеев живот и покрај омразата“. Протестот следеше по обемните рации против ЛГБТ+ здруженијата во неколку турски провинции. Владата ја оправдува операцијата, наречена „Моето семејство е безбедно“, со заштита на децата и семејните вредности. Во текот на викендот, властите приведоа најмалку 26 лица во Истанбул и 21 во Анкара и ги претресоа канцелариите на неколку ЛГБТ+ здруженија. Вчера, турскиот суд одреди притвор за 16 лица во западната провинција Измир, објави локалното обвинителство. Çağlayan Adliyesi önünde hareketlilik! Bir grup LGBTİ+'li birey, “Ailem Güvende” operasyonu kapsamında gözaltına alınanlara destek olmak amacıyla adliye önünde toplandı. https://t.co/gjA8OEyjlK — 23 DERECE (@yirmiucderece) September 15, 2026 Министерот за правда Акин Гурлек во неделата изјави дека истрагите, координирани од обвинителствата во Истанбул, Анкара, Измир, Ајдин и Мерсин, вклучуваат 162 осомничени, девет здруженија и 13 компании во 15 провинции. Властите, исто така, го блокираа пристапот до веб-страниците и профилите на социјалните медиуми на разни ЛГБТК+ здруженија, поединци и независни медиуми, вклучувајќи го и профилот X на турското поглавје на Амнести Интернешнл. Çağlayan Adliyesi önünde, LGBTİ+’lara yönelik yürütülen baskılara karşı yapılan basın açıklamasına polis müdahale etti, çok sayıda kişi gözaltına alındı. LGBTİ+’ların varoluş mücadesini hedef alan bu saldırıları kabul etmiyoruz. Gözaltına alınanlar derhal serbest bırakılsın! https://t.co/OGT2CKSstR — HDK Kadın Meclisleri (@HDKKadin) September 15, 2026 Реакција на Советот на Европа Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О'Флаерти, изрази загриженост за апсењата, рациите и ограничувањата на интернет насочени против ЛГБТК+ граѓанското општество и активистите. Тој рече дека самото повикување на семејните вредности или заштитата на децата не може да се користи како оправдување за ограничување на човековите права. О'Флаерти повика на ослободување на сите оние кои се притворени поради нивната работа во граѓанското општество или човековите права.Тагови: Истанбул ЛГБТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиКавга пред стадион прерасна во пукотница пред деца- застрелан е маж, жена е удрена со пиштол 37-годишен маж е уапсен по пукањето на стадионот Понтијак во кое беа повредени две лица. Инцидентот се случил во недела за време на младински спортски настан.Полицијата била повикана на стадионот Виснер околу 13 часот и пронашла 19-годишен маж со прострелна рана во задникот. Тој бил однесен во болница, но повредите не биле опасни по живот и бил пуштен набргу потоа. Другото повредено лице е 27-годишна жена која им кажала на полицајците дека била погодена со пиштол по главата за време на расправијата. Според полицијата, пукотницата започнала по вербална расправија меѓу двајцата мажи која ескалирала во физичка пресметка, а потоа и во пукање. Сè уште не е познато што ја предизвикало пресметката. Сведоците го идентификувале осомничениот, а полицијата брзо го пронашла и го уапсила. Кај него бил пронајден наполнет пиштол од 9 мм, за кој имал важечка дозвола за носење и бил регистриран. На местото на настанот била пронајдена и чаура од куршум. Градоначалникот на Понтијак, Мајк Мекгинис, потврдил дека нема повредени деца, но натпреварите на стадионот се откажани. „Младите спортисти и нивните семејства не направија ништо за да го заслужат ова ново трауматско сеќавање“, рече градоначалникот.Тагови: пукотница стадион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФон дер Лајен по новите инциденти: Русија ја тестира нашата подготвеност и решителност Европа повторно се соочи со „неодговорно и опасно руско однесување“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по испукувањето ракети од руска фрегата кон дански хеликоптер и соборувањето на дрон над Литванија. Таа ја објави својата реакција на социјалната мрежа X, како што објави Украинска правда. „Руски воен брод испука ракети опасно блиску до дански хеликоптер, а дрон влезе во литванскиот воздушен простор пред да биде соборен од борбените авиони на НАТО. Ова не се изолирани инциденти, туку дел од поширок модел на руска агресија и провокации против Европа што ја тестираат нашата подготвеност и решителност“, рече фон дер Лајен во соопштението. „Нашата решителност само се засилува“ Претседателката на Комисијата рече дека Русија ќе види како решителноста на Европа само се засилува поради ваквите потези. „Заедно со НАТО, го зајакнуваме нашето колективно одвраќање и одбрана. Во исто време, го зголемуваме притисокот врз Русија“, додаде таа. Once again, Europe woke up to reckless and dangerous Russian behaviour. A Russian warship fired emergency flares dangerously close to a Danish helicopter. A drone entered Lithuanian airspace before being destroyed by NATO fighter jets. These are not isolated incidents. They are part of a broader pattern of Russian aggression and provocation against Europe, testing our readiness and our resolve. Russia will find our resolve only growing stronger. We are reinforcing our collective deterrence and defence, together with NATO. And we are stepping up the pressure on Russia. — Ursula von der Leyen (@vonderleyen) September 15, 2026 Два инцидента за два дена Борбени авиони од мисијата за воздушен надзор на НАТО денес за прв пат соборија неидентификуван дрон над Литванија. Еден ден претходно, Данска го повика рускиот амбасадор на разговори откако руска фрегата испали две сигнални ракети кон дански хеликоптер.Тагови: русија Фон дер Лајен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter