Поранешниот сопруг на Моника Белучи ужива на плажа со 30 години помладата сопруга (ФОТО)

Омилениот француски актер 53-годишниот Винсент Касел е снимен на бразилска плажа со неговата 31години помлада сопруга, француската манекенка Тина Кунаки.

Тие безгрижно поминаа еден ден уживајќи на сонцето со својата едногодишна ќерка Амазони, а со нив беше и најстарата ќерка на Касел, Дева (16), која славниот актер ја доби за време на неговиот 14-годишен брак со Моника Белучи.

Касел и Тина се венчаа пред две години, а жарот меѓу нив ги покажаа интимните допири на плажата. Во еден момент, младиот модел седна на колената на актерот, а тој со својот мобилен телефон го фотографираше нејзиниот задник во примамлив бел костум за капење.

Но, не привлече внимание само Тина на плажата. Малолетната Дева, која веќе тргна по стапките на нејзината мајка снимајќи реклама за престижниот италијански бренд Долче и Габана, носеше флуоресцентно бикини, а гаќичките едвај го покриваа задникот.

16-годишната девојка досега собра бројни позитивни коментари за нејзиниот талент и убавината што ја наследила од нејзината мајка.

Газета: Конте тешко во Милан, тројца кандидати во преден план

По уште еден разочарувачки резултат во дербијата против Интер, јасно е дека Стефано Пиоли повеќе нема да биде тренер на Милан на крајот од сезоната. И тоа е можност медиумите да шпекулираат со различни кандидати.

Долго време како прв избор се споменуваше Антонио Конте. Наводно за него сериозно се залагал и Златан Ибрахимовиќ. Но, како што пишува „Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Интер, Јувентус, Челси, Тотенхем не изгледа како веројатна опција.

Според истиот весник, во моментов најсериозно се разгледуваат тројца кандидати. Во прашање се селекторот на Белгија, Доменико Тедеско, тренерот на Порто, Серхио Консеисао и Марко Розе.

Но, тоа не се единствените имиња во оптек. Како „втор ешалон“ кандидати сеспоменуваат и Кристоф Галтие и Марсело Гаљардо. /MИА

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

притисни ентер