ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
МакедонијаПоранешниот претседател Иванов се обрати на сесија во Парламентот на ШкотскаВо обраќањето Иванов говореше за улогата на Македонија и регионот во современите глобални процеси.Поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов учествуваше на меѓународниот форум „Местото на Шкотска во Европа: Поттикнување на меѓународната соработка и разбирање“ (Scotland Forum 2025), кој се одржа од 1 до 4 септември во Единбург. Настанот се реализираше на Универзитетот Хериот-Ват, а дел од сесиите беа одржани и во шкотскиот парламент и замокот Единбург, градби кои симболизираат дијалог, демократија и заедништво, соопштија денеска од неговиот кабинет. Во обраќањето Иванов говореше за улогата на Македонија и регионот во современите глобални процеси, притоа споделувајќи искуства од својот претседателски мандат. Зборувајќи за потребата од визионерско лидерство и искрена соработка меѓу народите, тој нагласил дека токму таквото визионерско, државничко и стратешко лидерство надополнети со интезивна и континуирана меѓународна соработка претставуваат клучни предуслови за успешно справување со предизвиците и надминување на неизвесностите на денешницата. -Претседателот Иванов се обрати и на специјална сесија во шкотскиот парламент, која ја отвори претседателката на парламентот Алисон Џонстон, а на која учествуваа бројни пратеници и јавни личности. Во оваа пригода, Иванов се наврати на своето искрено пријателство со поранешниот прв министер на Шкотска, Алекс Салмонд, зборувајќи за неговата љубов кон татковината и силната посветеност на просперитетот на својата земја и на благосостојбата на неговите сограѓани. Тој истакна дека Салмонд уживаше голема почит и имаше бројни следбеници не само во Шкотска, туку и надвор од неа, нешто што се потврди и при неговото последно обраќање во Охрид минатата година, кога голем број луѓе дојдоа за да го слушнат неговото излагање, се вели во соопштението од неговиот кабинет. За време на форумот, Иванов оствари повеќе средби со истакнати учесници како поранешни премиери, министри, дипломати, пратеници, универзитетски професори од различни европски земји и јавни личности. Меѓу нив биле поранешните премиери на Ирска - Бертие Ахерн, на Шкотска - Хенри Меклиш, на Велс - Марк Дрејкфорд, поранешниот Државен секретар за Шкотска - Лорд Малком Офорд, поранешни министри за надворешни работи на Финска, Шведска, Естонија, поранешни министри од различни ресори од Шкотска, Велс, Естонија, Хрватска, Кипар, Финска, како и актуелни парламентарци од Обединетото Кралство, Шведска, Велс, Финска, Полска, Кипар, Литванија, Турција, Пакистан и др. Меѓу учесниците на форумот, со кои претседателот Иванов оствари средба, е и легендарниот фронтмен и текстописец на Deep Purple, Иан Гилан, чија појава, како што се вели во соопштението, и денес буди восхит и почит кај љубителите на рок-музиката ширум светот. Средбата ја заокружила културната и духовната димензија на форумот, потсетувајќи дека уметноста и музиката се еднакво важни градители на мостови меѓу народите, како и политиката и дипломатијата. Со своето учество на Scotland Forum 2025, Иванов, кој беше македонски претседател од 2009 до 2019 година, како што велат од неговиот кабинет, уште еднаш ја потврдил својата активна улога на меѓународната сцена, придонесувајќи за зајакнување на дијалогот, градење мостови на доверба и промовирање на разбирањето меѓу народите. Кабинет на поранешниот Претседател на Република Македонија Ѓорге ИвановТагови: Ѓорге Иванов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook