Поранешниот на Моника Белучи се разведува од 31 години помладата сопруга - Канал 5

Поранешниот на Моника Белучи се разведува од 31 години помладата сопруга

Францускиот актер Винсент Касел ги избриша сите заеднички фотографии со сопругата Тина Кунаки (26).

Поранешниот на Моника Белучи се разведува од 31 години помладата сопруга

Извор за Дејли Мејл изјавил дека 56-годишникот се разведува од манекенката. "Тие живеат одвоено со недели. На Тина ѝ е скршено срцето", изјавил упатен за британскиот таблоид.

Гласините за разводот ги подгреа тоа што Винсент вчера на социјалната мрежа на ниту еден начин не го прослави роденденот на Тина, а манекенката честитките што ги доби од пријателите ги сподели на својот профил. Последен пат актерот лајкувал една од фотографиите на неговата сопруга на Инстаграм на 17 февруари, а таа со недели не споделува ниту една фотографија со него, иако не ги избришала старите објави.

За разлика од објавите од нивниот приватен живот, и двајцата редовно споделуваат вести од нивниот деловен живот на Инстаграм, таа фотографии од модни снимања, а тој за неговите два нови филма: The Three Musketeers: D'Artagnan и Liaison, во кои покрај него глуми Ева Грин.

Винсент и Тина ја објавија својата врска на Инстаграм во 2016 година, кога таа имала само 19 години. Тие се венчале две години подоцна. Двојката има ќерка Амазонија. Првата сопруга на актерот беше актерката Моника Белучи од која се разведе во 2013. Со неа има две ќерки Дева и Леони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер