3Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
СветПоранешниот германски канцелар е обвинет за прељуба од мажот на неговата петта сопруга Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер треба да плати 22 144 евра на поранешниот сопруг на неговата сегашна сопруга, пишува Дејли телеграф.Имено, ова е одлука на јужнокорејскиот суд, кој пресудил дека Шредер предизвикал развод на неговата сегашна сопруга Сојеон Шредер-Ким и нејзиниот поранешен сопруг, пластичен хирург. Предметниот господин пред судот изјавил дека се согласил на развод од неговата поранешна сопруга во 2017 година под услов таа да ја прекине врската со Шредер. Но, само една година подоцна Сојеон Ким се омажила со поранешен германски канцелар. Шредер Ким ги негирала обвинувањата и рекла дека бракот со нејзиниот поранешен сопруг „веќе бил завршен“ до моментот кога таа се сретнала со Шредер. „Тогаш веќе живеевме одделно“, рекла Сојеон Ким. Патем, поранешниот канцелар и поранешен лидер на германските социјалисти имал прилично бурен љубовен живот. Шредер-Ким е веќе неговата петта сопруга, а Герхард е 24 години постар од Сојеон. Двајцата се сретнале на конференција во Сеул во 2015 година, каде Шредер-Ким работела како преведувачка. Во тоа време таа сè уште била мажена. Четири години подоцна, нејзиниот поранешен сопруг го тужел поранешниот германски канцелар, истакнувајќи дека аферата на Шредер со Сојеон му го уништила бракот. Прељубата била нелегална во Јужна Кореја до 2015 година, а казната за „брачна неверност“ може да биде до две години затвор. Пред да се смени законот, според него биле осудени дури 53 000 граѓани на Јужна Кореја. Денес, судската рамка е таква што прељубата може да биде причина за поднесување граѓанска тужба. - Ако бракот, кој го склучив на многу млада возраст, се раскине и заврши со развод, причината за тоа лежи во брачните другари. Ова е особено точно во случај кога обете страни живеат одвоено подолго време, што беше случај во мојот брак. Затоа, никој не треба да обвинува трета страна за раскинувањето на бракот, изјавила Шредер-Ким пред три години. Герхард Шредер бил на чело на Германија дури 7 години (1998-2005), а откако ја напушти позицијата полека се претвори во прилично контроверзна фигура. По напуштањето на политиката, заработил милиони евра работејќи во руски енергетски компании. Покрај тоа, тој има изградено добри врски во Москва поради што често го обвинуваат за лобирање кон Путин, што Шредер го негира. Така, тој застанал на страната на Русија по анексијата на Крим во 2014 година и ги довел во прашање обвинувањата на лидерот на руската опозиција, Навални, дека Кремљ стои зад неговото труење. Самиот Навални го опиша Шредер како „човекот на Путин“. Од друга страна, љубовниот живот на Шредер е омилена мета на германските таблоиди кои го нарекуваа „Ауди“ поради неговите четири брака (логото на Ауди има четири поврзани кругови), сè додека не се ожени по петти пат, пишува Дејли телеграф.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Renault“ вели „доста е веќе“: Уморни се од тоа што ги копираатГрупацијата „Renault“ мора да промени нешто - Франсоа Провост, извршниот директор на концернот, изјави дека во иднина, автомобилите од различни брендови ќе мора да бидат поразлични.Причината за овој пресврт се сè почестите примери на автомобили кои делат техничка основа, но се претставени на пазарот како посебни модели. Иако таквата стратегија ги намалува трошоците за развој, премногу сличност може да го оштети идентитетот на поединечните брендови. Според списанието „Autocar“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, сламката што им ја скрши чашата на раководителите на „Renault“ беа прекумерните визуелни сличности помеѓу електричната „Nissan Micra“ и моделот „Renault 5 E-Tech“. Ова е донекаде изненадувачки, бидејќи иако делат техничка основа, „Nissan“ ги редизајнираше речиси сите надворешни панели на каросеријата за да ѝ даде на „Micra“ свој сопствен изглед. Уште поинтересно прашање е како Рено гледа на другите примери на соработка. „Nissan Pixo“ и новиот „Twingo E-Tech“, како и електричните „Mitsubishi Eclipse Cross“ и „Renault Scenic E-Tech“, покажуваат како различните модели можат да се потпрат на заедничка техничка основа. Потегот на „Mitsubishi“ на европскиот пазар е особено впечатлив, каде што моделите „Renault Clio“, „Captur“ и „Symbioz“ добија речиси директни еквиваленти со значката на јапонскиот производител. На Саемот за автомобили во Париз, Франсоа Провост наговести за промена на политиката во врска со споделувањето платформи и развојот на возила со партнерските компании. Ова важи за „Nissan“ и „Mitsubishi“, членови на алијансата „Renault“, но и за други производители, вклучувајќи го и „Ford“. За разлика од неговиот претходник Лук де Меа, Провост дава поголемо значење на зачувувањето на препознатливиот дизајн на францускиот бренд. „Не баравме доволно диференцијација. Сè е поврзано со диференцијацијата на моделите. Погледнете што прави „Dacia Spring: Twingo“ и „Spring“ изгледаат како различни автомобили, но користат иста платформа. Ова е промена од мојот претходник. Никогаш нема да склучувам партнерства без доволно јасни разлики меѓу производите“, изјави Провост за „Autocar“. Оваа изјава не значи дека производителите ќе престанат да споделуваат платформи, погонски склопови или други скапи компоненти. Напротив, заедничкиот развој останува еден од најефикасните начини за намалување на трошоците, особено во сегментот на мали електрични автомобили. Клучното прашање е колку слобода ќе има секој производител за да го направи својот модел визуелно препознатлив, а ова се однесува и на „Ford“, кој го развива наследникот на „Fiestа“ во соработка со „Renault“. Извршниот директор на „Ford“, Џим Фарли, сепак, има речиси идентични ставови со Провост кога станува збор за дизајнерскиот идентитет и споделувањето платформи, па затоа не би требало да има такви непријатни изненадувања. Извор: Б92Тагови: Renault Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБесплатен аеробик за пензионерите во Општина АеродромОпштина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за пензионерите и за лицата во трета доба, со цел поттикнување здрави животни навики, повеќе движење и подобро расположение.Преку рекреативен Микс Аеробик, пензионерите ќе имаат можност да останат физички активни, да ја подобрат подвижноста, да се дружат и да поминуваат квалитетно време во позитивна и пријатна атмосфера. Тренинзите ќе бидат со низок и умерен интензитет, приспособени кон индивидуалните можности и физичката подготвеност на учесниците, со посебен акцент на правилното изведување на вежбите и безбедноста. Активностите ќе ги води професорот по физичко и здравствено образование Лазар Иванов од „Микс Аеробик“, во соработка со Здружението на пензионери „Солидарност“ од Аеродром. Грижата за здравјето, активноста и благосостојбата на пензионерите е важен дел од поддршката што ја овозможува Општина Аеродром. Преку ваквите активности, пензионерите ќе добијат можност бесплатно да се рекреираат, да создаваат здрави навики и да уживаат во придобивките од движењето и дружењето. Важна напомена: Се препорачува учесниците да се психофизички способни и да немаат лекарска забрана за практикување на овој вид физичка активност. При хронични заболувања, здравствени проблеми или физички ограничувања, се препорачува претходна консултација со лекар. Информации и пријавување: 078 441 235 - проф. Лазар Иванов Општина Аеродром создава можности за активен, здрав и исполнет живот на пензионерите, со повеќе движење, дружење и радост секој ден. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураУште еден успех на НУ Народен театар Битола, преполна сала за „Кориолан“ во ПолскаСиноќа во преполната сала на театарот во Бјалисток, Полска, Народниот театар Битола ја изведе „Кориолан“ како дел од јубилејното 10. издание на меѓународниот театарски фестивал „Direction East“. Делото од Вилијам Шекспир, во режија и адаптација на Џон Блондел, и овојпат го привлече вниманието на публиката која ги награди актерите со долготрајни и стоечки аплаузи. Секое гостување надвор од границите на нашата земја е повеќе од сценски настап – тоа е можност македонската култура да биде видена, слушната и препознаена. Секое учество на фестивал од меѓународен карактер отвора простор за размена на уметнички искуства, нови професионални контакти и идни соработки, а воедно го потврдува местото на Народниот театар Битола во современиот европски театарски простор. „Токму преку ваквите гостувања, театарот станува културен амбасадор на својата земја – носејќи ги со себе јазикот на уметноста, креативноста на нашите уметници и приказните што ги поврзуваат различните култури“, истакнуваат од НТБ. Оваа изведба во Полска, следуваше по гостувањата на „Охридско лето“, Shakespeare Fringe Festival во Верона и „Magical Nights in Butrint“ во Саранда. Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска. Од Битола кон европските сцени – и овојпат со гордост НТБ го претстави македонскиот театар и понатаму продолжува да гради мостови преку уметноста. Фото: Ивона КочовТагови: НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11