Пораз на ТФТ од Јахорина Пале - Канал 5

Пораз на ТФТ од Јахорина Пале

Кошаркарите на ТФТ го загубија последниот натпревар од регуларниот дел од АБА 2 лига од тимот на Јахорина Пале на гости со 92:84 (21:18; 32:17; 23:34 и 16:15). 

Пораз на ТФТ од Јахорина Пале

Со овој пораз ТФТ оваа фаза ја заврши со скор од 5-3 (победи/порази).

Првиот период во изедначена игра и заврши со три поени предност за домашниот тим. Но, во вториот период ТФТ одигра слабо во одбраната и противникот втората четвртина ја доби со 32:17 и на полувреме водеше со 53:35 што беше и највисока предност. Во третиот период македонскиот претставник беше на висина на задачата во нападот и го доби периодот со 34:23, но играчите немаа сили за комплетен пресврт.

Марко Ковачевиќ од Јахорина беше најефикасен со 25 поени, а кај ТФТ Стенли Дејвис Џуниор и Дарин Антони Говенс постигнаа по 21 поен.

Во моментот ТФТ се наоѓа на шестото место на табелата, а пласман во разигрувањето ќе обезбедат осумте првопласирани екипи. Вториот македонски тим МЗТ Скопје Аеродром последниот дуел ќе го одигра на 10.март на гости против Широки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Затекнати пијани малолетници во угостителски објект во Карпош, еден завршил на токсикологија

Осум лица биле приведени отако полициски службеници кои постапувале по претходно добиени сознанија за точење на алкохол на малолетници во угостителски објект во Карпош каде затекнале малолетни лица во видно алкохолирана состојба .

Затекнати пијани малолетници во угостителски објект во Карпош, еден завршил на токсикологија

-Во полициската станица Карпош при извршеното алкотестирање кај сите осум лица било утврдено присуство на алкохол во организмот. Едно лице кое било присутно во угостителскиот било пренесено на Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок по член 204 од Кривичниот законик – „точење алкохолни пијалаци на малолетници“, информира МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..

Синоќа, во Цирих и Базел, Швајцарија избија немири за време на неодобрени демонстрации, при што демонстрантите палеле барикади и се судириле со полицијата.

Демонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..

Во Цирих, неколку стотици луѓе се собрале во близина на улицата Лангштрасе и плоштадот Хелветија.

Според градската полиција, демонстрантите почнале да се собираат околу 22:30 часот, а некои од нив носеле маски за Ноќта на вештерките. Учесниците на неодобрениот протест направиле барикади од контејнери за ѓубре, електрични тротинети и други предмети, а потоа ги запалиле.

Според полициското соопштение, група насилни демонстранти ги нападнале полициските службеници со пиротехнички средства, камења и шишиња.

Полицијата одговорила со употреба на водени топови, солзавец и гумени куршуми. Во споредните улици дошло до нови судири со полицијата.

Оштетени биле прозорци и инвентар, вклучително и прозорците на станицата за јавен превоз „Штауфахер“ (Stauffacher), како и излозите во близина на плоштадот „Хелветија“ (Helvetia). На улицата „Цвинглиштрасе“ (Zwinglistrasse) бил запален автомобил.

Нешто по полноќ, група демонстранти нападнала и полициска патрола, која била повикана да интервенира поради повредено лице.

Полициското возило било оштетено, а полицајците морале да застанат на страна пред да успеат да му помогнат на повредениот тинејџер.

Од полицијата изјавија дека интервенциите биле дополнително отежнати од бројни набљудувачи, од кои некои фотографирале пред луѓе што активирале пиротехнички средства или пред запалени барикади. Ситуацијата главно се смири околу 01:30 часот по полноќ. Висината на причинетата материјална штета сè уште не е утврдена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг

Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. 

Бугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг

Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија.

Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА.

Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време.

Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател.

Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили.

ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер