Поранешниот човечки Кен стана Барбика, а сега направи уште една операција во Турција (ФОТО) - Канал 5

Поранешниот човечки Кен стана Барбика, а сега направи уште една операција во Турција (ФОТО)

Џесика Алвеш, која пред промена на полот беше позната под прекарот „човечки Кен“ со име Родриго Алвеш, била подложена на нова операција во Турција.

Поранешниот човечки Кен стана Барбика, а сега направи уште една операција во Турција (ФОТО)

Таа претрпела намалување на желудникот, пишува Дејли меил.

На Алвеш и остануваат само 20 проценти од волуменот на желудникот и повеќе не чувствува глад. Таа се одлучила за оваа операција затоа што, како што вели, се борела со вишокот килограми.

„Имав 102 килограми и мојата диета не функционираше“, рече таа за Дејли Меил.

„Хормоните што ги земам поради транзицијата задржуваат многу течност во моето тело, затоа сум постојано гладна поради тоа“, објаснува таа.

Таа вели дека оваа операција е најдоброто нешто што го направила во нејзиниот живот, иако имала околу стотина.

Вкупно потрошила околу 550 илјади евра на операции, а во иднина планира уште еднаш да го поправи носот и да оди на операција за феминизирање на гласот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Македонија лидер во регионот: Патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%

И ова може да биде вест во Република Македонија.

Стојаноски: Македонија лидер во регионот: Патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%

Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација.

Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај.

27,9% раст на патничкиот сообраќај – прво место меѓу земјите кои не се членки на ЕУ+, според ACI Europe.

Меѓународниот аеродром Скопје е рангиран меѓу најбрзорастечките средни аеродроми во Европа, со раст од 28,6%.

Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид го забележа најуспешниот месец јули во својата историја.

Во текот на јули, охридскиот аеродром има раст од 41,21% во споредба со истиот месец минатата година.

Овие бројки се потврда дека инвестициите во нови авиолинии, развојот на аеродромите и поддршката на туризмот носат конкретни резултати за македонската економија.

Бојан Стојаноски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извршени 44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни и јули

Приведени две лица, запленети 702 парчиња риба и 25 рибарски мрежи.

Извршени 44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни и јули

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското езеро изврши 44 акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“ и откривање лица сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети од извршено кривично дело. Притоа, при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“, полициските службеници затекнаа две лица, едното од охридското село Пештани а другото од Струга, ги приведоа во полициската станица и против нив се поднесени соодветни пријави.

Во текот на акциските контроли, пронајдени се вкупно 25 т.н. висечки рибарски мрежи со должина од четири километри и деветстотини метри кои се најстрого забранети за лов на риба и вкупен улов од 702 парчиња риба охридска белвица, односно вкупно 97.1 килограми. Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, и во текот на наредниот период ќе врши акциски контроли по овој основ, како и по одредбите од Законот за внатрешна пловидба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените

Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари.

СДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените

Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување.

По неговите најави - не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото.

Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски.

Знаат дека ќе поскапи сè, бидејќи со поскапување на дизелот поскапува транспортот, храната и останатите цени.

Сега веќе е потврдено, секоја „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените - носи ново поскапување.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер