Поранешната жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд (ФОТО) - Канал 5

Поранешната жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд (ФОТО)

Многу се зборува за бракот на Џенифер Лопез (Афлек) и Бен Афлек.

Поранешната жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд (ФОТО)

Однесувањето на актерската двојка на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска на индиректен начин кажала поранешната сопруга на актерот, Џенифер Гарнер.

Џенифер Гарнер беше во брак со Бен Афлек од 2005 до 2018 година. Имаат три деца, Виолет (17), Серафина (14) и Семјуел (10). Актерката остана во добри односи со поранешниот сопруг.

Гарнер често се гледаше во јавност со Алфек откако раскинаа. Таа се појави и на истите настани каде што беше Џеј Ло, но нивната средба не беше снимена. Тие настани секогаш биле поврзани со децата.

Патувањето на Џенифер Гарнер со нејзината ќерка Серафина и ќерката на Џеј Ло, Ема (15) во Дизниленд во Калифорнија минатиот викенд беше многу забележливо. Ова ги потврди гласините за музичката ѕвезда и за познатата актерка, а воедно покажа дека во нивното семејство владее хармонија. Тоа кажува многу и за самиот брак на Афлек, за кој се пишуваше дека има бројни несогласувања во изминатите неколку недели.

Како што можеме да видиме, работите се одвиваат токму во семејствата Афлек, Лопез, Гарнер.

Да потсетиме, Џенифер Лопез ги има близнаците Ема и Макс со Марк Ентони. Пејачката зборува за својата ќерка како небинарна личност. Џеј Ло претходно овој месец изјави дека Бен е прекрасен очув.

- Го сакаат Бен. Тој е прекрасен, прекрасен татко. За нив тој е и татковска фигура, бидејќи има три свои убави деца, а таму сме и ние - изјави таа во емисијата „ Today“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Александар Чупиќ е новиот претседател на српскиот парламент и в.дпретседател на Србија

Претставникот на „Студентската листа“ и професор на Сообраќајниот факултет, Александар Чупиќ, е официјално избран за претседател на новиот состав на Народното собрание на Република Србија. 

Александар Чупиќ е новиот претседател на српскиот парламент и в.дпретседател на Србија

Со изборот на оваа функција, Чупиќ истовремено ја презеде и должноста вршител на должноста претседател на Србија.

Со конституирањето на Српскиот парламент, започна да тече рокот од 90 дена за формирање на новата Влада. На дневниот ред на конститутивната седница се вклучени изборот на потпретседател на Народното собрание, именувањето на генерален секретар, како и изборот на членови на парламентарните работни тела и на постојаните парламентарни делегации во меѓународните институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Доналд Туск за изјавата на Трамп за Путин: „Боже, чувај нè од такви пријатели“

Полскиот премиер Доналд Туск одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој за време на нивната денешна средба во Кина го нарече рускиот претседател Владимир Путин свој пријател. 

Видео:  Доналд Туск за изјавата на Трамп за Путин:  „Боже, чувај нè од такви пријатели“

„Боже, чувај нè од такви пријатели“, напиша Туск на социјалната мрежа „Икс“, без експлицитно да ги спомене ниту Трамп, ниту Путин.

Неговата објава уследи по срдечниот поздрав што Трамп му го упати на Путин на самитот на АПЕК во Шенџен, Кина.

Трамп за Путин: „Тој е мој пријател“

За време на средбата со Путин, во присуство на новинари, Трамп зборуваше за нивниот долгогодишен однос. „Кој е тој? Тој е мој пријател!“ – рече Трамп додека го поздравуваше рускиот претседател.

Овој момент предизвика реакции во Европа, каде што некои политички лидери изразуваат загриженост поради ставот на Трамп кон Путин – особено во услови кога Русија ја продолжува војната против Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: Скандал, за Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници - СДСМ бара оставка од Тошковски

Скандал, за Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници - СДСМ бара оставка од Тошковски.

Штерјова: Скандал, за Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници - СДСМ бара оставка од Тошковски

Во ек на фемициди, насилства врз жени, убиства, нова скандалозна одлука за случајот со младата Росица во Велес.

Власта и МВР се обидуваат вината да ја префрлат исклучиво врз обичните полициски службеници.

Само полицајците да бидат виновни со цел да ги заштитат високите полициски функционери, командири, началници и раководители.

Од 21 февруари до 15 септември 2025 година Росица Коцева пријавувала насилство и барала помош.

Речиси седум месеци. Имало и судски мерки за нејзина заштита.

И сега цела вина им се префрла само на полицајците.

Зошто не се опфатени командирите, началниците и раководителите во тие седум месеци?

Не можеле обични полицајци да држат пријави и изваштаи во фиока.

Ако се виновни девет полицајци, тогаш покрај поединечната одговорност се поставува и прашањето дали системот не функционира или намерно штити одредени поединци.

Обвинителството треба и Панче Тошковски да го опфати.

Во јавноста беа изнесени наводи дека Росица му испратила порака со барање за помош на неговиот телефон.

Зошто тоа не е направено? Да се провери, да се обезбеди комуникацијата.

Зошто Тошковски не ги реазреши раководителите, командирот или началникот? Или тие што се ВМРО не смеат да се чепакаат?

Обвинителството мора да ја испита целата линија на одговорност, од службениците што постапувале по пријавите, локалното раководство па се до министерот.

Ова не е правда. Ова е неказнивост и заштита на раководните структури на ВМРО.

Ова не е систем туку партиска контрола која работи по наредби од горе.

Има бројни примери - Биљана од Богданци, Росица од Велес, Рамајана од Шуто Оризари, Ивана и нејзината ќерка од Скопје, Сара од Охрид.

Излегоа информации и сведоштва за наводна полициска бруталност и врз 15 годишно момче од Охрид.

ВМРО се занимава само со заташкување и заштита на своите а сега гледаме дека се фокусирани и на тоа да ги запре протестите во земјата. И со кампања и со притисоци.

Уште колку жртви треба да има за Тошковски да си поднесе оставка!

Доста беше. Оставка Тошковски.

Изјава, СДСМ, Кети Штерјова, пред МВР

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер