ВМРО-ДПМНЕ: Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев
1ВМРО-ДПМНЕ: Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев
КошаркаПораз на МЗТ Скопје на гостувањето кај Рига на премиерата во Еврокупот На гостувањето во Летонија кај Рига македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје немаше сили за изненадување и загуби во дебитантскиот настап во Еврокупот со 80 -71.Кошаркарите на МЗТ Скопје беа рамноправен противник на домаќинот се до последната четвртина од мечот . Металците до 30 минута ја одржуваа резултатската неизвесност и со добра одбрана и сигурен напад и покрај тоа што свој ден немаше лидерот на тимот ветеранот Гечевски на екипата на Рига не и дозволија да оствари некоја позначајна предност. Во последната четвртина на сцена стапи бекот на Рига Ди Браун кој со серија од три тројки на домашниот тим му обезбеди водство од 11 поени, што шампионот на Летонија знаеше да го зачува до крајот на мечот.Ди Браун во кошот на МЗТ Скопје испорача 19 поени. Покрај Браун одличен вечерва беше и крилниот центар на домаќините Босанецот Кенан Барјамовиќ кој со 22 постигнати поени беше и најефикасниот кошаркар на средбата. Прв стрелец во редовите на МЗТ Скопје е Лучиќ со 15 поени ,по 13 кошеви постигнаа репрезентативците Чековски и Костоски. Летонците дефинитивно направиле одличен скаутинг на играта на МЗТ Скопје , бидејќи лидерот на металците Гечевски беше одлично чуван во текот на целиот натпревар, нашиот центар првите поени ги постигна дури во третата четвртина. МЗТ Скопје не успеа со победа да дебитира во Еврокупот , и покрај добрата игра нашиот шампион загуби од Рига со 80-71.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на ЗаевТалогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев кој си ги прати “децата“ од СДС да прават инциденти во Ново Село.СДС е во паника, а Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев кој продолжи со истите политики на предавства креирање насилни инциденти и тензии. Филипче и СДС немаат понуда што ќе одговори на реалните проблеми на граѓаните и во отсуство на визија, стратегија и јасен план се свртија кон импровизации, глумење жртви и креирање насилни инциденти. Филипче е нервозен бидејќи вистината излезе на виделина и целата јавност ги виде лицата на “децата“ на СДС кои ги прати да направат инцидент во Ново Село за време на посетата на претседателот Мицкоски. Филипче исто како и Заев е опкружен со насилници, тепачи и наркомани. Ефтимов и Стојанов кои се обидоа да направат инцидент во Ново Село се насилници и тепачи со криминално досие, двајцата се условно осудени на година и пол затвор, затоа што крвинички претепале туристи во Струмица, и токму затоа Филипче ги одбрал нив. Криминалци, тепачи, насилници и наркомани, тоа е матрицата на СДС која Филипче ја претставува како „децата“ на Македонија, но тоа никако не смее да биде иднината на Македонија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУнгарија добива нов претседателСе очекува унгарскиот парламент денес да го избере Андраш Бака – поранешен претседател на Врховниот суд разрешен од Виктор Орбан – за нов претседател на државата. Со овој потег, проевропскиот конзервативен премиер Петер Маѓар има за цел да го ослаби преостанатото влијание на неговиот претходник врз државните институции, пренесува „Франс 24“ (France24). Функцијата претседател остана испразнета по контроверзното разрешување минатиот месец на Тамаш Шуљок, поранешниот претседател и сојузник на Орбан. Владејачката партија „Тиса“ на Маѓар во саботата го номинираше Бака за оваа улога, која има главно церемонијален карактер. Бака претходно 17 години служел како судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Маѓар изјави дека животот на Бака е „пример за посветеност на демократското владеење на правото и уставните начела“ и нагласи дека Унгарија мора „да се врати на патот на владеењето на правото и уставноста“. Партијата „Тиса“ има двотретинско мнозинство во парламентот, што е доволно 73-годишниот Бака да биде избран уште во првиот круг, без поддршка од опозицијата. Гласањето во парламентот започнува во 14 часот. Мандатот на претходниот претседател Суљок беше скратен со уставен амандман како дел од реформите на Маѓар. Партијата „Тиса“ на Маѓар победи на изборите во април, ставајќи крај на 16-годишното владеење на националистите на Орбан, со ветување за „промена на системот“.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураСадикова: Предизвик е музиката за пијано да се свири на харфаПубликата на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер имаше ретка можност да ужива во богатата колористична и лирска звучност на харфата врз која совршено владееше младата но виртуозна руско-американска уметница Алиса Садикова. Садикова е редок пример на талентиран харфист, а нејзиниот уметнички раст е видлив уште од раната возраст кога дебитирала на светската музичка сцена. Тоа го потврдија и присутните на синоќешниот концерт кои уживаа во секој звук од харфата и ја наградија уметницата со громогласни ракоплескања. -Првото дело со кое ја започнав вечерта беше Токата и фуга од Бах која е транскрипција за харфа на Белов, потоа продолжив со кинеска музика, свирев два става од Свитата Бергамаск од Клод Дебиси, првиот Прелудиум и познатата Клер де Лун. На програмата беа Париш Алварс со многу убави варијации на теми од операта „Норма“ на Белини, Шопен со Фантазија- импромпту, исто така транскрипција за харфа и продолжив со Мануел де Фаља, за програмата да ја завршам со Беджих Сметана и Фантазија за харфа од „Влтава“ односно со транскрипцијата за харфа од Трнечек, рече извонредната харфистка Садикова. Според неа, убаво звучи, но истовремено е и предизвик музиката за пијано да се свири на харфа. -Сакам музика за пијано и сметам дека таа звучи многу убаво на харфа. Мислам дека звучи поинаку, но сепак е премногу убаво на харфа. Секако,изведбата на пијано е многу полесна отколку на харфа поради педалите и промената на хармониите. Тоа е голем предизвик. Целата црква е преубава, го сакам звукот на харфата во неа, секоја нота звучи совршено. Секој човек многу убаво ќе ја слушне харфата овде, без да се користи микрофон, додаде Садикова. Родена во Санкт Петербург, Алиса Садикова започнала да учи хафра во класата на Карина Малееве во Специјалната школа за талентирани деца при Конзерваториумот „Н. Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург. Образованието го продолжила како стипендист на Фондацијата „Салви“ во школата „Кембриџ музика мунди“ во Белгија, во класата на Кетрин Мишел, а потоа и на престижната школа „Џулијард“ во САД каде дипломирала минатата година. Во моментов е запишана на постдипломски студии во класата на Ненси Ален на „Џулијард“ со стипендија од Фондацијата „Ковнер“. Во нејзината биографија се впишани повеќе од 20 први награди од интернационални натпревари што ја прави една од најнаградуваните харфистки на денешницата.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter