Поранешната сопруга на милијардерот Џеф Безос донирала 640 милиони долари - Канал 5

Поранешната сопруга на милијардерот Џеф Безос донирала 640 милиони долари

Поранешната сопруга на најбогатиот човек на светот, американскиот мултимилијардер Џеф Безос, Мекензи Скот соопшти дека донирала 640 милиони долари на 360 мали добротворни организации.

Поранешната сопруга на милијардерот Џеф Безос донирала 640 милиони долари

Поранешната сопруга на најбогатиот човек на светот, американскиот мултимилијардер Џеф Безос, Мекензи Скот соопшти дека донирала 640 милиони долари на 360 мали добротворни организации, со што е двојно зголемена сумата на донацијата што претходно ја најави.

Преку нејзината филантропска компанија, таа доделила средства на непрофитни организации кои се јавиле на јавен повик за аплицирање, објави Дејли мејл.

53 годишната Мекензи Скот стана една од најбогатите жени во светот кога се разведе од основачот на Амазон Џеф Безос во 2019 година, добивајќи богатсво од близу 29 милијарди долари.

Според Дејли Мејл, уште истата година Мекензи почнала да донира милијарди на избрани организации и досега дала повеќе од 16,5 милијарди долари кои ги добила од поранешниот сопруг, пренесува Танјуг.

За тоа време, основачот на Амазон подари приближно две милијарди долари. Безос претходно изјави дека планира поголемиот дел од своето богатство од 124 милијарди долари да го донира во хуманитарни цели до крајот на својот живот, објави Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започнува примената на мерит системот во јавната администрација – вработување само според компетенции

Почнува примената на мерит системот во јавната администрација – ресорното министерство ја промвираше новата рамка за вработување заснова на заслуги, интегритет и компетенции..

Започнува примената на мерит системот во јавната администрација – вработување само според компетенции

Отсега вработувањата и напредувањата во јавниот сектор ќе зависат од знаењето, реформата на јавната администрација не е успех само кога е на хартија туку кога навистина ќе се спроведе во пракса порача ресорниот министер Горан Минчев.

Визијата на министерството, вели е јавна администрација каде вработувањето и напредувањето ќе завистат од знаење и компетенции а институциите ќе располагаат со професионални службеници кои ќе обезбедат квалитетни услуги за граѓаните.

„Новиот мерит интегритет и компетентност базиран систем за вработување, правилникот за работни компетенции на административните службеници и водичот за интегритет, мерит и компетентност, базирано вработување не се само дополнителни документи тие се практични инструменти преу кои законските принципи добиваат своја практична примена. Нивна цел е да им помогнат на институциите да спроведат објеткивна постпка за вработување.“ - Горан Мичев – министер за јавна администрација.

Новите алатки ќе обезбедат помалку простор за недозволено влијание, посилни институции и подобри јавни услуги за граѓаните порача шефот на мисијата на ОБСЕ во земјава Килијан Вал, со чија поддршка и партнесртво беше промовирана новата рамка..

„Оваа реформа ги надминува процедурите за вработување. Ова е инвеситција во попрофесионални институции, поголем интегритет, посилна превенција во борбата против корупција, како и подобри услуги за граѓаните.“ - Килијан Вал – шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Со овие реформски алатки, од министерството за јавна администрација, очекуваат да се направи исчекор кон воспоставување на јавен сектор во кој мерит системот не е само законски приницип туку станадард кој ќе се применува во секоја постпка за вработување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реформската агенда се реализира со засилено темпо, уверуваат од владата

Владата интензивно работи на реформите кои треба да се испорачаат до крајот на годинава, уверува премиерот Христијан Мицкоски.

Реформската агенда се реализира со засилено темпо, уверуваат од владата

Утрово на состанок на оваа тема разговарале со Герт Јан Копман од Директоратот за проширување од Европската Комисија, а од него вели повторно добиле пофалба дека Македонија е на врвот на листата со спроведување на реформската агенда, споредбено со земјите кои имаат исти задачи. Мицкоски повтори дека досега останала само една неисполнета обврска- измена на Изборниот законик.

-Пред овој настан имавме онлајн состанок со Брисел, со господинот Копман. Разговараме веќе за оние закони и реформски чекори кои се во грејс период до декември оваа година и коишто се во превидениот рок декември оваа година, така што ние шродолжуваме со несмалена динамика да испорачуваме. Денеска од нивна страна добивме и, условно кажано, одреден комплимент дека сме први од сите земји коишто започнуваат со овие чекори се занимаваат, додека другите се уште немаат таква намера. Така што, со исклучок на Изборниот законик кој не е од познати причини на јавноста, другите чекори се испорачани,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

И покрај тоа што истече предвидениот рок за Изборниот законик, премиерот уште еднаш ги повика на зрелост лидерите на СДСМ, Левица, ДУИ и останатите опозициски партии, да постигнат консезнус за сите изборни прашања кои треба да се променат во иднина. Владејачката коалиција според него има усогласен став дека ќе даде бланко поддршка на се што тие ќе договорат, со единствен услов, да се олесни начинот на гласање на дијаспората.

Но, во меѓувреме опозициските партии се обвинуваат меѓусебе за тајни договори со власта со цел да нема промена на изборните правила.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Институциите во функција да се спречи ширење на епидемијата во Гостивар, заседаваше повторно и Управувачкиот комитет

По прогласувањето на кризната состојба во Гостивар, кризниот штаб и денеска заседаваше, состанокот им заврши пред неколку минути.

Институциите во функција да се спречи ширење на епидемијата во Гостивар, заседаваше повторно и Управувачкиот комитет

Според информациите, на маса биле дополнителни мерки како да се намали дополнително бројот на заразени граѓани и да се помогне на гостиварчани. Воедно се тема биле и количините на вода кои се потребни да се испратат во градот, а Кризниот штаб е и во постојана координација со експертите од Скопје кои се на терен и работат на санацијата, кои имаат цел првенствено водата да ја вратат како технички исправна, а набргу и за пиење. Соопштението со прецизните мерки се очекува набргу.

Тоа што се случува во Гостивар е трагедија и тука мора да има сериозна одговорност, вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски за Канал 5, кој посочи дека екипите на скопски водовод се веќе на терен и работат на тоа гостиварчани што побргу да си ја добијат водата назад.

-Најпрво да се овозможи технички исправна вода, и целиот процес да го овозможат таму и ќе останат до крај на процесот, дел од нашите вработени за да помогнат таму. Дополнително ќе работиме и ќе помагаме во делот и питка вода да се обезбеди, но прво мораме технички исправна вода да обезбедиме на населението, а дотогаш како претседател на ЗЕЛС, повикав, освен Владата онаа сериозна помош која ја дава во Гостивар, повикав и останатите градоначалници од државата да се приклучат со обезбедување на вода и веќе денеска мислам дека неколку цистерни ќе бидат присутни таму како поддршка,- Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на Скопје.

Од АХВ пак за Канал 5 велат дека до крајот на денот или евентуално утре изутрнина ќе се знаат и резултатите од новите мостри за квалитетот на водата во Гостивар, кои треба да покажат дали состојбата се подобрува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер