Поранешниот тајландски премиер Шинаватра, кој е затворен за корупција, побара помилување од тајландскиот крал - Канал 5

Поранешниот тајландски премиер Шинаватра, кој е затворен за корупција, побара помилување од тајландскиот крал

Поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра, кој отслужува затворска казна за корупција, повторно официјално побара помилување од кралот, потврдија извори од Министерството за правда, цитирани од тајландската телевизиска станица Таи ПБС (Thai PBS)

Поранешниот тајландски премиер Шинаватра, кој е  затворен за корупција, побара помилување од тајландскиот крал

Секој тајландски граѓанин кој отслужува казна, вклучувајќи го и Таксин, има право да поднесе барање за помилување преку Генералниот директорат на затворите, а ова право важи и за неговите роднини. Конечната одлука за помилување или намалување на казната е целосно во надлежност на кралот на Тајланд и не е предмет на жалба или оспорување.

Случајот со Таксин Шинаватра предизвика јавен интерес, бидејќи тој веќе еднаш доби помилување од кралот, со што неговата осумгодишна казна беше намалена на една година. Меѓутоа, во јавната сфера се појави прашањето дали Таксин има право повторно да поднесе барање за помилување, откако веќе еднаш ја искористи ваквата можност.

Таксин Шинаватра веројатно верува дека веќе ја отслужил својата едногодишна казна, што вклучуваше шест месеци во болница под полициски надзор и уште шест месеци условна казна. Сепак, на 9 септември, Врховниот суд пресуди дека тој не страда од опасни по живот болести што би го оправдале неговиот продолжен престој во болница. Судот, исто така, нагласи дека казната сè уште не е формално извршена од страна на Генералната дирекција на затворите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Различни изговори на СДС, Левица и ДУИ за блокирање на Изборниот законик, но мотивите исти

​Секоја една опозициска политичка партија СДС, Левица, ДУИ со свои различни изговори го блокира Изборниот законик.

ВМРО-ДПМНЕ: Различни изговори на СДС, Левица и ДУИ за блокирање на Изборниот законик, но мотивите исти

Но, мотив на сите нив е ист, ниските рејтинзи и стравот од изборен пораз.

Јавноста е сведок како секоја од нив излегува со различни тези и изговори, како намерно да сакаат да креираат конфузија и збунетост кај граѓаните.

СДС не сака македонската дијаспора на полесен начин да го остварува своето уставно загарантирано право на глас, Левица прво доби повеќе пари, па после се откажа од намерата да го поддржи Изборниот закон.

А, ДУИ, пак, отвора нови услови за начинот на носење одлуки во Државната изборна комисија. Сите имаат различни барања и изговори, човек крајот да не може да им го фати.

Овие различни образложенија на опозициските политички партии не се случајни. Тие имаат иста цел, да не се донесе нов реформски Изборен законик и со тоа да се создаде алиби за нивниот се поизвесен поразот на следниот изборен циклус.

Зад ваквото однесување и политичко делување на опозицијата стојат партиски калкулации и обид да се прикрие стравот од соочување со граѓаните на следните избори. И тоа е сè поочигледно што не можат да го покријат со ниту едно соопштение, реакција или јавен настап.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потенцира дека останува доследна на својот став дека ги прифаќа сите барања на опозицијата, само да се запазат препораките на ОБСЕ/ОДИХР и да се олесни и прошири гласањето на дијаспората.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица, времето на чекање е 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни:

петок од 17:00 – 22:00 часот,

сабота од 09:00 до 18:00 часот и

недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

петок од 15:00 – 22:00 часот,

сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.

Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево со мала локална облачност

Времето денес ќе биде сончево со мала локална облачност.

Денес сончево со мала локална облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер