3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
БалканПоранешниот српски министер обвинет за трагедијата во Нови Сад претрпе втора итна операцијаПоранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ синоќа претрпе втора итна операција, објавија српските медиуми.-Поради постоперативни компликации, здравствената состојба на мојот брат Горан ненадејно се влоши, поради што синоќа беше извршена итна втора операција. Тој моментално е во стабилна состојба и е на интензивна нега. Сите информации за неговата здравствена состојба ќе ги даде само неговото семејство, изјави Зоран Весиќ за весникот „Блиц“. Весиќ неодамна беше опериран откако беше итно примен во болница поради силни болки во стомакот, треска и повраќање, малаксаност и дехидрација. Тој беше уапсен по втор пат истиот ден како дел од судската постапка поврзана со уривањето на настрешницата на железничката станица во северниот српски град Нови Сад, по што му беше изречена мерка притвор до 30 дена. Судот подоцна ја промени мерката и го ослободи во домашен притвор. За време на првото притворање на Весиќ поради инцидентот во Нови Сад, во кој загинаа 16 лица, тој во притвор штрајкуваше со глад и жед.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПремиерот на Молдавија поднесе оставкаПремиерот на Молдавија, Александру Мунтеану, поднесе оставка, со што започна процесот на оставка на целата влада, беше соопштено денеска во Кишињев.Мунтеану, кој ја извршуваше функцијата премиер од ноември 2025 година, не ја образложи детално својата одлука. Во објава на социјалната мрежа „Икс“ (X), тој наведе дека неговиот мандат завршува и дека одлучил да се повлече откако заклучил оти повеќе не може да ги извршува своите должности во согласност со своите принципи и убедувања. 62- годишниот Мунтеану, беше назначен за премиер по парламентарните избори одржани во септември 2025 година, на кои ПАС извојува убедлива победа над проруските политички ривали и обезбеди продолжување на проевропскиот курс на земјата. Пред да влезе во молдавската политика, тој работеше во странство повеќе од 20 години, вклучително и во Светската банка. Во својата објава, тој рече дека ќе продолжи да ѝ служи на Молдавија без оглед на позицијата што ја има во иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Аеродром: Започна реконструкцијата на краци од улицата „Тодор Чангов“ во ЛисичеГрадоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во стартот на градежните активности за реконструкција на краци од улицата „Тодор Чангов“ во населбата Лисиче.Во рамките на проектот се врши целосно отстранување на дотраениот и оштетен асфалт, замена на постојниот тампон со нов, по што ќе следува поставување на нов асфалтен слој. Реконструкцијата е дел од проектите што ги реализира Општина Аеродром во рамките на вториот јавен повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти. Преку обезбедените средства, Општината продолжува со реализација на значајни капитални инвестиции насочени кон модернизација на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на граѓаните. Во текот на летниот период, Општина Аеродром ќе реализира голем број инфраструктурни проекти на повеќе локации. Во фокусот се реконструкција и санација на улици, уредување на јавниот простор, подобрување на комуналната инфраструктура и реализација на нови капитални инвестиции, со цел создавање помодерна, пофункционална и поуредена општина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Македонската Армија добива признание и поддршка за посветеноста од НАТО и ЕУЈас немам што да додадам околу спецификацијата на опремата и обемот на опремата којашто е добиена како донација од страна на Европската Унија.Во касарната „Илинден” во Скопје во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски беше презентиран дел од новата опрема што Армијата ја доби преку Европскиот мировен фонд, со финансиска поддршка од Европската Унија во вредност од над 40 милиони евра. Еве што порача при посетата на Армијата во касарната Илинден во Скопје премиерот Христијан Мицкоски. „Добар ден и од мене, Јас немам што да додадам околу спецификацијата на опремата и обемот на опремата којашто е добиена како донација од страна на Европската Унија. Ми останува само да се заблагодарам на амбасадорот за неговата лична посетеност, на Европската Унија што, еве, донира и препознава во македонската Армија квалитет, посветеност, како Армија којашто е составен дел на НАТО Алијансата. Исто така би сакал да се заблагодарам на мојот колега од Владата, министерот за одбрана, на заменикот, на луѓето од Министерството, за посветената работа. Се разбира, сакам да ја искористам оваа прилика да ја истакнам работата на началникот на Генералштабот и да се заблагодарам на неговата неуморна работа и посветеност, за да може нашата Армија да изгледа вака како што изгледа, да биде конкурентна, да биде подготвена. Сведочевте на прекрасна вежба. На сите оние старешини коишто се дел од Генералштабот, дел од единиците, и се разбира, најголема благодарност до луѓето, до војниците, коишто сето ова кое што денеска го видовте, го извршија беспрекорно. Ние остануваме, како Влада, посветени да ги исполнуваме сите барања од страна на НАТО Алијансата. Пред неколку дена, во посета кај нас беше главниот командант на вооружените сили на НАТО за Европа, господинот Гринкевич, којшто јасно кажа дека сите инфраструктурни проекти коишто во моментот ги движиме, вклучително и средствата коишто ги одвојуваме, претставуваат пример за многу земји членки на НАТО и тие, во нашиот случај, достигнуваат и до четири проценти, што навистина за нас претставува една цел која што ќе се обидеме, во годините коишто следат, да ја одржиме. Четири проценти од бруто-домашниот производ, имајќи предвид дека номиналниот бруто- домашен производ во последно време расте со стапка од осум проценти и повеќе, ќе претставува предизвик, но секако ние, како Влада, имаме приоритет да инвестираме во нашата македонска Армија и да ја направиме Армијата поконкурентна, иако таа, можам да кажам, е навистина исклучително конкурентна. Така што, еве, уште еднаш би сакал да се заблагодарам на сите учесници и, како што кажав, на сите оние коишто допринесуваат денеска македонската Армија да изгледа конкурентна вака како што е. Ви благодарам.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook