3Боледувањата под лупа на МВР - полиција ќе проверуваaт дали тие кои се на боледување се навистина болни
Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
МакедонијаПоранешниот припадник на ОВК Фадиљ Пушкољи приведен во Македонија Поранешниот припадник на ОВК Фадиљ Пушкољи, синоќа бил приведен на Граничниот премин Блаце при влез од Косово во Македонија, а по разговор и испрашување од полицијата бил пуштен на слобода.Пушкољи бил приведен врз основа на потерница издадена од Србија, а за приведувањето информираше и самиот Пушкољи преку својот профил на фејсбук. Тој тврдеше дека постапката против него била поврзана со неговото поранешно членство во ОВК и побара реакција и помош од институциите во Косово. Неколку часа подоцна Пушкољи повторно се огласи на социјалните мрежи и соопшти дека е пуштен на слобода по извршениот разговор и испрашувањето од македонската полиција.засега нема јавно објавено официјално соопштение од македонските надлежни институции со повеќе детали за правната основа за неговото приведување и причините поради кои потоа бил пуштен на слобода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУставен не поведе постапка по иницијативите на „Левица“ и „Демократи“ за Изборниот законик Уставниот суд не поведе постапка по иницијативите на Левица и Демократи за распределбата на средствата и медиумскиот простор за политичко рекламирање во изборните кампањи. Одлуката е донесена со мнозинство гласови. Претседателот на Судот, Дарко Костадиновски, појасни дека се работело за прашање за кое Уставниот суд веќе имал одлучувано пред неколку години. -Не поведовме постапка. Со мнозинство гласови беше донесена одлуката. На мое жалење мнозинството судии остана конзистентно на својот став дека станува збор за „пресудена работа“, бидејќи овие одредби од изборниот законик пред неколку години беа оценувани и тогаш судот не поведе постапка. Јас и некои судии имавме поинакво мислење но одлуките на Уставниот суд ги прават мнозинството судии,- изјави – Дарко Костадиновски – Претседател на Уставен суд. Партиите оспорија 4 одредби од Изборниот законик со кои сметаат дека не се обезбедува еднаков третман, бидејќи двете најголеми партии од власта и опозицијата добиваат најголем дел од времето за политичко рекламирање, на сметка на помалите партии. Уставните судии за двете иницијативи расправаа во јули но тогаш немаше доволно мнозинство за да се донесе одлука. Костадиновски вели дека неговиот став и пред три години и сега е ист. -По мое длабоко убедување оваа законска одредба не создава фер и еднакви услови за сите субјекти. изјави – Дарко Костадиновски – Претседател на Уставен суд. Прашањето за фианснирањето на кампањите се очекуваше да биде опфатно и со нвоиот Изборен законик, но неговото доенсување пропадна откако партиите не супее да постигнат консензус... Сега Министерот за правда Јетон Шасивари најавува нови средби со претставници на парламентарните партии во обид тој да биде донесен. -За Иборниот законик планираме средби со сите партии бидејќи се носи консензуално и мора да се постави дијалог и партнерство со сите претставници на политички партии и актери што се значајни во тој процес. Во периодот што следи планирам средби со сите претставници на парламентарни партии и пратенички групи за заокружување на тој процес. изјави – Јетон Шасивари – Министер за правда. Освен моделот на финансирање на партиите во изборната кампања, Клучните несогласувања меѓу партиите остануваат околу барањето за една изборна единица и гласањето на дијаспората. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКлековски вели дека деновите за боледување од матичен ќе се кратат согласно со законотМинистерот за здравство Клековски посочи дека скратувањето на деновите за боледување кои на пациентите ќе може да им ги одобруваат матичните лекари е во рамки на законот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБоледувањата под лупа на МВР - полиција ќе проверуваaт дали тие кои се на боледување се навистина болни Полицијата ќе се вклучи во борбата против злоупотребите со боледувањата. Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски откако Фондот за здравствено осигурување подготвува построги контроли.Полицијата ќе се вклучи во борбата против злоупотребите со боледувањата. Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски откако Фондот за здравствено осигурување подготвува построги контроли, меѓу кои и можност за проверки на лицата кои користат боледување Министерот вели дека Владата бара модалитет како да им стави крај на злоупотребите, но истовремено уверува дека секоја контрола мора да ги почитува човековите права на пациентите согласно со Уставот, законите и меѓународните стандарди. -Сите знаеме дека во изминативе повеќе години, не се две, не се пет не се десет.... од самата независност на државата имаме катастрофални злоупотреби од страна на одредени чинители во рамки на овој дел од државнот апарат. Од огромен број на граѓани и од огромен број на неработници. Како во рамки на државните институции така и во приватните инститцуции. Како што сме ние овде денес на работа и работиме, како што колегата ваш е на работа и не е на боледување а не да оди на боледување кога ќе му текне, изјави – Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи . Паралелно со најавите за засилени контроли, полицијата деновиве спроведува и повеќе акции против нелегалната трговија со дрога но и со лекови и медикаменти. Во Струмичко, на сокриен дел од парцела кај местото „Матник“ во атарот на селото Секирник, полицијата откри и одзеде околу 680 килограми стебла канабис каде биле приведени две лица. Според МВР, осомничените претходно ја подготвиле почвата, ги засадиле и одгледувале растенијата, а при полициската акција биле одземени - Станува збор за акција која што се работи поголем временски период во однос на СВР Струмица. Морам да се заблагодарам на полициските службеници кои спиеја на нива.... да дојдеме до резултат, кој доведе до откривање на кривично дело производство и пуштање на накортични дроги. Станува збор за доста поголма количина на марихуана која била одгледувана во СВР Струмица – истакна Тошковски. Во друга поилицидка акција поврзана со голема заплена на нелегални лекови и суплементи биле запленети и 100 илјади евра. Тошковски вели дека дел од запленетите лекови биле наменети за македонскиот, а дел за пазарот во соседството. Кримининалната група била разотркеина и преку анализата на телефони одземени во претходна акција на полицијата. Тошковски очекува Обвинителството и судот да го продолжат случајот и истиот да добие судска разрешница, со што, како што посочи, ќе се испрати јасна порака дека никој не е над законот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook