Поранешниот шеф на Aуди осуден за измама во случајот со емисии на дизел гориво - Канал 5

Поранешниот шеф на Aуди осуден за измама во случајот со емисии на дизел гориво

Окружниот суд во Минхен денеска го осуди поранешниот шеф на Ауди, Руперт Штадлер на условна затворска казна од една година и девет месеци, откако го прогласи за виновен за измама во долгогодишното судење за емисии на дизел гориво.

Поранешниот шеф на Aуди осуден за измама во случајот со емисии на дизел гориво

Неговите двајца кообвинети, поранешниот шеф за развој на мотори Волфганг Хац и поранешен главен инженер идентификуван само како П., исто така добија условни казни за измама.

Казните се уште не се правосилни, а сите тројца обвинети ја признаа вината.

Ова се првите кривични пресуди во Германија за скандалот со издувните гасови на дизелот откриен во 2015 година, кој ја потресе целата автомобилска индустрија и предизвика милијарди штети.

Хац и П. признаа дека манипулирале со дизел мотори кои поминале тестови за емисии под контролирани услови, но испуштале повеќе азотни оксиди отколку што е дозволено при нормална употреба на патиштата.

Штадлер призна дека предоцна ја прекинал продажбата на манипулирани автомобили.

Државниот правобранител веќе се согласи на условни парични казни за Штадлер и П. како дел од спогодбата за признавање на вината на судењето, но во случајот на Хац, тој побарал затворска казна без условна казна.

Штадлер се соочува со казна од 1,1 милион евра, додека Хац би требало да плати 400.000 евра, а П. 50.000 евра.

Штадлер призна дека не успеал да го запре софтверот за мамење во возилата што се продаваат во Европа, откако скандалот првпат изби во САД во 2015 година.

Тој призна дека не интервенирал откако станал свесен за манипулацијата со тестовите за емисии.

Останатите двајца обвинети се соочуваат со посериозни обвиненија дека стојат зад манипулациите со големите дизел мотори за Ауди, Фолксваген и Порше.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот.

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

„Општина Центар е на терен со конкретни мерки делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат одговорни кон себе и кон своите најблиски“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Во текот на денешниот и утрешниот ден, инфо-штандови ќе бидат поставени кај Зелен пазар и на пазарот „Буњаковец“.

Во соработка со ХЕРА, денеска од 8:30 до 11:00 часот кај Зелен пазар се врши бесплатно мерење на крвен притисок.

Инфо-штанд ќе биде поставен и во петок пред маркетот „Тинекс“ на пазарот „Буњаковец“, во истиот термин, каде граѓаните ќе можат да добијат здравствени проверки и совети за заштита од високите температури.

Општина Центар будно ги следи препораките на здравствените институции и ќе продолжи да делува во согласност со нив, со цел заштита и поддршка на граѓаните за време на топлотниот бран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вознемирувачко видео: Познат инфлуенсер од Мексико убиен за време на пренос во живо

Снимал со пријателите, а потоа следи БРУТАЛЕН напад!

Вознемирувачко видео: Познат инфлуенсер од Мексико убиен за време на пренос во живо

Мексиканскиот инфлуенсер Цезар Гастелум беше застрелан и убиен за време на пренос во живо на социјалните мрежи.

Гастелум во вторникот вечерта снимал видео со двајца пријатели пред ресторан за брза храна во населбата „Трес Риос“ во градот Кулиакан, во северно Мексико, кога му пришле двајца мажи на мотор. Едниот од нив неочекувано во еден миг вади пиштол и пука од непосредна близина во инфлуенсерот и го убива.

Гастелум имал повеќе од половина милион следбеници на „Тик-ток“, каде што главно објавувал хумористични видеа. Ова не е првпат инфлуенсер од социјалните мрежи да биде убиен во Мексико.

Минатата година, 23-годишната Валерија Маркесубиен се наоѓала во козметички салон додека емитувала содржина во живо на „Тик-ток“.

Досега никој не е уапсен, а двајцата напаѓачи на мотор побегнале од местото на настанот. Засега не е познато дали Гастелум претходно добивал закани. На својот профил на Инстаграм, тој често објавуваше фотографии од патувања и ноќни излегувања, како и слики на кои позира пред луксузни автомобили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Новите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на Македонија

Политиките што ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ носат видливи резултати и во енергетиката. 

ВМРО-ДПМНЕ: Новите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на Македонија

За само две години поставени се цврсти темели за енергетска независност, зелена транзиција и модерен енергетски систем кој ќе обезбеди сигурност, нови инвестиции и одржлив развој.

По години на застој, денес Македонија има нов Закон за енергетика, усогласен со европските директиви, како и Интегриран национален план за енергија и клима, со кој за првпат се поставува јасен правец за декарбонизација, развој на обновливите извори на енергија и исполнување на европските стандарди.

Довербата во овие политики ја потврдува и големиот интерес на инвеститорите. Над 800 инвестициски иницијативи за нови проекти во обновливите извори на енергија се доказ дека Македонија станува сигурна и атрактивна дестинација за домашни и странски инвестиции. Тоа значи повеќе домашно производство на електрична енергија и поголема енергетска независност.

Во исто време, Владата реализира капитални проекти кои го модернизираат енергетскиот сектор. Државниот батериски систем за складирање енергија, дигитализацијата на постапките за изградба на ветерни електрани, финансиската поддршка за производителите на обновлива енергија и новите законски решенија создаваат современ и конкурентен енергетски пазар.

Посебно внимание се посветува и на енергетската ефикасност. Со реконструкција на јавните објекти, формирање Фонд за енергетска ефикасност, обезбедување нови финансиски средства од меѓународните партнери и воведување обврска за поставување соларни панели на јавните објекти, се создаваат услови за помала потрошувачка на енергија, пониски трошоци и почиста животна средина.

Финансиската поддршка што Македонија ја добива од Европската комисија, Европската банка за обнова и развој, Светската банка и другите меѓународни партнери е дополнителна потврда дека реформите што ги спроведува Владата се препознаени како кредибилни и усогласени со европските политики.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со истото темпо на работа, затоа што силната енергетика е предуслов за силна економија, нови инвестиции, повисок животен стандард и посигурна иднина за сите граѓани. Резултатите се видливи, а со реформите што се реализираат денес се поставуваат темелите на енергетски независна, економски посилна и европски ориентирана Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер