Судски совет и Здружение на судии по одлуката на Уставен: Потребни се воздржаност и заштита на судската независност
2Судски совет и Здружение на судии по одлуката на Уставен: Потребни се воздржаност и заштита на судската независност
ЖивотПоранешниот директор на „Нисан“ од компанијата бара отштета од милијарда долари’Осработениот поранешен директор на јапонската автомобилска компанија „Нисан“ решил да го тужи својот работодавец од кого бара отштета, ни помалку, ни повеќе, туку од една милијарда долари.Карлос Госн заврши во домашен притвор откако во 2018 година беше обвинет за финансиска измама, а следната година избега во Либан, тврдејќи дека обвинувањата се неосновани. Тужбата против него е се уште активна, а „Нисан“ поднесе приватна тужба против поранешниот директор. Од другата страна на светот, пред либанскиот суд, Госн поднесе своја тужба барајќи компензација од Нисан. Како што пишува „Авто Њуз“, пред Касацискиот суд во Бејрут во мај Госн ги обвинил „Нисан“, две други компании и 12 лица за клевета, фалсификување докази и други кривични дела. Овој 69-годишен менаџер бара 588 милиони долари за изгубени такси и трошоци, плус 500 милиони долари за казнена отштета. -Сериозните и чувствителни обвинувања (наведени против Госн) ќе останат во главите на луѓето со години, рече адвокатскиот тим на Госн во тужбата. „Тој ќе страда од нив до крајот на својот живот, бидејќи тие имаат постојани и долготрајни ефекти, дури и доколку се темелат само на сомнеж“, додаваат од неговиот адвокатски тим. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЖители на село Длабочица, Старо Негоричане се жалат дека повеќе од 20 дена се без струја Жители на село Длабочица, се жалат дека повеќе од 20 дена немаат струја.За Канал 5 појаснуваат дека проблемот настанал по силното невреме што го зафатил регионотм. Иако добиле уверување од евн куманово дека проблемот ќе биде решен, се уште како што велат се во мрак.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСудски совет и Здружение на судии по одлуката на Уставен: Потребни се воздржаност и заштита на судската независностОдлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, но истовремено, значајно е да се почитуваат уставно загарантираната самостојност на судовите и законски уредениот тек на судските постапки.Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, но истовремено, значајно е да се почитуваат уставно загарантираната самостојност на судовите и законски уредениот тек на судските постапки – реагираат од Судскиот совет и Здружението на судии за пријавата на Уставниот суд против судија од Основниот граѓански суд Скопје за непочитување на нивна конкретна одлука..Во заедничкото соопштение, се потенцира неправосилноста на решението на судијата, против кое е поднесено и жалба по која сега треба да одлучува Апелација. -Постапката сè уште е во тек, а оценката на законитоста на првостепената одлука му припаѓа само на надлежниот второстепен суд. Во такви околности, Судскиот совет и Здружението на судиите сметаат дека секое институционално постапување поврзано со конкретната неправосилна судска одлука бара особена внимателност и воздржаност, за да не се создаде впечаток на прејудицирање на исходот од постапката или на притисок врз судиите кои одлучуваат во конкретниот предмет,- -Заедничко соопштение на Судски совет и Здружение на судии. Како што додаваат, без оглед на уставната положба, ниту еден орган не може да определува или однапред да прејудицира каква одлука треба да биде донесена од судот. Канал 5 го контактираше Претседателот на Уставниот суд - Дарко Костадиновски, за став по реакциите кои деновиве ја разбрануваа правната фела отворајќи ги дилемите - дали во овој случај, Уставниот суд ги пречекорил неговите надлежности, дополнително создавајќи потенцијален притисок врз судската независност и автономија. Костадиновски не одговори конкретно на досегашните дилеми но изјави дека ќе го разгледа заедничкото соопштение на Судскиот совет и Здружението на судии и како што рече, доколку има потреба, Уставниот суд ќе излезе со свој став. Претходно, при активација на механизмот за заштита на сопствените одлуки што се случи прв пат во 63 години уставно судство во државава, Костадиновски за Канал 5 посочи дека со конкретната одлука, се оди кон поголема уставна дисциплина, бидејќи како што рече, доколку не се почитуваат и извршуваат одлуките на Уставниот суд, се губи и смислата на постоењето на уставното судство. Предметот по кој Уставниот суд одлучуваше се однесува на повреда на слободата на јавно изразување на новинарка во настаните во Собранието од 2017та година, а судијата од Основниот граѓански суд Скопје, повикувајќи се на Законот за парнична постапка, навел дека Одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаПанел – дискусија за меѓуврсничко насилство – загрижува зголемената бруталност во случаитеОбемот на врсничко насилството не расте, но загрижува фактот што расте бруталноста во дел од пријавените случаи, порача министерката за образование Весна Јаневска, на панел-дискусија на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам“,.Обемот на врсничко насилството не расте, но загрижува фактот што расте бруталноста во дел од пријавените случаи, порача министерката за образование Весна Јаневска, на панел-дискусија на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам“, организирана во Охрид по повод утрешниот Меѓународен ден на младите – 12 Август. Во последните три учебни години, како што кажа, се регистрааат просечно по околу 50 случаи во училиштата. -Анализите покажуваат дека една од главните причини за врсничкото насилство е семејното насилство, како и недостигот од соодветна грижа за децата во дел од семејствата. Затоа, заедно со МВР, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Комората на психолози, неодамна започнавме иницијатива за надградба на компетенциите на училишните психолози и наставници за препознавање семејно насилство и занемарување преку однесувањето на децата и спречување на нивна понатамошна трансформација во насилство насочено кон врсниците,- - Весна Јаневска- министерка за образование и наука. Претседателката Сиљановска- Давкова предупреди дека постојаната изложеност на насилство преку медиумите, филмовите и социјалните мрежи го менува начинот на кој тоа се доживува во реалноста. -Јас понекогаш велам дека можеби ние возрасните, само заради таа фраза „на младите им припаѓа иднината“, ја осиромашуваме сегашноста. Земете ја сегашноста, ако сакате да влијаете врз иднината. Затоа вклучувањето во процесот на одлучување на младите, не само во Собранието, на сите нивоа, во училиштата, е важно,- - Гордана Сиљановска Давкова- Претседател на Македонија. На средбата во вилата „Билјана“ во која учествуваа младински активисти, ученици, психолози и експерти беше нагласено дека се зајакнуваат и стручните служби преку ангажирање кадар таму каде што недостигал, а се вратени и дежурствата на наставниците за време на одморите во ходниците и училишните дворови, наместо оваа обврска да ја извршуваат ученици. Во собраниска процедура се и законски измени со кои се предвидуваат парични казни од 250 евра за родителите и старателите на децата за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиштето, но и за родителите кои одбиваат да соработуваат со училишните служби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook