Извори на Канал 5: Култура, спорт и односи меѓу заедницата ги презема Влен, ВМРО-ДПМНЕ здравство, социјала, евроинтеграции
2Извори на Канал 5: Култура, спорт и односи меѓу заедницата ги презема Влен, ВМРО-ДПМНЕ здравство, социјала, евроинтеграции
Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
2Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
СветПоранешниот премиер на Тунис е осуден на 24 години затвор- испраќал џихадисти во странствоПоранешниот туниски премиер Али Ларајед, обвинет за вмешаност во испраќање џихадисти во странство, денес е осуден по жалба на 24 години затвор, објави неговиот адвокат Осама Бутеља.Првостепената пресуда во мај минатата година беше 34 години затвор, објави „Ле Фигаро“. Ларајед е обвинет за „формирање и членство во терористичка организација“ и олеснување на заминувањето на џихадисти во конфликтни зони во Ирак и Сирија. Поранешниот премиер на Тунис беше уапсен во декември 2022 година според законот за борба против тероризмот, а судењето започна во ноември 2024 година. Ларајед беше премиер од март 2013 до јануари 2014 година и министер за внатрешни работи од 2011 до 2013 година. Тунискиот апелациски суд, исто така, ги намали казните на Фати Белди и Абделкрим Лабиди, поранешни членови на безбедносните сили, од 26 на 22 години, додека вкупните казни во случајот се движеа од три до 24 години затвор. Се проценува дека помеѓу 2011 и 2016 година, околу 5.500 Тунижани се бореле заедно со џихадистичките групи, вклучувајќи ја и Исламската држава, во Ирак, Сирија и Либија. Исламистичката партија Енахда, чиј истакнат член беше Ларајед, е обвинета за олеснување на заминувањето на џихадистите, обвинение што партијата отсекогаш го негирала.Тагови: Тунис џихадисти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПИОМ: Пензиите се сигурни, нема ризик за исплатата и здравствените услугиИсплатата на пензиите продолжува редовно, а здравствените права на пензионерите остануваат целосно обезбедени, уверуваат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Реакцијата оттаму доаѓа по објавениот извештај на Државниот завод за ревизија во кој утврди слабости во начинот на пресметката и навремената уплата на придонесите за осигурениците во вториот пензиски столб. Ревизијата утврди и дека приходите од наплатен придонес за пензиско и инвалидско осигурување во 2024 година се зголемиле за 14 отсто но тоа не било доволно за полривање на расходите за пензии кои и понатаму бележат раст. Од ПИОМ велат и дека предмет на ревизија е 2024 година кога со фондот раководел кадар на претходната влада. Бидејќи придонесот за здравствено осигурување на пензионерите се пресметува како процент од исплатената пензија и изнесува 11,8 проценти од нето исплатената пензија, а делот за вториот столб е 6 проценти од вкупните придонеси за пензиско осигурување, сосема очекувано е со растот на пензиите да се зголемува и обврската по овој основ кон Фондот за здравствено осигурување. Оттука, Фондот на ПИОМ нагласува дека зголемените обврски се директен резултат на повисоките пензии и подобриот животен стандард на пензионерите, а не последица на нарушена финансиска стабилност или нефункционирање на системот. Околу стабилноста на вториот пензиски столб денеска реагираше и претседателот на СДСМ Венко Филипче. Повикувајќи се на изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека корисниците на овој столб нема да бидат задоволни, Филипче тврди дека е оправдана загриженоста кај пензионерите. Околу прашањатра поврзани со обврските и трансферите кон пензиските друшва од вториот столб, од ПИОМ истакнуваат и дека зголемувањето на овие обврски е директна последица на историски најголемото зголемување на пензиите во државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзвори на Канал 5: Култура, спорт и односи меѓу заедницата ги презема Влен, ВМРО-ДПМНЕ здравство, социјала, евроинтеграции Правда, култура, спорт, односи меѓу заедниците ги презема Вреди, ВМРО-ДПМНЕ ги добива здравство, социјална политика, евроинтеграции и вицепремиерското место за добро владеење, а земјоделство ќе оди кај ЗНАМ. Ова неофицијално е досега договорено меѓу премиерот и коалиционите партнери за владина реконструкција. Извори на Канал 5 брифираат дека најверојатно владиниот тим ќе го напушти вицепремиерот Иван Стоилковиќ, министрите Цветан Трипуновски, Игор Филков, Борко Ристовски, Зоран Љутков и Фатмир Лимани. Информациите засега никој не ги потврдува ниту демантира, но начелно постигнале согласност за рокада на овие ресори. Според лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, сите опции се на маса и треба да се согледаат грешките, но уверува дека односите во коалицијата се на највисоко ниво. „ Сега во моментов разговараме само за министерските позиции, сите опции се отворени бидејќи треба да се слушнат сугестиите на владините партнери, но секако да се согладаат и сондажите на граѓаните колку тие се задоволни од реализација на проектите на одредени ресори. Ние не разговараме само за местата на ЗНАМ, туку за сите места во владата и реализацијата на владината програма во две години.“ - Максим Димитриевски – претседател на ЗНАМ Неофицијално, конечна одлука за распределбата на ресорите ќе има вечерва, откако премиерот Мицкоски ќе се сретне со Димитриевски за да го прецизираат договорот, а потоа се очекува внатрепартиски да решаваат за новите имиња. Целиот процес на реконструкција во владата се најавува дека ќе заврши многу брзо, а според премиерот списокот до Собрание ќе биде доставен најдоцна до први јули. Тој потенцираше дека промената во кадрите нема да запре со министрите, туку следни се директорите кои во првите две години од мандатот на оваа влада не ги исполниле своите ветувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
МакедонијаПредлогот на Законот за кривичната постапка е објавен на ЕНЕРПредлогот е усогласен со јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права.Министерството за правда го објави Предлогот на Законот за кривичната постапка на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со што започнува јавната консултација за едно од најзначајните законски решенија во областа на правосудството. Предлог-законот содржи решенија за унапредување на одредбите што се однесуваат на конфискацијата, правата на жртвите на кривични дела, мерките за пронаоѓање и обезбедување лица и предмети, електронските докази, посебните истражни мерки, финансиските истраги, увидот во списите, одржувањето рочишта и изведувањето докази на далечина, постапувањето по обвинителен акт, главната расправа, правните лекови, скратената постапка и други аспекти на кривичната постапка. Предлогот е усогласен со јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права, како и со меѓународните и европските стандарди. Воедно, законот е усогласен со 18 директиви на Европската Унија, особено во делот на процедуралните права на осомничените и обвинетите лица, правата на жртвите и конфискацијата. Најзначајните новини во Предлогот на Законот за кривичната постапка се: • Подобрување на одредбите за конфискација; • Дигитализација на кривичната постапка; • Ревидирање на одредбите за посебните истражни мерки; • Унапредување на процедуралните права на осомничените и обвинетите лица, како и правата на жртвите согласно законодавството на Европската Унија; • Усогласување со Законот за АРО, Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство; • Отстранување на недостатоците утврдени во досегашната практика. Со предложените решенија се создава основа за поефикасна, потранспарентна и помодерна кривична постапка, усогласена со европските стандарди и потребите на современиот правосуден систем.Тагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05