Лефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина
1Лефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина
СветПоранешниот бразилски претседател Мело осуден на осум години затвор за корупцијаСудија од Врховниот суд на Бразил го осуди поранешниот претседател на земјата, Фернандо Алфонсо Колор ди Мело (1990-1992), на осум години и десет месеци затвор по обвинение за корупција, објави шпанската новинска агенција ЕФЕ.Судијата Александар де Мораес ја отфрли последната жалба на поранешниот претседател и нареди веднаш да се започне со издржување на казната изречена во мај 2023 година, соопшти Врховниот суд. Колор ди Мело беше обвинет од највисокиот судски орган во земјата за пасивна корупција и перење пари, но казната не беше извршена поради низа жалби. Ди Мораес ја отфрли последната жалба на поранешниот претседател поради нејзината „чисто долготрајна природа“, за која судијата рече дека имала за цел да го избегне конечниот исход на случајот. Судијата нареди „итно извршување на казната“ за 75-годишниот поранешен шеф на државата, кој првично беше во домашен притвор. Според пресудата, поранешниот претседател, во соработка со двајца бизнисмени, „примил 20 милиони реали (околу 3,5 милиони долари) за да обезбеди договори меѓу BR Distribuidora и трета компанија „за изградба на бази за дистрибуција на гориво“. „Неправилните провизии беа направени во замена за политичка поддршка за назначување и задржување на директори на државната компанија“, се вели во извештајот на Врховниот суд.Тагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во ЦаринаБогоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина вреден 300 илјади евра.Богоев осомничен за местење на тендер во Царина вреден 300 илјади евра, притоа примил мито во вредност од 2.000 евра за да влијае на исходот на постапката. Детето на Заев, Стефан Богоев продолжи по неговите стапки. Како првиот, така и другиот. Едниот бараше евро за брат му, овој за себе. Александар Спирковски – Џемо, поранешен претседател на ОО на СДС во Прилеп, од јавно достапните информации, заедно со поранешниот потпретседател на СДС, Стефан Богоев, договарале која фирма треба да го добие тендерот за одржување на хигиена на граничните премини и терминали, а со тоа директно овозможиле правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари. Но, тука не завршува приказната. Богац по стапките на Заев, си побарал и подарок за себе, а Џемо истиот му го овозможил. Затоа, поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, се товари и за примање на награда за противзаконито влијание, вредна околу 2.000 евра. Почитувани, Со тоа што е побаран притвор за поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, јасно е дека има цврсти докази за ова кривично дело. Богац е дете на СДС, поточно на Заев. По се изгледа одлучил да чекори по неговите стапки. Тоа е во матрицата на СДС. Криминали, тендери, афери, рекети. Очекуваме од надлежните институции, дека овој пат ќе ги разгледаат сите докази со кои располагаат и ќе го седнат на обвинителната клупа, несудениот наследник на Заев, Стефан Богоев. Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
БалканМал авион се урна во Хрватска Помал авион се урна во областа Медулин во Хрватска. Во 11:25 часот, истарската полиција добила пријава за пад на помал авион во областа Медулин. „На 4 јуни во 11:18 часот, пристигна пријава за пад на мал авион во областа Кампанож (во близина на аеродромот Медулин). Пријавата е потврдена, сите служби за итни случаи (полиција, брза помош и пожарникари) се на терен и преземаат мерки и активности во рамките на нивната надлежност“, соопшти полицијата. Според првите неофицијални информации, загинале неколку лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураДрамски театар со претставата „Мачкина глава“ го отвора 60. МТФ „Војдан Чернодрински“Утре на 5 јуни во Прилеп со претставата „Мачкина глава“ на Драмски театар Скопје свечено се отвора 60. МТФ „Војдан Чернодрински“. Претставата ќе биде изведена во Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп во 20 часот.Јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ годинава под мотото „Храбриот нов театар“, ќе отвори дијалог за кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот, повикувајќи на театар што има став, што провоцира, преиспитува и не молчи. „Фестивалот е мост меѓу традицијата што ја наследуваме и иднината што ја создаваме – меѓу минатото, сегашноста и новите театарски визии“ - велат организаторите предводени од уметничката директорка на фестивалот проф. д-р Ана Стојаноска. Со праизведба на „Мачкина глава“ на 21 април годинава Драмски ја одбележa 80-годишнината на театарот. Претставата е работена по текст на Венко Андоновски. Режисер на претставата е Дејан Пројковски. За текстот на „Мачкина глава“ Андоновски ја добил наградата на ЕУРОДРАМ ̶ за најдобри драми во Европа во 2022 година. Авторот за текстот ја сподели мислата дека: „Се прашував дали е возможно денес да се напише ‘Диво месо’ од Горан Стефановски. Ги задржав контурите на ‘Диво месо’ и во ‘Мачкина глава’ се обидов да го искажам крикот на денешниот свет. Свет на војни и цивилизациски неразумности на релација Исток-Запад во кој ние како општество, цивилизација и култура сме на граничникот.“ Режисерот Пројковски за претставата кажа дека е работена како постмодерна базирана на два пола, традицијата и катарзата во која се преклопуваат личната среќа и љубовта, страсти, желби и соништа на „малиот човек“. Во уметничкиот дел од тимот на претставата „Мачкина глава“, режисерот соработуваше со сценографот Валентин Светозарев, костимографката Марија Пупучевска, асистентка на костимографката е Марија Ѓоргиевска, а музиката во претставата ја компонираше Горан Трајкоски. Скулптор е Ангел Петровски, а фотограф Драган Гајиќ. Инспициент во претставата е Жарко Намичев, а суфлер е Милка Анчевска. Ликовите во претставата „Мачкина глава“ и актерска екипа се: Спиридон - Рубенс Муратовски, Марија - Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Ѕвездан - Филип Трајковиќ, Симон - Александар Степанулески, Сара - Сара Климоска, Џорџ - Игор Ангелов, Мериен - Сања Арсовска, Штерјо - Златко Митрески и Панзо - Предраг Павловски. Во официјална селекција на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ се избрани претставите (подредени се по азбучен ред од насловот на претставата): „Амадеус“ од Петер Шефер во режија на Андреј Цветановски, продукција на Турски театар – Скопје; „Едмонд“ од Дејвид Мамет, во режија на Оливер Мицевски, продукција на Народен театар – Битола; „Ивона принцезата на Бургунд“, од Витолд Гомбрович, во режија на Билјана Радиноска и Александар Ивановски, продукција на Театар „Комедија“ – Скопје; „Калигула“ од Албер Ками, во режија на Ѓорѓи Ризески, продукција на Народен театар – Куманово; „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски, продукција на Драмски театар – Скопје; „Носорози“ од Ежен Јонеско, во режија на Васил Василев, продукција на Албански театар – Скопје; „Случајната смрт на еден анархист“ од Дарио Фо, во режија на Ивана Ангеловска, продукција на НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар – Штип; „Страв и надеж“ по мотивите на Франц Ксавер Крец, во режија на Татјана Мандиќ-Ригонат, продукција на Македонскиот народен театар – Скопје; „Црнила“ според Коле Чашуле во режија на Дејан Пројковски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; „Челинџ“, автор и режисер: Јане Спасиќ, Театар за деца и младинци – Скопје. Фестивалски Прилеп ги поканува љубителите на театарот да го прославиме заедно јубилејот на најстариот македонски театарски фестивал и да зачекориме во еден храбар нов театар – театар без молк, театар што го менува светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook