Мицкоски: Скопското Кале добива нов лик и функционалност, ќе го претвориме во врвна туристичка атракција
Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев
1Мицкоски: Скопското Кале добива нов лик и функционалност, ќе го претвориме во врвна туристичка атракција
2Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев
Шоу бизПорано најубавата жена на светот искрено: Се изгладнував на најлош можен мачин Во подкастот Ruthin Table 4, Линда Евангелиста раскажа како се изгладнувала за време на нејзината манекенска кариера.Најлошо за неа, вели таа, бил десетдневниот Master Cleanse, модифициран пост со сок кој не дозволува консумирање храна. „Тоа вклучува само пиење солена вода и билен лаксативен чај десет дена по ред“, вели 58-годишната Линда. „Неколку пати го пробав Master Cleanse, но прибегнав и кон медицинско чистење, земајќи пијалок во прав чија основа беше оризот“, додаде таа. Таа отиде и во We Care Spa каде пиела само течности, главно вода со лимон и нане и чаеви. Нејзиното здравје тогаш било многу лошо, вели таа. „Во 90-тите, манекенките мораа да се прилагодат за да им одговара облеката“, рече таа. "Се изгладнував на најлош можен начин. Никогаш повеќе нема да се лишам така и да направам нешто такво", додала некогаш најубавата жена на светот. Инаку, Линда неодамна се присети на едно трауматично искуство од почетокот на кариерата и откри како била принудена да се фотографира разголена кога имала само 16 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Скопското Кале добива нов лик и функционалност, ќе го претвориме во врвна туристичка атракција Има многу работи коишто треба да се средуваат една од тие е и Скопското Кале. Знаете дека успеавме да излеземе од тие предизвици поврзани со Скопје - европска престолнина на културата. Јас немам што да додадам на тоа што го кажаа претходните говорници, само сакам да кажам дека дојде редот и на калето да се среди. Има многу работи коишто треба да се средуваат една од тие е и Скопското Кале. Знаете дека успеавме да излеземе од тие предизвици поврзани со Скопје - европска престолнина на културата. Очекувам во периодот којшто следи практично калето да го добие оној лик и функционалност каква што ја заслужува, тоа е она што ќе биде наша цел како Влада заедно со институциите коишто се за различни делови надлежни. Очекувам кога сето ова ќе биде завршено да имаме навистина исклучително квалитетен објект во Скопје којшто ќе претставува една од неколкуте исклучително ретки и важни туристички атракции тука во Скопје. Ако биде се како што треба тоа ќе се случи следната година нормално од оваа година ако почнеме. Сега е веќе средено, тука знаете имаше трева, колку толку хортикултурно е потсредено за да можат колку толку посетителите да се запознаат со Скопското Кале, но не сме задоволни од ова што во моментот се случува. Знаеме дека Калето има повеќе можности и ние како Влада ќе застанеме позади институциите и финансиски и логистички и секако да скопското Кале го добие оној лик којшто го заслужува и да биде дел од Скопје-европска престолнина на културата. Благодарност до сите институции коишто досега беа вклучени, благодарност до професорите, до професорот, до експертите, до сите оние коишто до сега работеа на истражување на скопското кале, мислам дека ќе бидат исклучително изненадени граѓаните од сето она коешто ќе биде изложено. Зборувам не само за скопјани туку би рекол и светот. Така што еве тука ќе застанам, уште еднаш благодарам и заедно да продолжиме и натаму да ги решаваме работите и скопското кале следната година да ја добие онаа физиономија којашто ја очекуваме дека треба да ја добие и којашто ја заслужува. Благодарам.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт.Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт. Официјална Софија и Венко Филипче се на ист став, а тоа е дека за отворање на преговорите со ЕУ, потребни се да се стават Бугарите во Устав, па се друго. Филипче им вели јасно на граѓаните, дека отворање на преговорите и поглавјата за ЕУ, не треба да бидат преку спроведување на реформите од Реформската агенда, ниту пак дека процесот треба да се води според Копенхашките критериуми, и како за секоја една држава, процесот треба да важи и за нас, но токму Венко Филипче е против ова. Токму за Филипче и СДС, потребно е само да се направи нова отстапка или ново предавство на македонскиот идентитет, интегритет и достоинство, и само така удоволувајќи им на Бугарите ќе влеземе ние во ЕУ. Како што се откажаа од Цар Самуил и светите браќа Кирил и Методиј, Филипче и СДС по стапките на Зоран Заев, ќе се откажат од се само за да удоволат на оние кои ги уценуваат, а тоа се токму бугарските политичари. Само уценет и компромитиран човек како Филипче може да дозволи капитулација на сопствената држава. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
Други спортовиШпанецот Раул Фернандез до првата пол-позиција во кариерата! Мотоциклистот на „Тракхаус“, Раул Фернандез, ја освои првата пол-позиција во својата MotoGP кариера, откако беше најбрз на квалификациите за Големата награда на Индонезија на патеката „Мандалика“.Шпанецот постигна време од 1:28,852 минути, а првиот стартен ред го комплетираа Марко Бецеки на „Априлија“ и Фабио ди Џанантонио. Бецеки заостануваше само 0,109 секунди зад најбрзиот, додека Ди Џанантонио си подари убав роденденски подарок со освојувањето на третото место. Марк Маркез го зазеде четвртото место, додека лидерот во шампионатот, Хорхе Мартин, ќе стартува од петтата позиција. FIRST #MotoGP POLE POSITION 👏 FANTASTIC @25raulfernandez 😎 #IndonesianGP 🇮🇩 https://t.co/xrczx7JHrd — MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 10, 2026 Фермин Алдегер, победникот на минатогодишната трка во Индонезија, ќе стартува од шестото место. Првиот дел од квалификациите беше одбележан со бројни падови, но Аи Огура и Алдегер успеаја да се пласираат во финалната рунда. Посебно внимание привлече Топрак Разгатлиоглу, кој успеа да постигне конкурентен резултат помалку од еден час откако го измести десното рамо. Првите девет возачи ги делеше разлика од само половина секунда, што најавува голема борба на патеката Мандалика. Спринт-трката за Големата награда на Индонезија започнува во 15:00 часот по локално време, а Фернандес ќе се обиде својата прва пол-позиција во најсилната класа да ја претвори во победа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook