Поранешниот бразилски претседател Болсонаро привремено ослободен од домашен притвор заради медицински прегледи - Канал 5

Поранешниот бразилски претседател Болсонаро привремено ослободен од домашен притвор заради медицински прегледи

 Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро вчера беше привремено ослободен од домашен притвор за да се подложи на медицински прегледи во главниот град Бразилија.

Поранешниот бразилски претседател Болсонаро привремено ослободен од домашен притвор заради медицински прегледи

Локалните медиуми прецизираат дека судија дозволил Болсонаро да помине меѓу 6 и 8 часа во болница.

Лекарите од болницата „Де Еф Стар“ соопштија дека Болсонаро бил примен поради треска, кашлица, гастроезофагеален рефлукс и икање. Прегледите покажале остатоци од две неодамнешни белодробни инфекции, како и продолжен езофагит и гастрит.

Поранешниот претседател бил отпуштен подоцна во текот на денот и ќе продолжи со лекување со медикаменти.

Болсонаро беше хоспитализиран повеќе пати откако беше прободен со нож на предизборен настан пред претседателските избори во 2018 година. Во април оваа година, тој беше подложен на уште една операција поради интестинална опструкција.

Експретседателот е под судска истрага од Врховниот суд поради наводен обид да остане на власт по поразот на изборите во 2022 година од сегашниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва.

Меѓу 2 и 12 септември се очекува петчлен судски состав да се произнесе по пет обвиненија против него.Болсонаро ги негира обвинувањата за какви било прекршувања. Крајно десничарскиот лидер е во домашен притвор од 5 август. Судијата од Врховниот суд Алишандри де Мораис, кој го надгледува случајот, изјави дека Болсонаро ги прекршил мерките за претпазливост со ширење содржини преку своите тројца синови, кои се пратеници.

Околу 20 лица се собраа вчера пред болницата „Де Еф Стар“, тврдејќи дека Болсонаро е жртва на политички прогон. Некои му се заблагодарија на американскиот претседател Доналд Трамп, кој постапките на обвинителството ги нарече „лов на вештерки“ и ја поврза својата одлука за воведување 50 отсто царина на бразилскиот увоз со правните проблеми на Болсонаро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска се обрати на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители 2001–2015, кој се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“. 

Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска

На настанот се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој го отвори Меморијалниот турнир.

Пред членовите на семејствата на загинатите бранители, претставниците на Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, колегите и натпреварувачите, директорот Јанев истакна дека турнирот веќе 24 години ја чува жива меморијата за оние кои ги положија своите животи за Македонија, нејзиниот мир и безбедноста на граѓаните.

„Денес не сме тука само поради традицијата. Тука сме затоа што имаме обврска да паметиме. Да ги паметиме нашите колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови кои ја носеа униформата со чест и кои, извршувајќи ја својата должност, ја дадоа најголемата жртва што човек може да ја даде. Нивните имиња не се само дел од историјата на нашите безбедносни сили. Тие се дел од историјата на Македонија“, истакна Јанев.

Тој нагласи дека обврска на денешните генерации е споменот за загинатите бранители да се пренесува и на генерациите што доаѓаат, потсетувајќи дека слободата, мирот и безбедноста не треба да се земаат здраво за готово. Посебна почит им оддаде на семејствата на загинатите, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да покажат дека жртвата на нивните најблиски никогаш нема да биде заборавена.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека мора да се чува споменот за оние кои го дале својот живот за татковината и да се пренесе на следните генерации.

„Она што треба да го направиме е да се сплотиме и да покажеме дека хероите не се забораваат. Се заблагодарувам на секој еден припадник на Армијата, сите што ја носат униформата кои секојдневно работат за нашата држава. Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука да помогне и достојно да покаже почит кон хероите“, истакна министерот Мисајловски.

На крајот, директорот Јанев изрази благодарност до Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, Министерството за внатрешни работи и сите кои веќе 24 години ја одржуваат оваа традиција, порачувајќи дека хероите живеат сè додека ги паметиме и дека им должиме да ги паметиме со гордост, достоинство и благодарност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за раст

ВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за напредокот во спроведувањето на Планот за раст.

ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за раст

За време на посетата во Скопје, таа го оцени постигнатиот напредок како импресивен и најави нови исплати во наредните недели. Северна Македонија досега доби 140 милиони евра од овој план.

Овие средства се резултат на сериозната работа и посветеноста на институциите во исполнувањето на преземените обврски.

Министерството за европски прашања, предводено од првиот вицепремиер Беким Сали, го координира спроведувањето на Реформската агенда и го следи исполнувањето на обврските на институции.

За нас, оваа оценка е дополнителен поттик да продолжиме со работата и навреме да ги исполниме следните обврски.

Ги поздравуваме заложбите на Брисел за деблокирање на европскиот пат на земјата и очекуваме да се надминат пречките за земјата да напредува во преговорите со Европската Унија.

ВЛЕН

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуел

Шкотските навивачи веќе ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска?

Бројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуел

Килтови, знамиња, песна и навивачка еуфорија веќе е присутна во главниот град, пооради натпреварот вечерва ќе има и посебен сообраќаен режим, на арената Тодор Проески се очекува да присуствуваат околу 4000 шкотски навивачи, познати како Тартар арми. За нив е резервирана источната трибина на националната арена „Тодор Проески“. Еве дел од атмосферата во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер