Поранешното момче на Меланија Трамп: Никогаш не беше типична Словенка - Канал 5

Поранешното момче на Меланија Трамп: Никогаш не беше типична Словенка

Словенецот Јуре Зорчиќ е поранешното момче на Меланија Трамп, единствен за кој се знае, а во интервју за „ABC“ откри како се запознале и каков впечаток оставила кај него.

Поранешното момче на Меланија Трамп: Никогаш не беше типична Словенка

„Меланија никогаш не беше типична словенечка девојка“, рече тој, раскажувајќи како ја сретнал на улица во нејзиниот роден град Ново Место, седум години пред да го запознае Доналд Трамп.

„Се сретнавме како на филм. Тоа беше топол летен ден во 1991 година. Тоа беше почеток на нова политичка ера за нас, градот беше празен, блокиран од војската.

"Бев на мојот мотор, а таа одеше по улицата. Ја поминав и си помислив: Која е оваа убава девојка? Таа е толку убава, морам да се свртам и да ја следам", се присетува тој.

Отишле на кафе и започнале врска, а летото го поминале уживајќи со пријателите на јадранскиот брег. Иако биле во врска само неколку месеци, поранешната прва дама на САД му остави силен впечаток.

"Бев импресиониран од нејзината убавина од првиот момент. Беше прекрасно облечена и се однесуваше елегантно. Таа е многу посебна, тоа е вистината", рекол тој.

„Таа беше по модата и сакаше да живее во Италија, Франција“, рече тој и додаде дека сепак бил изненаден кога дознал дека таа се преселила од Словенија.

Меланија потоа работела како модел, а по неколку години поминати во Париз и Милано, се преселила во Њујорк, каде што го запознала Доналд Трамп во 1998 година.

Зорчиќ раскажува како ја сретнал Меланија во Њујорк во 2000 година и бил изненаден што таа разговарала со него на англиски.

„Ја прашав: Дали заборави дека си Словенка? - се присети нејзиниот поранешен.

За потсетување, Меланија и Доналд се венчаа во 2005 година во Мар-а-Лаго. Една година подоцна го роди синот Барон, а во 2016 година стана прва дама на САД.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Елизабет Харли позираше без градник: „Како е можно да изгледа вака на овие години?“

Актерката и манекенката 61 годишната  Елизабет Харли предизвика бројни реакции со своите разголени фотографии, а следбениците не штедеа комплименти за нејзиниот изглед.

Фото: Елизабет Харли позираше без градник: „Како е можно да изгледа вака на овие години?“

Мегапопуларната Лиз Харли повторно го привлече вниманието на јавноста со својот изглед, овојпат со фотографии на кои позира разголена.

Актерката го промовираше сопствениот бренд за облека, носејќи само гаќички и долга кошула.

Следбениците ја опсипаа со комплименти во коментарите, а многумина не можеа да поверуваат дека британската актерка има 61 година.

- „Изгледаш апсолутно неверојатно“, „Најубавата жена на светот“ и „Безвременска – нема никој како тебе“ – се само дел од комплиментите што ги доби.

Еден следбеник особено се запраша: - „Како е можно да изгледаш вака на твоја возраст?“

Харли често ја покажува својата витка фигура на социјалните мрежи – најчесто во бикини – а претходно откри и како ја одржува формата. Иако вели дека не била во теретана уште од 90-тите години, таа наоѓа можност за физичка активност преку секојдневните домашни обврски.

„Не сум била во теретана уште од 90-тите, но ја одржувам формата преку работа во градината и кастрење на живата ограда. Сепак, бидејќи во Лос Анџелес немам грмушки за кастрење ниту плевел за чистење, одвојувам време за вежби за истегнување“, напиша таа покрај фотографиите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДОМ: Изборот на локацијата за Националниот дата-центар бара јавно образложение

Поплавата во зградата на поранешна „Нова Македонија“ уште еднаш покажа колку е важно државните институции да имаат сигурна дигитална инфраструктура. 

ДОМ: Изборот на локацијата за Националниот дата-центар бара јавно образложение

Но, потребата од Национален дата-центар не е одговор на прашањето како е избрана локацијата и дали се разгледани сите релевантни аспекти пред да се донесат следните одлуки.

Според информациите објавени на 8 октомври, локацијата е избрана, додека урбанистичката документација и финансирањето сè уште се во подготовка. Министерот најави дека пред изградбата ќе бидат изработени студија за влијанието врз животната средина и социјална студија.

За ДОМ, клучно е овие постапки да не се сведат на формално исполнување на условите за изградба, туку да обезбедат реална основа за оценување на проектот и неговите последици.

Затоа бараме Владата и Министерството за дигитална трансформација:

• Да ги објават образложението и критериумите врз основа на кои е избрана конкретната локација, вклучително и дали биле разгледани алтернативни локации.

• Да го претстават проектот со неговите основни технички параметри, колкав капацитет ќе биде во MW, како и планираното решение за функционирање на центарот.

• Да обезбедат соодветни процени на влијанијата врз животната средина и локалната заедница, во согласност со законските обврски, пред носењето на конечните одлуки.

• Да овозможат навремено информирање и учество на јавноста во сите постапки во кои тоа е предвидено, со пристап до релевантната документација.

Јавноста не треба да биде информирана за вакви проекти дури откако ќе бидат исполнети условите за нивно официјално претставување. Информирањето и учеството на граѓаните треба да бидат дел од процесот на планирање, а не негов завршен чекор.

ДОМ ја поддржува потребата од сигурна дигитална инфраструктура, но одлуките за нејзината изградба мора да бидат образложени, проверливи и во интерес на граѓаните, се наведува во парттиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил.

Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил

Филипче агитира директно за Бугарија, со тоа што ги застапува бугарските позиции, наместо македонските.

Филипче секојдневно вели Бугарите во Устав, па се друго. Ова е истиот став на оној кој го има и соседна Бугарија.

Филипче и неговиот ментор Заев, велеа дека Бугарите биле ослободители, а не фашисти во втората светска војна, односно дека биле администратори и дека македонскиот јазик е од 1944 година, а нашата држава дека била создадена благодарение на комунизмот.

Филипче периодов молчи и за пренесувањето на таканаречените мошти на Цар Самуил во Бугарија.

Молчи затоа што со неговиот ментор Заев преку историската комисија се откажаа од него уште во првиот момент, без размислување.

Почитувани граѓани,

Замислете на што се е спремен Филипче за пуста власт да направи. Од стабри здравство, до марихуана економија и капитулација на идентитетот и интегритетот на Македонија.

Затоа, претседателот Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, ќе го зачуваат она достоинство коешто Филипче и Заев не успеаја да го допродадат. Заедно ќе успееме, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер