Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
3Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
ЖивотПораст на железничкиот сообраќај во Европа, DiscoverEU ги поттикнува младите Европејци да патуваат со возАвион, автомобил, автобус, брод – постојат повеќе начини за патување во и низ Европа. Но, едно превозно средство значително добива на популарност, особено кај младите: возот.ЕНР - Брисел Авион, автомобил, автобус, брод – постојат повеќе начини за патување во и низ Европа. Но, едно превозно средство значително добива на популарност, особено кај младите: возот. Според Евростат, во 2023 година патничкиот железнички сообраќај во ЕУ го достигна своето највисоко ниво во последните години, при што патниците со воз патувале вкупно 429 милијарди километри. Ширум Европа, ентузијазмот за патување со воз останува конзистентен од крајот на пандемијата на Ковид-19, која официјално започна во март 2020. Во 2023, патничкиот железнички сообраќај во ЕУ порасна за 11,2 проценти во споредба со 2022 и речиси двојно во споредба со 2020. „Меѓународните патувања на долги релации доживуваат подем“, изјави Михаел Петерсон, шеф за транспорт на долги релации во германската национална железничка компанија „Дојче Бан“ (ДБ). Тој истакна дека 2024 година била најсилната година во овој сектор за германската железница, со раст од 22 отсто во споредба со 2019 година, пред Ковид-19. Според извештајот објавен во јуни од француската управа за транспорт (ART), користењето на возовите во Франција собори рекорд трета година по ред во 2024 година, потврдувајќи го растот на железничкиот сообраќај забележан од крајот на Ковидот. Во 2024 година имало 6 процени повеќе патници во споредба со 2023 година, што претставува идентично зголемување како и претходната година, соопштија од ART. Летното патување со воз исто така значителнo се подобрило во споредба со претходната година, како резултат на Олимписките игри во Париз и патниот билет што им овозможи на младите на возраст од 16 до 27 години неограничено да патуваат со регионални возови за 49 евра месечно. И другите земји активно го поттикнуваат патувањето со воз преку национални и регионални иницијативи. На пример, за 2025 година, шпанската иницијатива „Младо лето“ (Verano Joven) додели 120 милиони евра за да им овозможи на младите на возраст од 18 до 30 години попусти до 90 отсто за патувања со возови на средни релации и до 50 отсто за патувања со брзи возови. ЕУ, исто така, има за цел да ги поттикне младите да патуваат со воз преку иницијативата DiscoverEU. Над 1,6 милиони луѓе аплицирале од почетокот на иницијативата во 2018 година, а досега се доделени 391 000 патни билети. Што е DiscoverEU? DiscoverEU е иницијатива од програмата Еразмус+ на Европската унија која им дава шанса на 18 - годишни жители на ЕУ да патуваат бесплатно низ Европа со воз. Секоја година има два повици за аплицирање, еден напролет и еден наесен. Апликантите мора да учествуваат во квиз како дел од процесот на аплицирање, освен ако аплицираат како дел од група. И млади луѓе од држави кои не се членки на ЕУ: Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Северна Македонија и Турција, можат да аплицираат поради нивната вклученост во Еразмус+ програмата. Покрај билетот за патување, учесниците добиваат и DiscoverEU младинска карта која им овозможува попусти за јавен превоз, хотели, храна, како и културни, спортски и други активности во 36 европски држави. Националните агенции за Еразмус+ организираат средби пред, за време и по патувањето. На пример во Бугарија, Националната агенција за Еразмус+ организира настани пред патувањето и можности за вмрежување, и ги охрабрува учесниците да споделуваат приказни и фотографии од нивните патувања на социјалните медиуми. Конкурсот за DiscoverEU во април 2025 беше отворен за луѓе родени помеѓу 1 јуни 2006 и 30 јуни 2007. Вкупно 156 516 млади луѓе аплицираа за билетот и 35 753 беа одбрани. Најголемиот број на апликации стигнаа од млади во Германија (24 194), Шпанија (21 414), Полска (15 932) и Холандија (13 106). Државите со најуспешни апликации беа Германија (6 143), Франција (4 977), Италија (4 394) и Шпанија (3 501). Други држави со понизок но значаен број на апликации се Романија (1 489), Австрија (715) и Бугарија (561). Австриската министерка за европски прашања ја пофали иницијативата. -Нема подобар начин да се искуси Европа отколку со Interrail билетот. Вакви проекти ја прават Европа не само точка на мапата, туку и дел од нашиот идентитет. Ова е одлична можност да се запознаат други луѓе и култури, но истовремено и да се претстави австриската култура, рече Клаудија Плаколм, министерка за Европа, интеграција и семејство на Австрија. Австриските европратеници Андрес Шидер и Ханес Хајде истакнаа дека DiscoverEU им овозможува на младите да патуваат на одржлив начин: „Тоа е одлична можност да го направиме железничкиот превоз привлечен за младите во ЕУ како еколошки превоз. Иднината на европската мобилност лежи во железницата.“ Еврокомесарот задолжен за DiscoverEU и Еразмус+ ги повика младите да ги искористат придобивките од иницијативата. „Ова не е само екскурзија, ова е патување што го менува животот. Секоја станица, секое кафуле, секое ново лице што ќе го сретнете придонесува за вашата приказна. Вие не само што ја гледате Европа, туку и ја живеете. Сите вие млади истражувачи со патен билет во рака, излезете и направете го патувањето незаборавно“, рече еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт Глен Микалеф. Нема интегрирана европска железничка мрежа, но ДБ има план Иако идејата за интегриран европски железнички систем опстојува, реалноста е покомплицирана доколку сте редовен патник. Проблемите често започнуваат со купувањето билети. Често се потребни повеќе билети за прекугранични патувања, и секој билет треба да се купи посебно. Ова не само што е незгодно, туку и значи дека не важат патничките права, како обесштетување за пропуштени трансфери. -Често се појавуваат проблеми кога пругата ќе стигне до некоја државна граница, вели Себастиан Вилкен, кој пишува за меѓународни патувања со воз на неговиот блог Zugpost. Проблемите се поврзани со електричното напојување, системи за сигнализација и безбедност, разлики во ширината на пругата, па дури и јазичните вештини на машиновозачите. Европската Унија одамна ги препозна проблемите. Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, истакна дека прекуграничното патување со воз останува премногу комплицирано за многу граѓани. -Луѓето треба да можат да користат отворени системи за резервации за да купат трансевропски патувања од повеќе даватели на услуги без да го изгубат правото на враќање на парите или алтернативно патување, рече таа во политичките насоки за Европската комисија објавени во јули 2024 година. Европската комисија планира да предложи закон за „унифицирани дигитални резервации и продажба на билети“ со цел да се осигури дека „Европејците ќе можат да купат еден билет на една платформа и да ги остварат своите патнички права за целото патување“. Европските железници пред неколку години се договорија да го применат стандардизираниот интерфејс „Отворен модел за продажба и дистрибуција“ (OSDM). Петерсон од ДБ го опиша како „јазикот преку кој европските железници и давателите на услуги за продажба разменуваат податоци“. Ова ќе ѝ даде на ДБ пристап до целосното портфолио на билети на железниците кои учествуваат, и обратно. За ДБ, пристапот првично ќе започне есенва, кога ќе бидат достапни Австриските федерални железници (ÖBB) и Швајцарските федерални железници (SBB). Се очекува нови партнери да се приклучуваат секој месец. „Очекуваме дека до крајот на следната година, Европа ќе биде речиси целосно поврзана“, рече Петерсон. Потоа, резервирањето билети низ Европа – без разлика дали е од Осло до Атина или од Варшава до Барселона – ќе може да се направи со само еден чекор. Сепак, поевтините билети преку конкурентот на ДБ, Flix, нема да бидат достапни на овој систем.Тагови: воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЗабаваЅвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе. Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак. „Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“. Компликации со визата Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат. „Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија. „Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа. @mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа. Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“ Свадба на Хаваи Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари. View this post on Instagram A post shared by Mikaela Testa (@mikaelatesta) Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.Тагови: OnlyFans сопругот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЕвропаДанска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва. Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната. „Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите. Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“. „Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата. Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва. Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина. Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL). Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.Тагови: Данска ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter