ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?
СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема
1ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?
2СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема
Шоу бизПоранешниот сопруга на Емили Ратајковски е обвинет за силување 17- годишна девојкаФилсмскиот продуцент, Себастијан Бер-МекКлард, поранешниот сопруг на Емили Ратајковски, е обвинет за сексуално недолично однесување од повеќе жени, дознава Variety.Во почетокот на 2016 година, продуцентот ја контактирал 17-годишната девојка на Инстаграм и ѝ понудил мала улога во филмот „Добро време“. Девојката дошла на сетот и се подготвувала за снимање, иако се уште не знаела точно каква сцена ќе снима. Гола застанала пред актерската екипа од десетина машки актери, вклучувајќи ги Џош и Бени Сафди. Наместо да глуми во сцена со Роберт Патинсон, таа снимила сцена со актер кој штотуку бил ослободен од затвор. Според изјавата на девојката, која сега има 24 години, „таа била запрепастена и се чувствувала преплашена“. „Сè се влоши кога тој актер ми шепна на уво „можеш ли да го ставиш“ додека беа вклучени камерите. Јас реков „не““, рекла таа. Таа ја дала изјавата за време на правен спор во кој бил вклучен Себастијан. Variety, исто така, разговарале со повеќе од десетина извори запознаени со однесувањето на Бер-МекКлард, вклучително и двајца кои биле во собата кога 17-годишната девојка ја снимила предметната сцена. Таа сцена на крајот не била во последната верзија на филмот. По снимањето, тогашната 17-годишна девојка имала секс со Себастијан, а продолжиле да се гледаат во следните две години. Уште две жени го обвиниле за недолично однесување, опишувајќи го како „предатор кој често грабеше млади жени на снимањето“. Во изјавите на девојките е вклучено и неговото однесување на снимањето на Uncut Gems. Жената, која тогаш имала 18 години, вели дека го запознала Беар-МекКлард за време на продукцијата. Тој ѝ праќал пораки и ѝ ветил голема кариера во филмската индустрија. Таа го опишала и инцидентот што се случил во станот што Себастијан го делел со Ратајковски. "Јас и Себастијан почнавме да се бакнуваме. Работите ескалираа, а потоа, без да побара согласност, го стави пенисот во мене без да користи кондом", рекла девојката. Истата девојка рекла дека Себастијан ја нарекувал со погрдни имиња, меѓу другото и рекол дека е „ретардирана“, но тој се оправдувал дека сето тоа е шега. Според нејзината изјава, продуцентот почнал да ја следи преку апликација на нејзиниот мобилен телефон. Таа вели дека била сведок и како Себастијан испраќал пораки на Инстаграм на 15-годишно девојче кое не било дел од продукцијата, но го посетило сетот. "Себастијан изгледаше задоволно и се насмеа на мојот коментар за испраќање пораки на 15-годишното девојче. Тој не го негираше тоа", рече таа. Повеќе извори изјавиле за Variety дека неговиот контакт со 15-годишното девојче, како и романтичната врска со друга млада жена на сетот на Uncut Gems, довеле до тоа браќата Сафди да го отпуштат Себастијан. Трета жена, која работела како асистент на неколку филмови, дала изјава која не се однесува на сексуалното недолично однесување на Себастијан на снимањето, туку тврди дека тој се однесувал на вознемирувачки начин. Ратајковски одбила да ги коментира обвинувањата против нејзиниот поранешен сопруг, но нејзините пријатели велат дека таа не била изненадена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваНа 30 и 31 октомври Штип повторно ќе пее со 41. издание на „Макфест“Певливи рефрени, нови песни и познати музички имиња ќе бидат дел од 41. издание на „Макфест“, фестивалот на забавни мелодии кој годинава ќе се одржи на 30 и 31 октомври. Повеќе од четири децении „Макфест“ е синоним за музика, а во Штип и оваа година публиката ја очекуваат позитивна енергија и добра фестивалска атмосфера, песни во различни музички изрази, познати автори и изведувачи, но и нови имиња кои допрва ќе ја бараат својата публика. Меѓу авторите на годинашните песни се имиња кои одамна се присутни на македонската музичка сцена, како Ристо Самарџиев, Хари Котларовски, Огнен Неделковски, Лазар Цветковски, Раде Врчаковски – Врчак, Александар Масевски, Кристијан Габроски, Иван Јованов, Роберт Билбилов, Андријана Јаневска, Давор Јордановски, Елвир Мекиќ, Димитар Андоновски, Јован Јованов и други. „Годинава имаме навистина интересен избор на автори – докажани музички имиња, автори со свој препознатлив стил и песни зад кои стои големо искуство. Очекувам и ова издание да донесе убави, певливи песни и композиции со различен карактер, од оние што лесно влегуваат во уво до песни кои ќе се слушаат и по фестивалските вечери. Тоа е и убавината на „Макфест“ “, вели Роберт Саздов, уметнички директор на фестивалот. Со годинашното издание, „Макфест“ продолжува да ја збогатува својата богата фестивалска приказна со нови композиции, автори и изведувачи, во атмосфера исполнета со музика, позитивна енергија и песни што имаат потенцијал да останат со публиката и по фестивалските вечери.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотОд суд во Фиџи исчезнале околу 40 кг. кокаинРечиси 40 кг кокаин исчезнаа од суд на Фиџи, во пакетите е пронајдено брашно.Речиси 40 килограми кокаин, чувани како доказен материјал во Вишиот суд во Сува, главниот град на Фиџи, исчезнаа од судскиот сеф. Во преостанатите пакети веќе немаше кокаин, туку, според локалните медиуми, тие биле наполнети со брашно. Полицијата покрена истрага откако на 15 септември беше откриено дека недостасуваат седум од вкупно 39 пакети со кокаин. Подоцна, преостанатите 32 пакети беа подложени на форензичка анализа, при што беше утврдено дека ни во нив повеќе нема дрога. Исчезна целото запленето количество од речиси 40 килограми. Полицијата соопшти дека дошло до манипулација со доказите и дека истрагата се фокусира на поединци кои биле директно одговорни за нивното чување во судската писарница на Високиот суд. Според информациите, едно лице од интерес за истрагата се наоѓа во странство, а полицијата има намера да го испита. Јавниот обвинител на Фиџи, Сироми Турага, го опиша случајот како шокантен и изјави дека ниту едно одговорно лице нема да биде поштедено од истрагата. Кокаинот запленет уште во 2019 година Кокаинот бил запленет во 2019 година во случајот против Џошуа Азиз Рахман, државјанин на Фиџи кој поседува и канадско државјанство. Рахман бил осуден во 2021 година за поседување кокаин со намера за продажба, а дрогата останала во судот како доказен материјал за време на жалбената постапка. Вредноста на исчезнатиот кокаин се проценува на околу 31 милион фиџиски долари (приближно 21 милион евра). Во последниве години, Фиџи се соочува со пораст на трговијата со кокаин и метамфетамин и стана клучна транзитна точка за шверц на дрога низ Пацификот, особено кон Австралија и Нов Зеланд. Полицијата сега се обидува да утврди кога исчезнал кокаинот, кој имал пристап до доказите и како пакетите можеле да бидат заменети без тоа претходно да биде откриено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?Изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ – е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство.Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси. Оттука, сосема легитимно е да прашаме: Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев? Дали има комуникација и средби помеѓу нив? Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет? Дали зад рушењето на ваквите позиции стои нов бизнис-договор? Ова се легитимни прашања на кои мора да одговори Венко Филипче. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11