ЈП Водовод и канализација – Скопје - Последен ден од акцијата за отплата на долгови без пресметка на камата
2ЈП Водовод и канализација – Скопје - Последен ден од акцијата за отплата на долгови без пресметка на камата
СветПоранешниот претседател на Франција, Саркози, ослободен од нараквицата на глуждот Осудениот поранешен претседател на Франција, Никола Саркози, е ослободен од нараквицата на глуждот откако ја носел три месеци.Канцеларијата на јавниот обвинител на Париз денеска потврди за ДПА дека 70-годишниот поранешен политичар сè уште мора да се придржува до одредени услови според условите на неговата условна казна. Саркози беше осуден на три години затвор за поткуп и нелегално влијание. Две од тие години беа условни, а тој требаше да отслужи една година дома со нараквица на глуждот. Електронскиот уред беше поставен на почетокот на февруари. Со нараквицата на глуждот на Саркози му беше дозволено да го напушти домот само помеѓу 8 часот наутро и 20 часот навечер. Исклучоци беа направени кога мораше да се појави на суд за друго судење. Дури и без нараквицата, на Саркози сè уште му е потребна дозвола од судија за патување во странство или за отсуствување повеќе од 15 дена. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: За СДС единствена политичка агенда се уставните измениЗа СДС единствена политичка агенда се уставните измени, а Филипче е фиксиран само на внесување на Бугарите во Устав.Венко Филипче е погласен промотор на барањата за уставни измени отколку Бугарија. Филипче и СДС единствена агенда којашто ја имаат се туркање на уставните измени и внесувањето на Бугарите во Устав. СДС и Филипче ги игнорираат позитивните оценки од Антонио Кошта за спроведувањето на Реформската агенда, ги игнорираат и средствата обезбедени преку Планот за раст, но затоа прв приоритет им е упорно туркање на темата за уставни измени. За Филипче и СДС не се важни домашните приоритети во државата, тие работат во прилог на бугарските позиции. За Филипче и СДС постои само една реформа, а тоа е уставните измени и распродавање на државните интереси. Граѓаните знаат дека токму СДС беше носител на најконтроверзните и најголеми политички отстапки во изминатите децении. Од промена на знаме, име, Устав, до денешните барања на Филипче за редефинирање на историјата, јазикот, културата и идентитетот. Филипче продолжува по истиот пат на Заев, Ковачевски, барајќи нови отстапки и прифаќање на услови кои не придонесуваат за достоинствен и рамноправен европски пат. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека националните интереси, македонскиот идентитет, јазик и историска посебност не смеат да бидат предмет на политичко пазарење. Македонија заслужува европска иднина, но не по цена на нови понижувања и откажување од сопствените национални обележја. Времето кога СДС, Заев и останатите безусловно прифаќаа туѓи диктати е завршено. Македонија ќе продолжи напред со крената глава, бранејќи ги своите државни и национални интереси. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје - Последен ден од акцијата за отплата на долгови без пресметка на каматаЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје дека денес, 05.06.2026 година, е последен ден од акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање.Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата. Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје. По истекот на денешниот ден, одлуката престанува да важи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
ЗдравјеАлиу во Рига: Малите земји можат да бидат лидери во дигитални решенија во здравствените системиМалите земји не секогаш имаат најголеми ресурси, но можат да имаат најбрза адаптација, најдобра координација и најсилна политичка волја за промени. Дводневниот состанок е посветен на едно од најважните прашања за здравствените системи во Европа - како малите земји, во услови на ограничени ресурси, миграција на здравствен кадар, стареење на населението и растечки потреби на пациентите, можат да создадат одржливи и иновативни решенија за здравствената работна сила. „Малите земји не секогаш имаат најголеми ресурси, но можат да имаат најбрза адаптација, најдобра координација и најсилна политичка волја за промени. Нашата цел е да изградиме здравствен систем кој подобро го користи знаењето на здравствените работници, го намалува административниот товар и им овозможува повеќе време за пациентите“, истакна министерот Алиу во своето обраќање. Министерот Алиу учествуваше во сесијата посветена на оптимизација на здравствената работна сила, каде ја претстави Националната стратегија за дигитално здравство 2026–2030 како еден од клучните реформски процеси во државата. Тој посочи дека дигитализацијата не е само техничка модернизација, туку начин здравствениот систем подобро да го организира патот на пациентот, да ги поврзе нивоата на здравствена заштита и да им помогне на здравствените работници да работат со помалку административни пречки и со подобар пристап до релевантни податоци. „Дигиталното здравство за нас не е цел само по себе. Тоа е инструмент за подобра грижа. Кога податоците го следат пациентот, лекарот има поцелосна слика, пациентот добива побрза и побезбедна услуга, а системот станува поорганизиран и поодговорен“, рече Алиу. Во овој контекст, министерот ги претстави следните чекори што ги презема Министерството за здравство: дигитализирани патеки на лекување, приоритетно упатување и тријажа, развој на мултидисциплинарни тимови што ја поврзуваат примарната, секундарната и терциерната здравствена заштита, како и пилот-проектот за теледерматологија, кој има за цел да ја доближи специјалистичката услуга до пациентите во руралните и оддалечените средини. Тој се осврна и на новиот Закон за евиденциите во здравството, како дел од процесот за усогласување со Европскиот простор за здравствени податоци, како и на унапредувањето на националниот регистар на здравствени работници. На панелот посветен на дигиталната технологија и вештачката интелигенција, министерот Алиу, заедно со министри и претставници од други европски земји, говореше за улогата на вештачката интелигенција во здравството и за преминот од фрагментирани системи кон поврзана, податочно водена здравствена архитектура. Воедно, тој порача дека вештачката интелигенција може да биде силна поддршка за здравството, но не смее да стане замена за човечката одговорност. Учеството на состанокот во Рига е дел од пошироката заложба на Министерството за здравство за активно вклучување во европските здравствени процеси, размена на искуства со другите земји и примена на иновативни решенија што можат да ја зголемат одржливоста на здравствениот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter