ЗдравјеПораст на случаите на сифилис во САД Стапката на заразни случаи во САД се зголеми за еден процент во 2022 година, според новиот извештај на федералната влада за сексуално преносливи болести кај возрасните.Единствено, стапката на нови случаи на гонореја е намалена за прв пат по една деценија. -Не е јасно зошто бројот на случаи на сифилис пораснал за девет отсто, додека случаите на гонореја се намалиле за истиот процент, изјавија официјални лица од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), додавајќи дека е премногу рано да се знае дали се појавува нов тренд на намалување за последната болест. Тие најмногу се фокусираат на сифилисот, кој е поретко од гонореја или кламидија, но се смета за поопасен. Вкупниот број на случаи надмина 207 илјади во 2022 година, најмногу во Соединетите држави од 1950 година, според вчера објавените податоци. -И додека продолжува несразмерно да ги погодува хомосексуалците и бисексуалните мажи, почесто се појавува кај хетеросексуалните мажи и жени и сè повеќе ги погодува новороденчињата, велат претставници на ЦДЦ. Сифилисот е бактериска болест која може да се појави како безболни рани на гениталиите, но на крајот може да доведе до парализа, губење на слухот, деменција, па дури и смрт доколку не се лекува. Новите инфекции со сифилис нагло паднаа во САД почнувајќи од 1940-тите, кога антибиотиците станаа широко достапни, а најниското ниво беше забележано во 1998 година. Во текот на 2022 година се регистрирани 59 илјади случаи на најзаразната форма на сифилис. Од нив, околу една четвртина биле жени, а речиси една четвртина биле хетеросексуални мажи. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.Поддршката на Трамп за Нетанјаху „Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“. „Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“ Избори по две години војна Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран. Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕПрес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ21:00Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ21:00Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36